Не ми ограничуваат моите (голема сум си!) ама ни јас не дозволувам да останам многу доцна во непристојно време. Сепак мислам дека дама си е дама. Останувањето до 3 или до 5 или до сабајле е сепак за посебни и ретки прилики и за машките. На нив и им личи така да речам иако , тоа останување и влечење по дискотеки секој викенд до 6 сабајле и не ми се свиѓа малце, малце е џаболебарски. Ајде еднаш неделно да останеш до 3 пример, ама до 6 сабајле.... па не знам баш... посебно за женските. Машките се друга приказна!
Тоа е мое мислење, не знам можеби грешам некаде! Така сум воспитана, никогаш ништо не ми било забрането, сум добивала се кога сакам и што сакам и мислам дека самата сум заклучила дека на една дама не и стои да се мкне по дискотеки и кафичи до 6 сабајле. (иако ми се има неколку пати случено, по некој повод)
До одредено време е океј...
ПоздраФ до сите и имајте НАЈУБАФ ден!