Драга Кајгана (виртуелен дневник)

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Три четири дена главата не знаев кај ми викам шо е ова бе. Научив финта како да ја контролирам емоцијата на среќа, среќен си само шо си среќен. Во главата ми се вртеше а си викам гледај трезен сум шо се случува. Вика да не се шизам и да не се плашам многу првата недела дена додека нервите се навикнат на хормоните од среќа, затоа што реално цел живот стрес и несреќно се чувствуваме. Помина некако апстиненцијата од чувсвтата на мизерија од која што сите сме зависни и сега добро е. И си викам како бе ова вака без надворешен стимуланс по желба можело да си го преплавиш телото со серотонин, допамин, малатонин и останатите хормони на среќа кои не ги знам, а ете можело.

 
Член од
28 јуни 2013
Мислења
316
Поени од реакции
1.940
Драга,

Само 10 дена од годинава поминале, а годината веќе е квалитетно сјебана. Браво за мене. Може ли да се опраам у животов, јеботе 26 години имам, у умот на 18 годишна напалена сум. Бог да чува.
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.433
Поени од реакции
19.635
Драа

@dobramuzika ми е мноо искулиран тип,сс едну реченицу си га објасни ‘дн и муд стање. Знае да га долови ефект, нешто што некој не уме сс кило реферат и триста грама смајлиња.
 
D

dobramuzika

Гостин
втор работен ден, годинава, лабаво ми е, не се жалам, дури имам време и аркадни игри да си играм на телефонот, туку, ме боли половината па иам ставено перниче на столчето и чекам ручек. еве ви една убава песна од мене до вас.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Кога жена те сака таа гледа на тебе како грдо бебе кое што мисли дека е слатко.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
Седнав демек да поучам малце пред да дојде време за фудбал, ама ми одлета мозокот на други места, па се најдов и прегледувајќи стари постови и теми низ форумов. Тоа ме врати во најверојатно најдобриот период на Кајгана, бар за мене.
Негде од 2009-2010 сум редовно активен на форумов и од тогаш ми стана навика, секојдневие во животот без кое не може да ми помине денот. Низ сите овие години доста научив на Кајгана, посебно на почетокот, па дури и би можел да кажам дека можеби имаше некое мало влијание врз факултетот и професијата која ја одбрав. Долго време го гледав форумот само како виртуелен свет во кој доаѓав кога сакав малце да одморам од реалниот, да комуницирам со различни луѓе кои немаа никаков допир со тие кои ме окружуваа.
Тек на крајот на 2014 решив да ги спојам и да почнам масовно да се запознавам и излагам со сите луѓе со кои комуницирав на Кајгана. Претходно само со 3-4 членови се имав само запознаено. Уште при првото излагање сфатив дека сум згрешил што не почнав да го правам тоа порано. Првата собиранка на која отидов беше модераторска кафана која никогаш нема да ја заборавам, а верувам и сите други кои беа присутни. Очекував да ми е чудно и да не можам да се опуштам со луѓе кои прв пат ги запознавам, но се осеќав како да се знаеме веќе долго време и поминав одлично, од почетокот на вечерта кога го собрав @Клипче за заедно да одиме, па се до крајот кога го оставив на автобуска откако ми повраќаше во кола :icon_mrgr:
Втората е исто од големо значење затоа што верувам дека е најдобрата во историјата на Кајгана. Едноставно се поклопија сите коцки, бевме во идеален период на форумов за да се направи еден таков собир. Нормално дека зборам за собиранката во Мистик. Ако првата ме остави со одлични импресии и голема желба да продолжам да се дружам со кајганџиите, оваа сето тоа го однесе на ново, повисоко ниво. Посетеноста беше одлична и дојдоа многу повеќе луѓе од тоа што се очекуваше. До ден денес не знам со кој се се запознав таа вечер. Толку позитивна атмосфера, толку насмеани луѓе во еден мал локален кафич. Такво нешто ретко се среќава. Сите расположени за муабет и пиење. Верувам дека секој што бар на кратко помина на таа собиранка, си замина задоволен и среќен што присуствувал. Сите успеа да не исполни со позитивна енергија, а голем кривец за тоа беше и епското караоке :D
Позитивните последици од собиранката се осетија и на форумот во периодот кој следеше. Сите ги споделувавме своите впечатоци и општо го направи форумот многу повесело место. А и комуникацијата помеѓу членовите уште повеќе се подобрува откако ќе ги запознаеш во живо.
Следните неколку месеци беа исполнети со дружба и собиранки скоро секоја недела. Од фудбал и билјард, до хуманитарни собиранки со кои успеавме бар малку да помогнеме на луѓе на кои им беше потребно.
Овој период ми беше најдобриот период поврзан со форумов. Запознав премногу нови луѓе кои ми оставија некаков позитивен впечаток. Некои веќе не се активни на форумов, со доста уште си комуницирам и приватно, надвор од Кајгана, а има и такви кои верувам дека ќе ми останат блиски цел живот. Вака присетувајќи се на тие безброј Кајгана дружења, криво ми е што не продолжија со ист интензитет како што почнаа. Но, нормално дека секој си има свој посебен живот и обврски, па очекувано се намали бројот на собиранки и дружби како што одминуваше времето. Сега веќе треба да ги молиш за едвај 4-5 луѓе да се соберете. Сепак, идеално би било кога би можеле барем еднаш или два пати годишно да се собереме помасовно, да се видиме со луѓе со кои не сме се виделе долго време, да направиме добар муабет, да споделиме искуства :X3:

Е тоа сакав да ти кажам :love:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
http://fokus.mk/pronajdeno-bmv-to-odzemeno-pred-prodavnitsa-dodeka-sopstvenikot-pazaruval/http://fokus.mk/pronajdeno-bmv-to-odzemeno-pred-prodavnitsa-dodeka-sopstvenikot-pazaruval/

Пазете си ги колите додека искачате за до трафика или продавница, заклучувајте ги и секако, ништо битно во нив. Ова се случи кај мене на улица и тоа во најмаалската продавница/сокак што можат да се најдат.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.966
Пред некој месец, можев потполно истиов пост (горе) да го пишам.
(може намерно идат на такви места, поради полабавата атмосфера)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Лани на -50 и снег до колена не настинав, октомври - ноември кога се сите болни не настинав, сега кога имаш пролет од зима и никој околу мене не е болен - настинав :tapp:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom