Дојран

Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
ма ај повеке не лагам да дискутирам пошто се свакате погрешно..ја само си реков мое мислење и провод како си поминав таму..и толку..а за тебе неможам да одлучувам нипа да судам за некој друг...секој си има различни вкусови и планови кога иде на одмор.
Знаеш баце во моево градче како направија.Сите од големото добро утро(моја генерација што се) знаеш пичат за Охрид ау иха парајлии сите.Кога глеам сите 5 дена и си идат.А ја во Дојран 10 дена лудуев(ко што викаш ти) со истите пари што они ги шибнаа за 5 дена.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.172
Поени од реакции
81.239
ОК, фала ви на сите за советите во врска со патот и друго.
Идам задутре да ги носам моиве таму, се надам дека нема за тие пари хотелот да биде многу срање и уште поише се надам дека нема за ден два да ме викаат да ги вратам заради некаков вирус ор самтин'.

Иначе ја ко мал цело време у Дојран на одмор сум идел (највише у Галеб, али сум бил и у Бетон и у Славија мислам беше). (сеа прв пат со кола идам натаму.)
Прв пат дури у средно го посетив Охрид.

Да и тогаш имаше понекогаш цревни заболувања, али ништо страшно.
 
Член од
7 март 2011
Мислења
11
Поени од реакции
8
Секој град си има своја убавина, ама зависи кој што бара за одмор. Некому му е битен ноќниот живот, а некому мирот. За некого одмор=одмор, за други одмор=замор.
Точно е ова, за мене Дојран има најдобра клима во Македонија (зборам за лето), топло, пријатен мирис во воздухот, јас викам медитерански мирис... Освен тоа има и езеро чија што вода поради големината на езерото е многу топла (измислено за деца а и за возрасни). Овие неколку работи го прават Дојран незаменлив за посетување барем еднаш во годината.
Некој порано кажа какво е во Август и јас се сложувам со тоа, но не треба да се обвинуваат само луѓето-туристите, според мене најголема вина за таа ситуација (посебно за време на викендите во Јули и Август) треба да се припише на Општина Дојран бидејќи изгледа дека за се имаат пари само не за она што на секого му е најопходно а тоа се тоалетите. Како што можат да даваат пари за поплочување на шеталиштето така можеле прво да направат на секои 50-100 метри (бидејќи има голема гужва) пристојни, уредени тоалети и да постават на исто толку растојание ако не и почесто уредени места за оставање на ѓубре (не зборам за некакви кантички зашто тие сосема не се соодветни за бројот на туристи).
Според мене само ова со тоалетите и местата за одложување на ѓубре ќе го реши во најголем процент проблемот што секоја година се појавува во Дојран и прави грда слика за него и за луѓето таму.

Инаку за сместување точно е дека може да има и проблеми но има телефони, информации, инфо-центар, има нови приватни објекти со супер соби, апартмани така да секој може да се снајде.

Ние лани отидовме во Август (јас, жената и 3г. дете), сместување најдовме преку инфо-центарот, не беше ништо посебно, во ридот над центарот, приземје (јас викам преуреден подрум) со железни кревети, кујна надвор еден тоалет на втори спрат за цела куќа, но немам замерки, јас одам таму на 5-7 дена и немам никаков проблем со тоа.

Оваа година најдовме соба на главната улица многу поблиску до продавниците и до плажата и пак си беше супер.

За водата и лани и сега цело време пиевме од чешма (и малиот) без да имаме било каков проблем така да не би се сложил дека водата не е добра и слободно Ви препорачувам на сите да си ја пиете, сигурно е подобра од купечката во пластични шишиња којзнае колку долко печена на сонцето додека Вие да ја купите и испиете.

Обавезно додека сте таму побарајте да купите перкија (костреж) или пак побарајте во кафана, добро ја спремаат во Вавилон после пазарот ама и по другите кафани сигурно ќе најдете. Кострежот го фалат како најдобра, највкусна риба во Дојранското езеро.

Додека сте таму, ако ви се шета, распрашајте се за еднодневни тури до Грција на плажа во Ставрос или пак до некој од блиските градови. Информација може да побарате на влезот во бурекчилницата кај автобуската или во бутикот на влез во пазарот.

Седнете испијте едно кафе во кафаната на влезот во пазарот, посебно е поради тоа што е на пазар, единствено штета е што големото дрво - црница над пазарот го исекоа оваа година.

И така... има уште што да се види, прошета, направи додека сте во Дојран не е се во тресење со техно музика до сабајле.

Поздрав
 
T

Tetro

Гостин
Она ако е лековита али во месец август дефинитивно е катастрофа.
Баш во август месец цветаат алгите, тогаш е најлековита водата.
Ај ко ќе се сетам како мали како се мачкавме во калта. Прајслес. :)
 
Член од
7 март 2011
Мислења
11
Поени од реакции
8
Не сум знаел дека ова е една иста риба, ја мислев дека се различни видови риби.
http://en.wikipedia.org/wiki/European_perch
Од латинското име иде и нашето локално перкија или мислам дека таа во Дојран ја викаат Дојранска перкија. Во секој случај многу вкусна риба само може да му биде досадна на некого бидејќи има ситни коскички и треба да се внимава при јадење.

За мене е највкусна риба во Дојранско езеро.
--- надополнето: Aug 17, 2011 4:25 PM ---
Заборавив да ви кажам за интернет...

Јас користев преку мобилен од T-Mobile и брзината е катастрофа во однос на тоа што треба да биде ама врши работа сепак. Страници се отвараат релативно брзо, може да се разговара на Skype но без видео за да може да се разберете, евентуално пробајте само да примате видео без да праќате ваше.
А доколку сакате да користите побрз интернет а притоа и бесплатен имате две можности барем колку можев јас да начекам.

Првата опција ви е на градската плажа во околината на кафичот што е под големото дрво, таму имате free wi-fi zone од ONE.

Втората опција ви е во околината на кафаната Вавилон, веднаш после пазарот во правец на границата со Грција, таму имате T-Home hotspot.

За мобилните внимавајте да ги подесите на manual нагодувања за избор на мрежа зашто неретко може да ви се случи по разговорот да видите дека уствари сте биле на роаминг.

Имате еден дедо со чамец што по цел ден чека муштерии за прошетка по езерото, ефтин е и греота е човекот да седи без работа. Башка чамецот ептен погодено име има - Дојрана.
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Водата од чешма, тнр комуналка, во Дојран е 100% сигурна за пиење. Ако не беше требаше да бидам од пред 1 деценија мртов, не дај боже. И не само јас, туку и цело локално население. За тоа ќе ве молам ако си претпочитате флаширана вода слободно да си купувате, ама да не трескате глупости дека комуналката таму била нечиста или полна со бактерии.
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
сигурно не измислувам..докторите така ми кажаа ..башка имаше една жена таму ..инекцијава ми ја забоде ко пикадо да игра..
Инаку дај не се глупирете..Охрид е подалеку подобар и поубав од Дојран..и плус Нокниот живот у Охрид е 100 пати подобар..само малце се истопорени цените..на 1 Мај сеа бев 3 дена у Дојран..ма нема жив човек кога отидовме првиот ден пред Мајот..
Се зависи што бараш онаму каде што одиш. Јас на пример ноќен живот и забава не барам кога одам во некое место надвор од местото во кое живеам зашто ги имам колку што сакам дома во Скопје. Тешко дека Охрид, Дојран или кое и да е место можат да имаат подобра забава од Скопје. На одмор барарам едноставно квалитетен одмор без аздисување со цените. Најпосле, за тоа веројатно и го крстиле „одмор“. Дојран според мене е едно сосема ок место за одмор.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.579
Вчера се вратив од стар дојран. и секој што планира да оди топло му препорачувам да не оди.
Водата смрди на тиња и е прљава, измет пливнува од време на време, мртви рипчиња се закачуваат на нозете додека излегуваш од вода, плажите тапа. камен и земја , освен малку што е подзасредена градската, и мнооогу деца што пискаат и повраќаат. Рибари еден куп ама риби малку, а за навечер, кебапи со рскавици што мора да ги плукаш. Кафичите што пуштаат туп си глуп си музика, празни, пошто идат само фамилијарни луѓе со мали деца и кој би сакал да седне во кафич со таква гласна глупа музика.Кај што пее Шако Полумента таму има гости, значи само кафаните се полни.
350 денари се плаќа од човек, за соба, и треба од дома за таа цена да си носиш тањири, вилушки и чаши, а навечер собите се загушливи од топлина.Апартманите се 1200 ден. Само една куќа имаше да добро ниво соби и апартмани, се викаше Вила Лето или така нешто.Жолта нова куќа со сопствен тревнат паркинг. Ама нема шанси да се најде смештај на лице место пошто е најполна.Само со резервација.
Е само палачнките ми се свиѓаа со крем и со бисквитза 40 денари.
Пред да отидам ми го фалеа местото, бидејки не сум бил од 2ро одделение и не знаев какво е, ама сега сигурен сум дека никогаш повеќе нема да отидам во дојран, јас не знам како можат луѓево во таа жабара децата да ги бањаат и да ги мачкаат со таа смрдеа. Немаше дете што не го болеше стомак, што не повраќаше и што не беше исфрлано на кожата.Ама старите се тешеа дека така се прочистувале ко божем здраво било, а децана им рикаат од температура 40 степени.
А најголемата занимација ми беше кога ги гледав кој каде се мачка.Одма знам кој што го боли. Некој става само на коленици од тињата и одма знам дека или реума или некакви болки има во колениците. Друг става само на грб, трет целите нозе и иаше и едни четврти што се мачкаа цели. Е за нив бев сигурен дека се здрави и од што ги гледаат другите дека се мачкаат, па и они да се намачкаат, ради реда.
Што имаше една жена со бубуљици на лицето, и само на лице се мачкаше, мисли дека ке и се излекуваат бубуљиците.
Тоа езеро изгледа дека е полековито и од Господ, секоја болест ја лекува, според она јас што го видов.
Ама јас не го делам истото мислење со мнозината за лековитоста на езерото, бидејки се што добив од таму се инфицирана кожа и болки во стомак. Лековито нешто не видов, така да топло ви препорачувам да не идете таму, поготово ако сте со дете, не прајте глупости од здраво со сила да си го разболите детето.
 

