Драга,
Зар можеше викендов да биде полош од ова?
После вчерашното предоговарање за средба, по барање на клиентот за денес, морав да ги променам сите свои планови и да им откажам на друштвото она што сме го договарале за викенд. Згора на тоа, истиот клиент за кој цел распоред си го променив, да ми откаже во последен момент, 15 минути пред договореното време, фаќајќи ме на врата, спремен за поаѓање под изговор дека му се десила многу непријатна случка и мора да презакаже за утре. Иако бев лут, пепел, останав смирен и му предложив да оставиме за Понеделник, но не. Него пак не му одговарало тогаш и по негово инсистирање мораше да го префрлиме за утре. Од кај Саботава ја изгубив, сега и Недела ми отиде у курац.
Како шлаг на торта, по неколку месеци невообичаен однос за нас, вечерва пресеков со еден од најдобрите другари. И најверојатно толку ќе биде помеѓу нас.
По 20 години непрекината дружба. Од пелени, преку школо, факултет, работа... Заедно сме живееле, заедно сме стварале, лебот сме го делеле, секогаш сме биле еден за друг кога највеќе ни требало помош. Сме се качувале заедно на планината наречена живот влечејќи се едниот и другиот заедно. Чекор по чекор.
Личност која сум ја сметал толку блиска, личност без која не сум знаел како да го поминам денот. Онаа личност за која сум мислел дека еден ден може да ми биде кум, на која сум можел да се потпрам во секое време за се, и истото можел да го очекува и он од мене. Личност за која сум сметал дека заедно ќе седиме на некоја клупа со бастуни во раце и ќе загледнуваме млади моми, ќе пиеме, ќе се зезаме, ќе играме ФИФА/ПЕС, затоа што за вистински фудбал ќе не можеме ни да одиме, а камоли трчаме. хех.
Преиспитувајќи се самиот себе си што сум погрешил, како сум згрежил и со што сум го заслужил таквиот однос? Не можев да си одговорам.. Ништо не сум погрешил. Или сум погрешил?
Побарав да ми одговори тој. Наместо одговор, добив крајно арогантен однос.
Е таква личност дочекав да изгубам... Од браќа, до странци.
Малку е да се каже како се чувствувам и колку истото ме погоди. Веројатно поголем губиток не сум доживеал до сега. Сите корпи, оставања, прекини на врски, невозвратени љубови. Се да се собере ни приближно не болело колку ова.
"Life is like a box of chocolates, you never know what you're gonna get." како што умеше мајка му на Форест да каже.
Но...Што друго преостанува?
After all, life goes on. Некогаш треба некоја особа да си отиде, за да направи место за некоја подобра да дојде.