Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Многу ме нервира кога некој/а во разговор користи мама/тато наспроти мајка/татко. Па, мме, не се тоа севселенски мајка/татко.
 
Уште не почната ми заврши вечерта и се заради таа проклета коцка.Во новата година сакам само да почнам озбилно да го сфатам курсот по германски јазик и здравје во јуни да ја земам првата плата исплатена во евра.И нормално да не ги оставам во првото казино:D:D
 
Ставиле слика од ресторан со колегите, полна трпеза месишта, виништа... и пишала доле TeamBuilding ... Ма иди у курац кој тим кој билдинг... more like СтомакБилдинг ... плус стара е фората курац....
 
IMG_20171231_080509.jpg
Како вчера да беше 31.12.2015 год. Е оваа година Каролина се омажи. :D

Одамна ми среден животот и сите желби што ги имав ми беа исполнети, го достигнав успехот во претходните години, така да ништо посебно во 2017 год, реприза на 2016 год. Две години поминаа како два дена.
Работни и домашни обврски, шетање и тоа.
И 2018 год нека е ваква среќна, безгрижна и сите комплет, не барам ништо повеќе знам дека ова ми е врвот и задоволен од тоа што го имам. Скромен сум. :D
 
Драга К.,

Одамна ти немам пишано тука, али еве ме фати новогодишно "расположение" и решив да отворам да прочитам што имаат другите да кажат, па и јас да си се искажам. Гледам доста има што си прават ретроспектива на 2017 и си поставуваат цели за 2018 година. Последен пат тоа сум го направил за Новата 2013 и тоа во посебна тема која постоеше тоа време на форумов за таа намена.

Тогаш си ги имав поставено следниве цели:
1. Да магистрирам - за жал, т.е. заради моја мрза и некои други причини, тоа не се оствари во 2013, туку во 2016 година.
2. Да почнам да работам - се оствари при крајот на 2013 година.
3. Да најдам девојка - по некоја случајност, сплет на околности, среќа, како сакате наречето го... токму заради тој пост на форумов, ја најдов, т.е. поточно таа ме најде мене, по што следуваше скоро 5-годишна врска, која беше исполнета со убави моменти и ме подобри како човек.
4. Да продолжам со вежбање - за жал траеше само 3 месеци таа година, прекинав поради недостаток на дисциплина, што укажува на тоа дека претходно 8 месеци сум вежбал исклучиво поради мотивација, а не и дисциплина.

За 2018 година си ги поставувам горе-доле истите цели:
1. Да најдам работа
2. Да положам за преостанатите сертификати од Microsoft што сакам да ги земам
3. Да најдам девојка
4. Да продолжам со вежбање (иако само што почнав пред 3-4 дена)

Целите се можеби слични, но најголемата разлика е тоа што ќе морам да се обидам да ги остварам во странска земја, каде што сум сам и ги нема семејството и другарите да ме поддржуваат. Единствена олеснителна околност е тоа што во изминатава година и пол најдов професија која ме исполнува и сега точно знам што сакам да работам.

Им посакувам среќна Нова Година :pijani: на сите Кајганџии :drk: и Кајганџики :цицки:
Frohes Neues Jahr :ајнапиво:
 
Мислам дека повозбудлива година не сум имала. Секој ден беше приказна за себе во кој растев и страдав и созревав и излегував од комфорната зона секој ден. Секој божји ден.

Мислам дека три години живеев во ова, а се подмладив за исто толку. Кога си посветен на тоа што го работиш, со луѓе што ги сакаш, ништо не те старее, него љубовта ти излегува на лице. Не љубовта кон партнер, има и таа удел, него љубовта на постоењето твое и дека правиш нешто корисно.

Него, i couldn`t care less about нова година. У пижами седам од петокот, пијам вино, денеска ќе завртам на ракија, со никој не сакам да се видам, од дома не ми се излегува. Ама ми се мисли една поезија и ќе одам таму во таа со љубовта да ја смислам.

Ајт. Среќна нова и излегувајте почесто од комфор зоната, стварно сите убавини да ти биле таму.
 
Среќна нова година дечи!

Еден куп работи ми се издесија годинава што помина, ќе ми се случуваат и оваа, па планирав да го напуштам форумот,ама некако постано се навраќам макар било само за читање, нема бегање од тебе кајги.
Како и да е, среќни весели да сте кајганџии, нека течи алкохол вечер.
 
> абе без врска се возбудувате за НГ само
> оди да слави негде уште од 2 попладне


Среќна и од мене дечки, во новата 2018 сите да правиме барем пола од тоа што го збориме, државава ќе биде многу подобро место за живеење.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom