@Agda Beata @zmej gorjanin eve eden mnogu dobar tekst po ovaa tema,prezemeno od FB
Дечки, навистина ми е жал за кучето Идриз и сметам дека треба да се казни сторителот на делото со затвор и санкции и се додека тоа не се оствари, детално да се следи случајот, НО не заборавајте дека секојдневно јадете месо од заклани животни кои без да сакаат го даваат својот исто толку невин, прерано завршен живот за ваше задоволство, традиција, начин на исхрана, навика и мерак.
пример: Исто како Идриз вчера, кога кравата после две до три години мачење и постојано силување заради вештачко создавање плод и принудно давање млеко (за човекот не за телето, телето ако е машко е убиено за неколку дена затоа што не смее да го пие млекото на мајката затоа што тоа е наменето за човекот, нели и ќе стане телешко а доколку е женско ќе и биде забрзан растот и разојот со хемија и хормони за да може да биде корисна за индустријата и да раѓа, насилно забременета) ќе се измори и ќе биде бескорисна за индустријата, се убива со секира додека е превртена и се цеди додека е сеуште жива и чувствува. Кравата слободно може да живее 20 години. Кравата се убива после 2-3 години.
Исто како Идриз, чувствува, плаче, се плаши, сака да си игра, да се гали.. Исто како Идриз сака да е слободна.
Исто и свињата, која научно е докажано дека е поинтелегентна од кучињата, исто како овцата, јагнето, кокошката, телето и слично. Сите се тие ко кучето, само за разлика од Идриз тие немаат име, туку само бројка запишана на себе со црвена боја.
Двојни стандарди? Лицемерие?
Или секој има право на свое мислење?
Или твојот живот е најбитен и ти како центар на универзумот, врвот на пирамидата и слично имаш право да одлучуваш за туѓи животи?
Или пак ти тоа не го гледаш па не мора со тоа да се соочуваш и сочувствуваш?
Затоа што многумина ме прашуваат како можам да бидам веган, одговорот е едноставен, секое животно за мене е еднакво и заслужува да живее, а јас нема да инвестирам во индустрија која го извршува убиството за друг да не мора. Индустрија која со вашите пари ги плаќа вработените да колат со секира и да тепаат со шипка. Нели секој кој одобрува насилство е соучесник? Или мислите дека тие животни си живеат среќно и весело на отворена површина со многу трева, зеленило и сончева енергија се додека не умрат од природна смрт па тогаш им се зема месото?
Ама не, веганите се секташи, фрикови..
Да бидеш веган е срамота, се криеш, кажуваш дека постиш, дека си на диета, затоа што кога кажуваш дека си веган демек кажуваш дека си боље од другите затоа што ти текнало дека ХЕЈ можеш да живееш на оваа планета без да создаваш мизерија на некој друг.
Ние веганите (како да сме посебна група на луѓе кои се чудни и поинакви) го наметнуваме нашето мислење.
Ние ги тераме луѓето да не јадат месо.
Ја јадеме храната на вашата храна.
Ако не ги јадеме животните ќе ги има премногу и ќе владеат со планетата.
Дека ако не јадеме мртви животни нема да можеме да преживеме.
Животните се вкусни. Ммммм сланина.
Протеини? б12? Калциум? ОД каде?
Ама не, тешко да си веган. Скапо е. Лошо е.
И слично.
Толку сме егоцентрични и себични што кучињата со педигре се за галење и чување по дома, додека џукелите се за на улица, а свињите, кравите и овците се за месо од месарница каде пред вас ги сечат, мерат, пакуваат и продаваат.
И секогаш ќе се најде некој со некоја смешка за веганите и ќе мисли дека е интересно да се потсмеваш на некој што сака да помогне да направи некаква промена.
Промена од која не зависи животот на тие животни, туку и животот на оваа планета од еколошки аспект и животот на луѓето од здравствен аспект.
Ова е убаво време за промени.
И ова е текст наменет за оние кои се со отворен ум и со отворено срце. Отворете очи. Секогаш ќе постојат хејтери но јас сум тука за оној кој овој текст ќе разбуди нешто во него. И за себе ќе се информира. Да знае, за себе. Па потоа кога ќе знае он сам за себе да си одлучи.
Бидејки моите пријатели на четири нозе не се само кучињата и мачињата. И сите подеднакво вредат да живеат. Барем според мене. А вие како сакате. Секој има право на свое мислење.
Фала ви на вниманието, имајте убава вечер и убав утрешен ден.
Поздрав!