Ајде пак...
Еден математичар, Курт Гедел (Kurt Gödel), покажал дека секој логички систем на знаење, кој се базира на аксиоми (т.е. вистини кои ги прифаќаме како апсолутни, без доказ), на крајот произведува и нови вистини, кои исто така не можат да се докажат, т.е. кои мора да се прифатат без доказ.
Со други зборови - секогаш ќе има дупки во знаењето и секогаш ќе има потреба да се верува во нешто.
Со трети зборови - секогаш ќе постои потреба за бог, или „виша сила“.
Од друга страна, потребата за такво верување се појавила еволутивно, со текот на времето, и се задржала во човечкиот разум, зашто била еволутивно корисна. Секој човек од време на време се сретнува со огромноста на природата, вселената и слично и има потреба да верува дека сè ќе биде во ред, т.е. има потреба од духовна поддршка. Понатаму, секој човеќ ќе умре, па има потреба да верува дека со него сè ќе биде во ред и после тоа и слично.
Значи, секој човек има вера во бог (мислам дека тој термин е најсоодветен), вградена, бидејќи е човек. Оној момент кога таа вера ќе се насочи на нешто конкретно и материјално (црква, на пример, како институција), станува збор за религија - може да е христијанска (православна, католичка, протестантска, методистичка, презбитеријанска...), муслиманска, јудаистичка, хиндуистичка...