Ibrakadabra

Wimoweh, wimoweh...
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.650
Поени од реакции
702
Дека доста често сум во Дојран, решив и јас да напишам нешто за него.

Сите оние кои зборите негативно, во старт можам да ви кажам дека очекувањата ви се преголеми. Станува збор за Дојран, не за Охрид. Е сега, ако јас се прашувам Дојран е измислен за Охрид, ама нема да убедувам, свесен сум дека кај повеќето мојов став ќе помине со мислите во глава “што му е на идиотот!?“.

Во Дојран одам 20ина години, прво со моите, после и сам си продолжив да одам. Имам лечено буквално се. Исеченици, изгореници, гнојни ангини, синуси... Нема доктор кој што бил во Дојран, а не го препорачал топло на своите пациенти.

Читам погоре, труење од водата. Yeah, right! Глупости во боја... Убав одговор имаше дадено некој на тоа, дека тоа можело да е последица на милион работи (храна, сунчаница итд итд).

Забава нема, сфатете го тоа. Не одите во Дојран за забава. Барем сеуште не. Забавата ако чекате некој друг да ви ја направи (кафич, диско...) тешко да ја дочекате. Отидете друштво, или со дечко/девојка на опуштен викенд/одмор. Направете си самите да ви биде убаво.
Луѓето кои одат во Дојран се во главном со мали деца, се прашувате зошто? - Поради лековитоста на езерото и топлата вода, која Охрид ќе ја има на св.Никад.
Ако водата е матна, тоа не значи дека е “прљава“, имате ли вие 2 чисти?! Самите алги (треви) и даваат зеленикава боја на водата, но не - верувајте дека таа е далеку од прљава.

Со самото тоа што посетителите се семејни луѓе, со деца - значи дека не се отидени за забава таму т.е. они се забавуваат ама не на начин ко што си навикнати ние - класичните скопјани. Диско шема, Ленинова а-у, коктели, сечени пијачки...

Во старт бидете спремни на нешто сосема друго, одете во кафанчиња навечер, јадете риба (не ќебапи, хелоу) - лето е, не мора мелено месо да пукате. :)

Купете си крофна за 8 денари во “лебопекарницата“, тоа го увиде некој? Купете фамилијарна пица за 240... А каде се наоѓате? На туристичко место, место кое се наоѓа на 70км од морето и да, дефинитивно има медитеранска клима.

Да не искочи дека само го фалам, еве малце и за негативностите, кои факт е дека ги има, ама пак се предизвикани од човечки фактор.

1. Плажи... Водата надојдена оваа година, шеталиште од горната страна... плажата притисната од двете страни, намалена до максимум. Гужва колку сакаш. Градската плажа е премала, згрешија годинава што дозволија да немаат плажи. Ќе го средат тоа догодина, ама годинава беше за нигде. Зошто се случи така? Епа вака... Од лани/полани плажите се дадоа на концесионири т.е. се изнајмија на лица кои плаќаат ситна сума (или не плаќаат воопшто) пари на општината за кафичите(баровите) кои ги прават на самата плажа, меѓутоа имаат обврска да ја уредат плажата која што се наоѓа пред кафичот. Доколку тие го испочитуваа договорот, Дојран ќе имаше огромна градска плажа.
Но, сликата годинава беше лоша, кога станува збор за ова.
Кафичите покрај плажа си работат, концесионерите за да замачкаат очи, имаа истурено по 2-3 камиона песок (песок на куп, не измазнет и распореден).

