Драга Кајгана (виртуелен дневник)

DonRistovski

Peace Disturber
Член од
1 септември 2009
Мислења
3.441
Поени од реакции
4.051
Некој поупатен ако сака да ми ја објасни форава „kanistu viniga“ mislio sam da je oglas austriski sori шо ја фураат србиве низ фејсбук :D
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.306
Поени од реакции
10.320
Кеј,

Одамна не те есапам два посто, те читам како весник, исклучиво во рубрика спорт.Ништо не е сменето , само сега не сум обична будала туку вработена.Полошо од стари искомплексирани фаци што се улизуваат не постои.Добра ноќ
 
Ф

Флеш

Гостин
На работа мора да одам утре прва уше во 6.30ч ,зш колешка ми е доволно мрдната,да ми се јави во 1 саат сеа,додека хибернирав,да ми каже,да дојдам јас,прва,зш и се слошило,повраќала,не е у стање ментално,самата си потврди:sick::sleep: и мора јас да дојдам на нејзино место.Не само шо мрзам рушење принцип,да ти се јавуваат во 1ч навечер,уше уморен,само што дојден од втора смена во 23.30ч,мораш прва да си таму во 6.30ч,шо значи мора да излезам уше во 5.30ч.Ти и**м колешка,работа и све.Работам до септември некако и си одам.Дали надвор или брод пак да пробам,прво трпение само.....2 саат е веќе и не спијам,прво шо ми текна е тука е исповед~пост.Ќе свртам некое филмче да тепам време до 5 саат.:cautious: Утре ако пишам нешто шврктнато,да знаете,дека у зомби статус сум:popce::unsure:
 
D

dobramuzika

Гостин
и седумдесет посто да ме оправи кафето и музиката од сабајле денеска ќе биде океј. :D
 

Arwen Undómiel

don't quit the chase
Член од
28 јануари 2016
Мислења
209
Поени од реакции
429
Четири големи коцки мраз се капат во моето утринско млечно незасладено кафе, изведуваат хула танц околу проѕирната розева сламка, постојано се појавуваат на површината и се враќаат назад, одѕвекнуваат од високите ѕидови на стаклената чаша како што ја приближувам до моите усни за да се напијам голтка.

Сонцето ги распостелило своите зраци раскошно врз секој дел од градот, осигурувајќи се дека неговата изјава е јасна и гласна: летото пристигна. Среќа, мојот балкон е себично скриен на првиот спрат, помеѓу дрвјата и соседните згради, посесивно грабајќи ја секоја сенка која може да ја улови.

Лисјата на дрвјата ги впиваат утринските сончеви зраци, лежерно движејќи се нагоре и надолу водени од деликатното ветре. Птиците весело цврчорат игнорирајќи го фактот дека се поразени од детскиот џагор кој одекнува низ маалото.

Никогаш не сум го ценела моето место на балконот толку многу во животот. Седам на мојот балконски стол со нозете кренати на друг, уживајќи во моето студено млечно незасладено кафе додека ја читам “Старецот и морето” на Ернест Хемингвеј.

“…Надежта и сигурноста никогаш не го напуштаа. Таа надеж и таа сигурност сега растеа на ветрот што ги освежуваше…”. Едноставните работи во животот често се најубави. Вистина е.
 
D

dobramuzika

Гостин
да ги излапам пржените компири со рендано сирење врз нив и кога ќе легнам да преспијам три саати. :D
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.187
Поени од реакции
3.520
Некој поупатен ако сака да ми ја објасни форава „kanistu viniga“ mislio sam da je oglas austriski sori шо ја фураат србиве низ фејсбук :D
Фората не знам шо е толку интересна, освен шо е смешна коа ќе прочиташ АКО знаеш шо значи тоа што сакал да го напише :D Типот сакал да праша дали може пониска цена за телефонот и тоа е тоа, отприлика е точно тоа што го напишал (така се изговара отприлика) е сеа фората е што не се пишува така :D
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.715
Поени од реакции
35.175
Еден ден кога ќе соберам пари има да ги извадам сите мои заби и да си вградам импланти, ќе трпам болки еднаш, ама ќе бидам раат цел живот, дотогаш ќе има непреспиени ноќи поради забоболка.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom