Вртелешка да ти дајме една, бидејќи се вртиш у место.
Врската меѓу трите е лесно да се определи - ХРОНОЛОШКИ
Оттаму лесно доаѓаме од Кавказ, до Италија па до Балканот.
Доколку постираните
книги со автори и страни за тебе се “фејк“ ондак имаш бааги селективна историја.
Тенденциозно го бираш она што би ти се вклопило во националистичката теорија, меѓутоа самиот си свесен дека дупката, односно неповрзаноста на твоите вишфул теории е преголема.
П.С. Албанската вебстрана не ги преведва точно текстовите, како што беше случај со Албанското востание. Постојано премолчани или скокнати делови, фингирани прикаски за да се избегнат фактите.
Бесполезно се дискутира со тебе.
На книгата се одговара со книга. Не со фрустрации.
Ај со здравје.
Види, дали ти ќе одбереш да веруваш или не, мене баш ме заболе.
Да беа вашите академици кадарни и да не постоеја тие дефтери ( кои нажалост не се во моја приватна сопственост) ќе ги демантираа многу успешно.
Меѓутоа премногу автори ги имаат студирано турските архиви и добро се знаат фактите.
Мене ми велиш, немам одговор? Па колективно слепило изгледа ве зафатило и не ги гледаш постовите со цитираните и скенирани дела од автори со име и презиме.
Постовите ги бришам како кај вас така и кај нас, доколку имаш забелешки и сигурен си во обвинувањата, повели повикај ме за одговороност пред надлежните на форумот.
А доколку шпекулираш и изигруваш жртва обвинувајќи ме за вашата немоќ да водите нормална дискусија, ќе треба и ти некоја одговорност да понесеш. За да биде фер.
Доколку ги прочиташе моите постови не само на оваа тема меѓутоа и на останатите поврзани со енцклопедијата, ќе знаеше дека јас поддржувам повлекување или ревизија на истата.
Меѓутоа, не поради терминот “ Албанци “.
А истиот термин без проблеми ги краси енциклопедиите на скоро сите соседни држави и не само нив.
Незнам што ти останува во случајов, можеш да се расплачеш или да се помириш со фактите.