Драга Кајгана (виртуелен дневник)

бутЕ

старлета
Член од
29 март 2011
Мислења
2.231
Поени од реакции
3.830
Драга да ти ебам животот чоек не ми се живејт појќе. За 2 месеци изгубив 4ца другари :place: Незнајш колку душава ми се кинит. Сите блиски сите на возраст од 22 до 25 :( Аце таман си го оствари сонот го примија во полиција и биваше ли бе после 2 недели да загинит бее?!? кај е правдата овде све да и ебам и нејзе! Почивај во мир бате. Не те забораваме.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
За истово дојдов да пишам, кој .!. и црпнатиот и паторот влечете народ од по цела држава на генерален собир некаков си? Кој сака нека си дојде, кој не, дома нека седи. Ќе има избори, ќе има митинзи во секој град, што има да се влече народ по градови како циркус Медрано :tapp: Блокирани улици за некој да се дере Никола, Никола :гомце:
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.923
Поени од реакции
12.416
Само македонски студент кој седи во распаднат студентски дом во кој растат печурки на секое ќоше,во кој нема вода за туширање ниту па пристојна храна, може гордо да објавува слики од митингов со хаштази #MakedonijaVecna#Nikola#Ostvaruvame#VMRO .
Ве молам да не се смета постов за политички пошо ова веќе преминува во комедија. #ГлупНародСилнаДржава
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.659
Поени од реакции
34.951
Се отепуваш од пишување и средување на тезата цела ноќ, легнуваш да преспиеш неколку часови за пак да продолжиш, стануваш и ниту еден ворд и пдф документ во лаптопот не ти функционира....
Инсталираш се живо што ќе најдеш на нет, читаш по руски форуми и страни да го решиш проблемот и на крај се што успеваш да повратиш од документацијата е хиероглифи!:mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad:
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.056
Поени од реакции
12.937
Аман бе дај нека сфатат дека Партизанска ебано не е за паркирање автобуси и не ме интересира какви маршови се и марсовски маршови нека е, за нивните автобуси ќе најдат паркинг, Борис или кај сакаат. И да нема место, тоа е нивни проблем НИВНИ, не е мој, ако веќе имаат мозок да носат и да собираат од работа луѓе за политички цели, нека испланираат и автобусиве каде да ги ставаат. Зошто да е на моја штета? Зошто редовните автобуси да бидат попречени и јас да се чудам каде да одам да фатам ЈСП автобус, поради тоа што им текнало на некој да ги паркираат автобусите на најфрекфентниот булевар во Скопјево? :(
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
сдсм фактички си направи митинг на 11 октомври и вмро да не испаднат покуси направија митинг 5 дена покасно. Нормално овој вториот мора да биде помасовен зошто народот нели е со нив.
Влагаш у Скопје и глеаш цела Партизанска со автобуси од двете страни.
Ако случајно немаш прочитано дека ќе имало „народен собир“ т.е. митинг на вмро, или ако случајно си странец и ги видиш автобусите ќе си помислиш дека уствари на Скопје му се заканува природна катастрофа и дека е во тек масовна евакуација...

Толку пари испотрошија и едните и другите на ова митинзиве, а пример условите во студентските домови или пак во затворите се мизерни. И шо ќе ми покажете и едните и другите со тоа милионските суми шо ги давате за митинзи и тоа носење луѓе ?
Чунки со ова носењево народ у Скопје и мерењето ќе ме убедат едните или другите дека „народот е со нив“ и да ги гласам утре ?
Тоа милионите место на ебани, бесцелни и глупи митинзи, може да се пренасочат у многу покорисни работи.
Ама не ај ќе си ги мериме !

И друга работа, колку ниско треба да ти падне човековото достоинство, т.е. дали и воопшто го има кај овие што дозволуваат за уши да ги влечат од партија и да ги носат во Скопје ?
Овци биле. Па и овците се паметни животни.
Овие се вегетација, ништо друго !
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.220
Поени од реакции
35.824
Колку и да нејќеме да признаеме тие човечињата што би рекла Горде, што ги клацкаат по колските ни патишта низ државава со едно сендвиче и газоза за да дојдат тука и да го бранат милионерот од Белизе, се реалната слика на просечниот Македонец и мнозинство од Македонскиот народ.

Порано македончето на турчинот, гркот, србинот и бугарот му го продавало газот за грст златници. Денес истото на Грујо за 500 денара покачување на пензија, 100 евра субвенции. Тоа во крвта е.

Од таков народец не можеш да очекуваш квалитет на живеење како во Норвешка или Австрија, или пак некој придонес за човештвото. Можеш да очекуваш полупризнато крпено државиче, место за подкусурување на соседите и беда. Европскиот чмар.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.970
Поени од реакции
35.611
"Златната петорка" заедно со "Илузија" ми се двата најдобри македонски филмови. Настрана шо е снимен по вистински настани , туку и местата каде што се снимени главните настани во филмот , се оригиналните места на кои што се одвивале дејствата во 1951 год.


"Во тројки и петорки се собиравме во Загреб, Белград , Скопје и Струмица. Се заколнавме , мислевме дека ќе ја продолжиме играта на наш начин. Дека ќе ги запреме локалните неправди , и глобалните сили на комунизмот."

И мојот омилен цитат:
"Јас се што правам , правам од љубов Като , за тебе.":pipi:

Нема човек шо не му насолзија очите во кината минатава недела , страшно емотивен филм , особено ако ја знаеш тежината и си запознаен со случајот на 5те струмички студенти. :(

 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.306
Поени од реакции
10.320
Зеле организираат митинзи на 16ти октомври.Ало бре прст на глава ви ебам амебите земете организирајте во секој град собири на плоштад во чест на најголемата икона што ја имала нашава државичка мизерна.Ви се плукнам во себичните гнаси одвратни суштества родена мајка би ве побацила да знае што луѓе ќе излезевте.И на едните и на другите и на едните симпатизери и на другите срам да ви е ви се дивам на паметот кој го поседувате.Еден парамециум е попаметен од сите вас заедно кретени кретенски.


Нека ви служи на чест
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Кога некој ќе ве викне да ве почасти за нешто не значи да му ја потрошите заштедата. И ако нешто е гага не мора вие да јадете дур желудник не ви пукне.

Не викне еден другар мене и уште двајца ,,другари,, да не почасти за тоа што дипломирал. И сега знаат дека дечкото слаб е со пари ама кур ги боли. Наместо да земат две-три пијачки и ако ги почасти со храна добро ако не никому ништо, тие почнаа да јадат и да пијат како првпат да им беше. Си нарачуваа џекови, коктели, пици, пилешки прсти и што не ти знам какви сендвичи нарачаа.
Што е најтрагично двајцата овие се тешки вморовци и зимаат тешка пара во администрација со едвај завршено средно.

Се срамам што сум учел некогаш со нив.
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.237
Поени од реакции
5.252
Ќе бидам искрен очекував тежина, ама не до толку :unsure::unsure: во право биле голем е скокот од основно кон средно, ама не се откажувам ќе средам работа :cool:
Work like a soul inspired
Till the battle of the day is won.
You may be sick and tired,
But you'll be a man, my son.

Will you remember the famous men
Who had to fall to rise again?
So take a deep breath...
Pick yourself up...
Dust yourself off
And start all over again.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom