„Литература? Не бе, досадно ми е да читам книги. Мрзам историја, у средно часовите по историја и географија ми беа најдосадни. Не бе, не глеам филмови, посебно мрзам глупости и фантазии ко тоа „Стар Ворс“ и „Гејм оф Тронс“. Не сфаќам како луѓе можат да сакаат опера и балет, мене ми е многу досадно тоа. Ај не филозофирај, замараш со муабетиве за филозофија и науки таму, сме излегле пиво да пиеме, батали муабетов. Стрипови ќе читам бе, мене глупо ми е тоа. Што е со грдава музика што се пушта у кафичов (Жан Мишел Жар), ич не слушам вакви глупости. Мрзам политика. Ајде да оговараме луѓе, ајде да зборуваме за ебење цело време, ајде да зборуваме за тоа колку пиеме и што пиеме, види го оној колку е убав, таа колку јака пичка е, тој колку е грд, таа каква дроља е, вчера го згазивме тој, педерче што не служело војска, он ќе ми продава муда за бубрези, криво и' е што сум поубава од нејзе, сакам да сум богата, убава, успешна и славна, мрзам бубалици, мрзам математика, мрзам физика, сакам мотори, облечи кошула нешто, ко клошар со тоа џемперчето, не возиш кола? Уметници се наркоманчиња. Мене малце ми се чукнати тие металците што се носат во црно, ко на погреб да идат. Сакам моќ, ме мрзи да мислам, тоа што не го разбирам е глупо, забавувајте ме, досадни сте, што ќе речат комшиите, како е редот, така ќе правиш, другарка ми се излечи со цевиталија, не верувам во западна медицина, како сите така и јас, навивам за тој тим, фудбалерот X е многу згоден, маче е, се знае кога се легнува, што е ова до 6 сабајле ко вампир некој, дај шишај се ко девојче си со тоа косиштето. Уште ли играш игри на компјутер ко мало дете? “