Драга Кајгана (виртуелен дневник)

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Ми вика да сум удрел така со моите тајландски удари на лакти ќе сум скршел череп на некого. Тоа жолтите шампиони шо ги гледам ми вика дека се колку децава шо ги имаме во клубов колку и да удрат нема трајни последици а со мојата сила пууу :icon_lol:.

На 28-30 годишна да и речам Камасутра че речи малосутра :icon_lol:, затоа 19 годишни добри се, вика многу распуштени биле овие по 14 години секоја вечер пијани на штикли таа не била таква аааааааааааа не, одма ми кликнува Pick up се квалификува добро е :icon_lol:...
А и какви муабети мора да слушам еј и викам добро е зрела си за годините, јас на твоја возраст бев многу збунет.

Сите мислат дека е лесно
оти гледаат само злато
а не гледаат дека јамка
е на вратот...

 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
скопјаниве гледам се жалаат за смештајот во охрид како демек скап, во визби ги пикале да седат а овде какви станови издаваат за исти цени, доградени, гаража издава за 100 евра плус сметки, терасата ја напраил соба и ја издава 4000 денари плус сметки.
#СитеСтеИсти
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Драга Кајгана,
Ем шуто, ем боде. Неможам да ги смислам луѓево кои кај неуки, кај сељаци, кај не знаат за култура и почит, кај не се разбираат во тоа за кое зборат, па и гомна јадат. Прво ќе ти го кренат притисокот, а потоа ќе се жалат дека си ги навредил и ќе си заминат. Мрш, такви луѓе ни сакам да гледам, ни веќе ќе ги почитувам!:sick::гомце::гомце:

А и онака веќе никој не ме интересира. На крајот секој се гледа за себе, за своето семејство, за своето добро и за својата иднина. Целта ги оправдува средствата:)
 
P

Patience

Гостин
Moram vo idnina na socijalnive mrezi da stavam slika od mene kako vo ednoto rache drzam fildzan i pijuckam kave, vo Loft na primer (sekako ako me pustat vnatre), a so drugoto rache go drzam telefonov na uvo, gledam vo bliskata dalecina i nesto zboruvam demek vodam nekoj jaki biznisi i deka sleperite mi zaglavile na carina, a ja ustvari i se javuam na majka mi da i kazam da go napravi tavce gravceto poveke peceno. I me slika taka nekoja drugarka, bez da znam jas, hehe, se praam na tri i pol, ne znam sto se slucuva, apla padnata od mars, ama sekako ke ja aploadiram fotkata pokasno ko ke si otidnam doma i ke gi stavam site mozni hashtags sto ke mi padnat naum.
:kafence:
 
S

silmarillion

Гостин
Драга,

До кога треба да чекаме да се појави видео од The Floor is Lava тематика, снимена во некоја убер кул стартап фирма со 6 вработени во изнајмен стан во новите згради во Расадник?

Нема смисла ова веќе. И со кофи се поливаа и правеа онакви видеа со укочување и све, срамота ќе биде ако ова го скокнат.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Од патење за внимание мислев дека имам видено се ама да ти имало вклучување live од бранење дипломска/магистерска. Е сега, што ќе ти кажував, live се вклучува на Facebook Жан Митрев среде некоја од неговите операции и го шири искуството со другите лекари а и масата како нас преостанатите.

Фората е што Жан Митрев не може да се преброи (заслужено) а овие што одат лајв од дипломска и магистерска за некоја година ќе коментираат колку е скапо кај него и како смеел Мерцедес да вози.

Како за споредба примеров де.

Бонус: Изгледа имам стомачен вирус, не појдов на работа, ми се превртува и стомак и желудник, мачно ми е и само што го видов еве Илија Димовски на вести некако олесни работава.
 

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.219
Поени од реакции
13.109
Добро бе драга што е со луѓево бе?
Кој е тој момент да ти се јави познаник/другар и да ти рече - Брат слушнав ќе си идел таму и таму,нема да ти биде проблем да ме чекираш на фб дека сум со тебе??
Дали се нормални луѓево?Остана ли некој кој за себе живее а не за другите?
Жално...

Sent from my SM-G920F using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom