Порано бев скитник ма каков скитник прав уличар бев по цел ден и ноќ бев надвор доаѓав само за јадеше и спиење..е сега последниве 2 години од дома искачам послабо поготово на зима кога е ладно не мрдам.
сакам и да си седам дома, да се ќоравам пред ком, и да скитам наваму-натаму... зависи од тоа како ќе ми се спојат жичките во главата или на потсетникот во мобилниот...
зависи од периодот...кога имам за учење мора да се излезе од дома оти...многу се нервирам, a имало и денови како лани зимскиот распуст цел го поминав пред пс .
Зависи од периодот и од расположението и од се...Може дома да бидам и цела недела...да преседам во една соба и да ми биде интересно или да се повлечам во себе...може да се случи и дома да не ме видат моите.
Скитник, авантурист, осаменик до крајни граници, сакам да имам уреден дом, кој ќе го користам за говење и спиење ... се останато можам и надвор. :angelcic:
Па некоја мешавина од двете. Во постаро време бев повеќе домашар но како изминуваат годините се повеќе го менувам начинот на живот од “седентарен“ во “скитнички“. Сепак кога е ладно и снеговите де присутни го применувам седентарниот начин а во доцна пролет и рано лето скитам.
Па зависи од периоди,некогаш ме мрзи да се мрднам од дома поубаво ми е да си седам и да се излежавам.Но,некогаш е обратен случај,многу шетам не се прибирам дома,идам кај другарки,на кафиња по продавници..
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.