Драга
Утринско кафе и право сабота на работа
Пошо нели за да бидиш сметководител ти треба све освен да имаш завршено сметководство очигледно. Ама не можат да те примат на работа пошо ти нели за тоа учиш и ќе бараш повисока плата и нема да се задржиш долго во фирмата.
Или добивав изговори од типот, не сме сигурни првите 6 месеци дали ќе издржиш со приправничка плата.
И така до недоглед.
Нејсе, дојдов да ти кажам за фамозната вафла во La Piazza,таа со малини.
Како особен љубител на благо-овошни работи лиги ми течеа кога ја гледав вафлава на инстаграм и правец да ја пробам. Се качуваме горе и не пречекува келнерот уште на скали ко рампа да ставил и ни вика "ако немате резервирано, нема за вас место". Тешко е да прашаш де, дали случајно имаме резервација, бидејќи е се резервирано.
После, кога конечно се сместивме долу, тука баш пред кујната ја нарачувам целата среќна вафлата со малини. Кога конечно ја донесе шо да пробам, малините камен замрзнати. Не се ни имаа потрудено да ги одмрзнат. И срам не срам, го викнав келнерот и му кажав дека не се ни малку одмрзнати малините, на што следеше "Ако не знаевте, ладни се сервираат" . Ок, не знаев дека вафлава фамозна била со смрзнати малини. Ги врати назад, ја видов притоа фацата на куварката шо ја напрај, бидејќи вратив јадење кое немаше поента да го јадам, го стави во микровална и ми ја донесе. Со растопен крем по цела пајнца и малини кои нормално не се одмрзнуваат за пола минута во микровална.
Случкава колку и да не е за споделување, ама вака некако изгледа жалење за некој кафич/кафана во Охрид со фори од 2002.