- Член од
- 28 јуни 2013
- Мислења
- 316
- Поени од реакции
- 1.940
Update: Се обидувам да не се вреднувам себеси со тоа што никој од моите најблиски другари не ми се јави денеска или вчера вечерта да се видиме. Не знам дали е заради тоа шо никој не сака да се дружи со мене или затоа што мислат дека одма ќе ги откачам или затоа што ме ставаат во редот на таа си има дечко, гајле и е. Ниедно од овие не е вистина и кога човек се обидува да одрже однос со сите луѓе вака е на крајот.Мислам дека повозбудлива година не сум имала. Секој ден беше приказна за себе во кој растев и страдав и созревав и излегував од комфорната зона секој ден. Секој божји ден.
Мислам дека три години живеев во ова, а се подмладив за исто толку. Кога си посветен на тоа што го работиш, со луѓе што ги сакаш, ништо не те старее, него љубовта ти излегува на лице. Не љубовта кон партнер, има и таа удел, него љубовта на постоењето твое и дека правиш нешто корисно.
Него, i couldn`t care less about нова година. У пижами седам од петокот, пијам вино, денеска ќе завртам на ракија, со никој не сакам да се видам, од дома не ми се излегува. Ама ми се мисли една поезија и ќе одам таму во таа со љубовта да ја смислам.
Ајт. Среќна нова и излегувајте почесто од комфор зоната, стварно сите убавини да ти биле таму.
Понекогаш размислувам и за тоа дека секогаш јас ставам слики со другите луѓе, насекаде. Никогаш тие со мене. Многу често и мислам дека им е срам да кажат и покажат дека сум им дел од животот.
Ракијата уште ми се лади ама затоа мислите се очајни. Убав денов денеска, се погоди.