Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Сам себе го убијал
Изработен прототип на машина за миење садови


Работниот колектив на метало-преработувачката индустрија „Металец“ постигна, уште еден голем успех: изработен е прототип на нова, машина за миење садови. Новиот производ „Автоматик 78“,чие сериско производство се очекува да отпочне во јануари идната, година, изработен е со сопствени сили, така што тој претставува целосно производ на битолски„Металец“. Прототипот на „Автоматик 78“ има капацитет за миење на комплетен прибор за шест лица, односно садови до тежина од 25 килограми. Машината е потполно автоматизирана, така што во неа може да се стават садовите а потоа да се остават сама да ги измие. Откако ќе заврши миењето, машината само се исклучува. Co ладна вода, миењето трае 40 минути, а со затоплена дури помалку on 20 минути. Сопствената тежина на машината изнесува само 20 кгр. и таа може да се прицврстува на ѕид или на фрижидер. Значи, пригодна, за секакви кујни.



„Автоматик 78“ беше изложен на Загрепскиот есенски велесаем и за него се заинтересираа многу , трговски претпријатија од земјата и странство.Во Југославија досега не се произведуваат машини за миење садови. Тие се увезуваат и чинат 500.000 динари. Меѓутоа, нивната висока цена ги прави недостапни за поголем број домаќинства,. Битолскиот „Автоматик 78“ ќе чини 120.000 динари и со тоа ќе може да влезе во сериско производство…

“Битолски весник” 1967 г.
 
Член од
11 октомври 2016
Мислења
31
Поени од реакции
29
Драга Кајгано , жена си нели? (Оваа кајгана-женски род).
Скролам по теми ,овде фалат жени, многу фалат!
Нови мислења: спорт, автомобили, женски газиња шо ти знам...
Ало жени, кај сте бре ? :)
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Драга Кајгана,
Гледам сите се распишале во врска со некакви митинзи, избори и слични политички срања, а јас воопшто не сум во тек со тоа. Веќе некое време не гледам вести, па делумно и телевизија (поточно од кога ја забранија музиката) и сум тотално неинформиран за политичките срања и глупости. Се чувствувам исто како да не сум изгледал неколку епизоди од некоја шпанска серија, но во секој случај се чувствувам незатруено, поубаво.
:coffee:
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Интересни ми се луѓето шо викаат „не знам не глеам вести“.
Океј другари, и ја не глеам вести па пак сум информиран за работите што се случуваат околу мене. Не е дека ако не глеаш вести ти е дозволено да бидеш неинформиран.
Не знам ни како сакаат да бидат така неинформирани.
Ај океј, сфаќам пример да не те интересира у детали шо се дешава у америка, русија, кина, германија, англија... ама у твоето опкружување да не знаеш шо се дешава ?!
Или па оние „не ме интересира политика“. Абе океј тебе шо не те интересира политика, никој не ти вика да бидеш политичар, ама треба да си информиран, да знаеш шо се дешава околу тебе, зошто факт е дека политиката влијае секојдневно у нашиве животи, не е дека ако некој не се интересира за политика дека наеднаш магично политиката ќе го тргне влијанието од твојот живот...
 
A

Antigona

Гостин
Кајги ,

Направив една грешка друже. Цело време ми велеа околу мене да не брзам , ама јас тоа нивно "не брзај" го сфатив погрешно и избрзав бидејки кога ке речам дека сакам да биде завршена некоја работа - значи во рок од 2 до 3 дена мора да биде завршена работата.
Арно ама поминаа тие 3 дена, а работата беше уште незавршена и морав да им платам за да ја завршат.
Е добро, платив шо платив на приватно и го добив тоа што ми требаше.
Е сега проблемот е што повеќе не го сакам тоа што го добив и се мислам како да им откажам. У пичку матер, не требаше да избрзувам , вака сега ќе бидам у загуба ако им откажам.

Жими се, ќе ме убијат моиве ако дознаат у какви трошоци се ставам. Утре имам да направам една проверка и да се одлучам дали ке идам до крај или ке се откажам.

Ништо брат, ај да не те замарам ,ќе седнам на нет да прашам за совет од блиските пријатели оти не смеам да кажам дома во што каша сум влезена.



 

Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.393
Поени од реакции
2.794
Драга,
Од разочарување во разочарување. Дно-дна.
Денес паднав предмет од колоквиум, и тоа прво па мушко.
Почнав цигари да пушам, иако сум против тоа.
Сакам да станам човек, ама некако не ми иде од рака. Моите ме тераат да идам напред, нешто што несакам, што е спротивно од тоа што го сакам, се бара премногу од мене, а малку давам, неможам да искористам 100 посто од моето јас. Да јас, сум еден идиот, кој е контролиран од страна на владеачката партија т.е моите родители, иако сум опозиција. Пробувам да се согласам со фактот, дека животот ми е заебан уште од сам старт, и дека може да се продаде душата на самиот ѓаол. И онака не се осеќам како човек, робот на денешницата. Да можда ќе бев најсиромавиот човек да учев што сакам, ама пак ќе знаев дека уживам, а не работам. Тоа е животот....
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Милион топки имаме дома и веќе не знам каква игра да играме, па ги кријам под маицата. И нормално дека децата секогаш погрешно ќе разберат и ќе го прават она за кое никогаш нема ни да помислиш. Сега на секоја трудна жена се пуштаат и тупаат на стомакот. Ај оди убеди ги сега дека тоа не е нивната топка. :ROFLMAO: :boksix:
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Драга...
Времињата на ретроспективи поминаа... Кај сум, таму сум... добро е :)
Сега е време да се гледа напред, во иднината.
Да, Драга... сфатив дека имам се! Дека имам каде да живеам, имам доволно.
Но, најбитни се оние две мали суштества, додуша едното веќе скоро па тинејџер, кои секојдневно трчкаат околу мене и... ме развеселуваат... и онаа која тргна со мене пред многу години, и сеуште е тука... во добро и зло.
Тоа е богатството, но и мотивот.
Парите се минлива категорија... ги има, па ги нема, па пак ги има... циклично, драга...
Многу работи се побитни во ова кратко време кое го имаме тука.
Хахахахахахаха кога само ќе ми текне на се она... минато? Проживеано, архивирано... Од дрвјата не сум ја гледал шумата драга.
Затоа... супер!
Со насмевка напред!
 
Ф

Флеш

Гостин
Драа

За последниве 5 часа може со сигурност да потврдиме и кажеме дека постчето од фејсбук со Џошчето и Каролинчето е најлакувано и vice versa најхејтано од педерите на Југот,не вие Гевгелија,Битола итн,мислам на циганите-соседи.Грциве ми се апсолутна слика од оние сељачаната на Монти Пајтон коа дофрлаат Нека гори,Нека гори.Да ве зеде Зевс.Толку идиоти :cautious:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom