Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
7 септември 2016
Мислења
21.838
Поени од реакции
38.002
- Госпоѓо не е голема сумата, ама би сакала да ми дадете фискална сметка, не за друго, не знам дали ќе има потреба за гаранција или рекламирање на производот !
-Знам, ама еве чекам нешто се прекина интернетот не можам да ја извадам!!!
- Да нема случајно некој вирус касата што не излегува мојата фискална?
-Можно е, често се случува да вирусот ја блокира фискалната сметка !!
- Е ако, де ќе почекам не се брзам, нека се рефрешира касата !
-Оооо , имате среќа госпоѓо се одблокира, не било вирус туку слаба мрежа ....евеее ја Вашата фискална !
-Фаалааа,
ха ха ха ха , секоја сличност не е намерна, но мене ми се случи и навистина уживав во дадената ситуација ! :vozbud:
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Ах вие кутри Скопјанчишта.. се убивте од сркање магла и ПеЕм честички :(
Ево пример ние Охриџани нонстоп си дишиме свеж и чист воздух за безпари. Мува се гледа на 2км воздушна линија.. :gjavol:

Шала настрана ама ве отруја и пак никој ништо не презема.. страшно!
 
Последно уредено:

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Драга Кајгана,
Убаво е човек на стари години да вложува во својот изглед/естетика со цел да личи помладо, но ич не е убаво кога некој стар глуми циркус со цел да личи младо и мангупски, а притоа истиот со тоа се понижува и станува одбивен.
:cautious:
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.515
Автобусите бесплатни,али где је автобус испадна работава, сабајле ме задоцнија за на работа јсп, скоро 40 мин подоцна дојде, т.е една линија прескокнаа царевите во најголем шпиц кога се оди на работа :tapp:.

Kога врне, бизнис со чадори на влез и излез од ГТЦ е полн погодок, али на загаденово мислам дека со шиткање маски против загадувањево чорбаџија ќе се стори човек :свиркам:
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.026
Поени од реакции
12.701
Загревањето храна во микровална било штетно, пожелно било храната да се конзумира свежо приготвена.
Готвењето со маслиново масло било лошо, сеа да се готвело со кокосово или не знам какво масло.
Седењето 8 часа на ден било штетно за здравјето.

Нема врска шо живееме во систем кај шо човек нема време да си дојде дома да си зготви нешо свежо, пошо работи +8 саати во денот, а притоа не може ни да си дозволи ни обично масло за готвење.
Бемти и неолиберализам и се.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.188
Поени од реакции
3.434
Вчера тренирав како е да се биде про-кумуњар на форумот и шо да видам, нема со кого да се скараш, никој не те навредува, никој не ти реплицира, неможевме една страна да напишеме, гледам Ѓорѓи, Владе и Волк се вклучиле подоцна и оп неколку страни мерења паднале.

Затоа решив да си се вратам во про-вмровците, па неќам да умирам од досада на форумот, уште овие не се договориле за влада, а можеби и ваму ќе падне добра понуда за организатор на протести, шарач, кршач и сл. од искуство гледаме дека тие секогаш влегуваат во собранието, па зошто јас да не си ја обезбедам иднината на долг рок.

Така е ЈАС знам да препознаам;)
 
Член од
21 март 2013
Мислења
379
Поени од реакции
1.080
Денес во 14h и 37min благ срцев удар благодарение на сметката од One.vip или како и да се вика веќе.

Лопови.
Нема правда, нема мир.
И така натаму...
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Застанал на браникот на државата да го бранит македонскиот јазик на фејсбук, а статусите ги pisit na latinica.

Ok np

Zz
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.527
Поени од реакции
24.324
@Toma под итно да се испотиш и следно капење онаму другата недела. Тоа е ако сакаш назад.
А да и банерот да си го смениш, боди очи.
П.с не дека треба да ти кажам, као нешто тајна е ама знајш нас не плаќа администрацијата тука ради зголемен трафик на форумот, ако вака јавно си се караме, зад бината едното сме, башка од штабот, башка државно, башка тендери. За митинзи празнично фаќаме.
Сега ти ако сакаш така од љубов демек правдини да делиш тоа е друго, инаку треба време да помини за и ти некој аир да видиш . Стаж се бара , стаж. Не оди тоа туку така, брцни гранче бери грозје.
П.с.с Пази те имам на око, многу нешто страни ми менваш . Ајде сега простено нека ти е ама следниот ваков испад и толку ке ти биди. Нема пролазна препорака да ти дадам, верувам и другите и со тоа твојата политичка кариера на форумот неповратно ке ти биди уништена. Ете така да си знајш :cautious:
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Драга Кајгана,
Се повеќе има луѓе што ти викаат дека подобро е да ти ја кажат вистината во лице и со истата да те навредат, отколку да ти зборат зад грб. Истите те вреѓаат гледајќи те во лице, но и ти зборат зад грб. Таквите се вид на луѓе што треба да се држат на дистанца.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.392
Поени од реакции
3.419
Пријателке колку е само поарно кога ќе има човек кој поминал делумно ист пат како ти, и многу добро те разбира кога му објаснуваш, дури и не си ја завршил реченицата знае што сакаш да прашаш или кажеш а притоа да не ти се чуди и да те прави луда пошто јебеш га не глумиш таков си. На крај пак испаѓа она народното '' прашај паталец а не гаталец'', и да добро е што пред се паталецот е човек во вистинска смисла па знаеш дека ти дава корисни решенија.

Патем по втор пат се уверив дека воопшто не се каам за донесени одлуки пред година ипол, што сум направила добар избор тогаш, од кој гледам резултати до ден денес, но само една ствар ќе ми остане бледа и нејасна најверојатно уште прилично долго време се додека работите не се сменат, или барем јас не ги сменам :)

Е вака
 

Kajgana Shop

На врв Bottom