Решение: Алекс бич. Плажа на 3-4 километри од Стар Дојран (автобуската), со сопствен паркинг, кафич, чадори, лежалки... Тост 60 денари, кафе 40-50...
Лежалка 100 денари за цел ден, 50 за пола ден. Педалинка 150 денари/саат (иста цена со градската плажа).

Вработените љубезни, културни, носат кафиња до плажата. Мислам дека нудат и сместување до самата плажа, си имаат апартмани.
Супер средена приватна плажа. Пробајте - отидете таму.

До оваа година имаше уште една убава плажа, пред граница, на излез од Стар Дојран - Гранико, со преубаво кафанче со поглед кон езерото, но со правењето на печачката патека оваа плажа е доста стеснета и мала. Влез не се наплаќа, плажата е исто тревна.

2. Паркинг... Годинава беше држ-недај со паркинг... Ама каде кај нас ова не е проблем?! Има паркинзи покрај градската плажа каде што се наоѓа место по цена од 100денари/дневно. Или ако имате среќа ќе најдете слободно паркинг место негде во близина на центарот. Ако сместувањето ви е тука - немате гајле т.е. нема да ви треба кола за до плажа.
Лани летото видов и пајак служба... ми се стемни право да ви кажам. Такви работи ме вадат од такт. Почнаа туристи да им одат, и одма почнаа со казни.

Предлози за оние кои сакаат забава т.е. кои сакаат одмор сличен на скопската/охридската шема.
Отидете во блиските градови:
- Струмица, да не ги набројувам местата.
- Валандово - диско Exit. Забави во петок и сабота, со екс-ју ѕвезди, Слаткари, чуда...
Комплексов е огромен, може да отидете и денски има преубав базен, тобоган, ресторан. Отидете, на 17км е од Дојран, нема да зажалите.
- Гевгелија...

За оние кои мислат дека езерото е причина за нивно разболување, или што ти ја знам... Стварно грешат, езерото никогаш не било причина за такво нешто туку баш за спротивното.

За оние понежните т.е. оние на кои им сметаат алгите/тревите, земете педалнка повозете се 5 минути од брегот, нема една трева да ви се “замота“ во нозе. Опуштете се и уживајте...

Се надевам бев јасен ;)
 
Член од
14 април 2007
Мислења
1.812
Поени од реакции
1.047
И јас немам некое добро искуство со Дојран. Бев пред 7 години, абе тогаш што да ти кажам. Имаше пелени во водата, гомна пливаа во неа, од тие школките нозете до препони ми беа крф, и змии си пливаа по водата таму каде што пливаат луѓето.

Сега водата и да не е толку гнасна кога ќе видиш како треви ти се мотаат низ нозете ќе ти се згади.
Од тогаш имам отидено уште еднаш на еден ден и не знам дали би одел пак таму веќе.

А таа плажа што е до грчката граница е фантазија, како да се наоѓаш на некое друго место а не во Дојран.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
И јас немам некое добро искуство со Дојран. Бев пред 7 години, абе тогаш што да ти кажам. Имаше пелени во водата, гомна пливаа во неа, од тие школките нозете до препони ми беа крф, и змии си пливаа по водата таму каде што пливаат луѓето.

Сега водата и да не е толку гнасна кога ќе видиш како треви ти се мотаат низ нозете ќе ти се згади.
Од тогаш имам отидено уште еднаш на еден ден и не знам дали би одел пак таму веќе.

А таа плажа што е до грчката граница е фантазија, како да се наоѓаш на некое друго место а не во Дојран.
Мардаја (плажата до Грчката граница) веќе е минато. Којзнае и кога ќе ја направат. Школки веќе нема, све е песок на другите плажи. Оваа година плажите во Дојран и не ги средија многу за разлика од минатата година, нешто на концесионерите касно им било, не им одговарало нешто, и општината им ги средуваше. Од другата година се надевам ќе биде уште подобро. Но за ноќен живот во Дојран слабо. Освен Супер Хикс и Кирил Џајковски, други немаше што настапуваа( секако, тие од идол не ги сметам за пеачи ).
 
Член од
26 август 2011
Мислења
94
Поени од реакции
33
Јас имам одено 4-5 пати и незнам не е лошо, ама навечер кога ќе излезеш нема кај да одиш бе... многу мало за шетање, не е убаво тоа
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Јас имам одено 4-5 пати и незнам не е лошо, ама навечер кога ќе излезеш нема кај да одиш бе... многу мало за шетање, не е убаво тоа
Е да, треба да се погрижат малку повеќе околу ноќниот живот. Сепак туристичко место е. Но ќе биде и тоа со тек на време.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom