Домашари или скитници?

Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Каков тип сте?
Седите и уживате дома со своите најблиски или во вашата потсвест постојано ви брмчат бубачки да му ја здувнете некаде?
Знам да си поминам убаво и кога сум дома и кога ќе излезам. Но мојата екстровертност мора да си најде партнер, а тоа е најчесто излегувањето. Поубаво ми е надвор со луѓе. Исто така, кога веќе еднаш ќе забегам со излегувања секој ден, после тоа не можам да се смирам дома... И обратно... Претешко е кога ми завршува распустот и почнува школската година, па морам да се прилагодувам... Во последно време сакам да си изнајмам филмче, да викнам друштво и да јадеме пуцки... Но веќе следниот ден, ќе посакам да одам на забава... Што знам, променлива сум, ама повеќе сакам да излегувам отколку да седам дома. :oeoeoe:
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
У последно време ми се скита. Дома склет ме фаќа така да сега за сега скитник.
 

koleee

Убер Македонче
Член од
6 јули 2008
Мислења
643
Поени од реакции
42
Дома сум само кога спијам а и тоа не секогаш!!
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Периоди се кај мене во прашање...еве сега повеќе сум за по дома ама има денови па кога неможам да се приберам и нон стоп сум договорена со некого да одам на кафе или негде на некоја забава,свирка,каде било само дома да не сум :helou:
 

~windy~

urban hippie
Член од
10 септември 2008
Мислења
774
Поени од реакции
120
Леле зборов "домашар":pos:Ми се допајџа..
Туку он :
Има периоди, како измнатите неколку недели кога сум адреналин џанки и не можам да се смирам и да го седнам задникот бар едно кафе да испијам како човек! И тоа ќе го купам и ќе го шмркам низ улици, низ факултетон или и дома да сум така од нога додека читам новина на сабајле! Ми се случило кога сум во вакви хипер состојби и кога се движам по улица, наместо да одам како други нормални смртници на земјва, јас да трчам, подрипнувам, поттрчнувам а притоа да не се брзам за да стугнам некаде..е ајде де:icon_eek:
Но, после вакви активни недели со лудачко темпо внатрешни почнуваат да се бунат, екстремитети откажуваат и мозочево ми кажува дека е време за трансформација! Тогаш ги навирам пижамите и топлинките и се претворам во домашарка која цел ден пие кафе пред комјутер, гледа филмови во кревет та дури и средува фиоки и плакари по дома! Јадам кикиритки и пијам сок од вишни(оргазмично индид) пред ТВ, уживам во мирис на цимет и чоколада, топла соба и блуз во позадина!
Другиот ден пак јово на ново! Ден или два домашарење ми се доволни за рехабилитација од адреналинските напливи!
Ете така! Ајт:salut:
 

Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
Мислам дека сум домашар, ама дома не сум се свртела за да проверам дали е вистина така:pipi:
Сериозна сум, многу убаво ми звучи домашна идила, можеби затоа што дома се прибирам безмалку само за спиење, но од друга страна не ми се сите овци на број ако не сум на местото на настанот, па има многу места, многу настани....
 

babydol

Copy...
Член од
15 јули 2008
Мислења
1.561
Поени од реакции
92
Зависи кога како има периоди кога не ми се оди дома па незнам што да биде, и се гледам да сум на било кое место само да не сум дома, седам на кафиња, шетам низ град....
Спротивно на ова пак има периоди кога сакам да сум само дома, немам тогаш некоја посебна желба за седење по кафиња, излегување.......и единствено сакам дома да си одам и да си уживкам:pipi:
 
Член од
27 септември 2007
Мислења
1.028
Поени од реакции
440
Ами зависи од расположението, некогаш не ми се излева од дома, а некогаш па не сакам да седам дома :) 50 - 50 %
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Зависи кога како. Најчесто сум расположена во секое време за скитање освен стварно ако ме мрзи
 

vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Поубаво ми е дома.
Не сакам да идам по гости многу а не ми пречи да ми доаѓаат.
 

By Me

BLAH....
Член од
10 февруари 2008
Мислења
1.121
Поени од реакции
29
Хмм зависи. Најчесто додуше сакам дома да седам, да дремам, да спијам... се осеќам како голема, дебела персиска мачка!:kesa: Има моменти кога е надвор убаво времето, ни топло ни ладно, и не дува ветар, тогаш сакам да шетам, да седам на клупа... али претежно сум домашно животно:kesa: :kesa: :kesa: и кога искачам најубаво ми е на гости во домашна атмосфера да идам или во Мон Ами пошо тоа ми е ко дома:kesa:... Многу ме оптеретува искачање, облакање, дома у пижами најубаво е:kesa: Јес да има и периоди кога дома не се прибирам, цело време скитам некаде... ама, сепак, ако бирам, домка би одбрала да седам!:pipi:

и јас сакам да дремам по дома заради погоре наведените причини
(тоа што е болдираното е дека не знам кај е/што е :tapp:)
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Во глобала сум скитник.. Ама знам и да се залежам да речеме дома 2-3 дена.. Тоа е само период на собирање сила за нови скитања.. :pipi: Ама кога скитам.. Е ај прибери ме? Од 7 до 7 па може и даље..
 

leila

.o0
Член од
10 октомври 2008
Мислења
862
Поени од реакции
46
Зависи, ама обично сум домашарка, не ми се шета многу. По гости многу ретко одам. Обично во пролет многу ми се шета, кога има сонце, во зима и есен од дома не ми се излегува, а во лето сакам да се возам со веспата.
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Зависи од периоди.
Понекогаш сум излезен 12 саата од дома.
Дури и неможам да ги видам моите.
У такви периоди,со денови не знам шо е домашна храна на пример,а желудникот ми е преполн со некакви тостови,сендвичи,пици...и слични бла,со сомнителен квалитет.
Коа ќе влезам у собата,иам чувство како да влегувам во оддамна напуштена пештера.
Обратно од тоа,има периоди коа не сакам да излезам од дома.
Седам по цел ден пред компјутер,пишуам нешто,дури и гледам телевизија понекогаш(ако веќе ептен нема ништо на нет),битно да сум дома.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
До своја 23-24 бев домашен момак.
Сега саат време преку сила ги гледам мојве секој ден.
Чудно нешто се случува кога човек сваќа дека се е како што не е!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom