Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Драга Кајгана,
Кога нешто не иде, не иде. Се трудиш да направиш нешто убаво и еве само што треба да вложиш во тоа убавото и истото да се оствари, одма се случува нешто неубаво што не треба да се случи и така со расположението тонеш колку и да сакаш да бидеш расположен. И не, овој пат не ми помага ни дружба со фрижидерот, ни слушање (гласна) музика, ни ништо. Ми треба само да се случи нешто убаво и работите да бидат онака убави какви што беа во 2016-та година.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.978
Поени од реакции
116.659
Доколку би бил најбогат човек на светот пак би седел дома по тренерки или у летно време по долна маица и шорц. Не капирам како одредени луѓе и по дома седат во фармерки, абе се знае дома по тренерки/шорцеви/маица, во зависност од годишното време, шукурац и фармерки и пантолони и се.

Иначе јануари мислам дека трае 62 дена, нек се носи у три лепе му ебам проклетиот месец. :D Секој ден некаква слава/прослава/роденден/именден, само од маса на маса идеш, ништо не правиш, идеално за да почнеш да го закопчуваш каишот на друго дупче. :D

Обожавам зимо, ама го мразам периодот кога се топи снегот и кога е се кашаво и никакво.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
За Скопје знаев дека е загаден, ама некои слики што кружат деновиве по интернетов се страшни.

Да беше ова пред изборите ќе ве жалев, вака скоро и сеедно ми е, едино жал ми е за дечињата што страдаат ради патриотите.

Во Охрид до пред некоја година идавте да се наспиете, сега ќе идете да дишите.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 

NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013
Да се заврши факултет и баш не е така некоја добра работа.....
Сега следува период во кој заклучуваш дека за џабе си вложувал труд, и местото ти го зема некој со пријателите на мама и тато, и треба да се помируваш со судбината дека или треба да си шанкерка или да одиш аргат со тутунарине.

FUCK THIS SHIT! (n)(n)(n)(n)(n)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
^А се би било попросто кога семафорот ќе светне црвено, да застанат. Ама не, има дожд, "ајде уште јас" синдромот мора да се јави и ете ги гужвите.
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.325
Поени од реакции
17.790
Моментот кога ти доаѓа честитка за струја од 10.000 при греење на двособен стан притоа само на евтина струја (со сѐ бојлер и све можно на евтина). Очекувам од штекерите кај и да е да почне мед и млеко да тече. Истовремено се донесува закон за на сред пола година на факултет да си паднеш во приватна квота доколку не исполнуваш услови.
Али пошто always look on the bright side of life, имаме бесплатен јсп превоз, јупииии. И притоа во населба ти ги исклучуваат државните линии, не се знае ниту кога има автобус, последниот секако нема да ти дојде. Немаш ниту улично светло пошто на тие од општина им е тешко да кренат на телефон. Ама не е битно, битно среќни сме сите и многу ни е убаво. :D
Кај живеам ја сериозно сеа, у пм?
 
Член од
29 декември 2012
Мислења
275
Поени од реакции
480
Не поминува ден, а да не се замислам дека живеам во странство. daydreaming е лоша ствар.
 

бутЕ

старлета
Член од
29 март 2011
Мислења
2.232
Поени од реакции
3.838
Драга, ми пишит шумеча "а бе дозна момичево кое е?" ...пффф ја ќе ја легнам уш малце таја шо велит :rolleyes:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: M-1
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Последниве денови во глава ми се врти само едно прашање. Дали Дарко Ковачевиќ и Нихат Кавечи се уште се слушаат по телефон...
 
G

Goldie

Гостин
Ќе верувам на овие што пропагираат за родова еднаквост кога ќе се побунат и зошто нема жени во рударството и шумарството а не само во професии како менаџери, политичари итн
 

Kajgana Shop

На врв Bottom