Докажете дека Господ (не) постои

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Јас сум го прифатил Бога за мој личен СПАСИТЕЛ, и ТОЈ мене ми го смени мојот живот, ми даде благодат и многу благослови, сторил големи работи за мене, се' што ми се чинело оти е невозможно за мене, за Бога е ВОЗМОЖНО!!!

Зашто бараш од Бога зли работи?! Бога не дава зли работи, туку човекот, човекот ги ствара тие војни, бомби и незнам што уште не!!! Барај од Бога да ти го смени животот, така само ќе дознаеш дека Тој, Севишниот постои!!!

А, Apokalipto Исус и Бог се едно исто тело, значи Исус е Бог, а Бог е Бог. Ако навлезеш подлабоко во Светото Тројство, ќе осознаеш дека Бог, Синот (Исус Христос) и Светиот Дух се едно тело!!!
Милиони луге го прифатиле како личен спасител,па сеуште гладуваат.
Каде е Бог за нив?
Каде е Бог за некои малечки деца,кои си ги оставаат животите,копајки дијаманти,за некој друг да се богати на нивна сметка?
Каде беше Бог,кога милиони Евреи умирале во концентрациони логори?
Па нели Евреите се негов народ?
Секојдневно лугето бараат од Бог мир,срека,здравје....колку од нив го добиваат тоа/
 
R

reactive89

Гостин
Од кај си толку сигурен дека Марија е зачната по натприроден пат?
Тоа го пишува во Библијата?
Па добро,во неа пишува и дека Исус и бил само заштитник на Марија Магдалена,но има човек кој тврди дека мегу нив имало и врска,и дека нивната крвна линија сеуште постои.Нормално,има 60% веројатност тоа да го прави само поради слава и пари,сепак тие 40% фрлаат сомеж на апсолутната вистина,која е со векови презентирана од Црквата,и која,очигледно не е толку апсолутна,нели?
Прочитај во Библијата каде што се опишува зачнувањето на Исуса и раѓањето негово... Таму вели:

Се симна ангел од небото и и' се објави на Марија и и' рече, Марија ти ќе зачнеш од Бога и ќе родиш син, ќе го наречеш Исус, и Тој ќе го спаси народот од неговото страдање!!!

Значи убаво си опиша дека Бог внесол род во Марија и она родила син...

И да одговорам, како може мајката со синот да имаат врска (односно ете како што вие викате однос (барем така сфатив))?!

И уште нешто е опишано во Библијата во врска со ова...

Јосиф имаше план да се ожени со Марија, но откако дозна тој се премисли, но тогаш ангел Господов му се јави на сон, и му рече, земи ја Марија за жена, зашто таа ќе роди Син кој ќе го наречеш Исус, тој е зачнат од Бога и Тој ќе му служи на Бога и ќе го спаси народот од грев! Тогаш, Јосиф стана и ја зеде Марија за жена...

Значи Јосиф и Марија биле заедно, а Исус им бил син.. Е сеа како е можно Марија да имала нешто со Исуса?! Боже мили, зарем некој ќе оди со мајка си?!
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Никаде не напишиав дека Мајката Божја е зачната по надприроден пат. Таа има свои биолошки родители , кои ја родиле на нивни поодминати години, после подоста молитви упатени кон Творецот. Напишав дека Синот Божји е роден по надприроден пат, така како што стои во текстот. А тоа дека Христос бил заштитник на Марија Магдалена-не ќе е баш така. Точно е дека од неа истерал демони и дека Марија (Магдалена) е една од првите жени кои го посетиле гробот Христов и кои забележале дека е празен. А што се однесува до вистината-таа е само во Црквата. Повеќе е од јасно дека сите научни вистин се релативни, а апсолутните вистини ги има само Црквата. Самиот Христос вели:“ Јас Сум вистината, патот и животот...“. Каде е Христос-таму е и вистината. Затоа Христос е глава на својата Црква, а верниците-нејзини членови.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Да дополнам: нејзино тело.
 
-Не ме свати,те прашав од кај знаеш дека Исус е зачнат по натприроден пат?
-Хахахаха....црквата ги има апсолутните вистини?Само ке те потсетам на нешто.Црквата порано викаше дека земјата е рамна,и го палеше секој кој ке се осмели да рече поинаку...
Ти веруваш дека земјата е рамна?И дека е центар на универзумот?
Ако човештвото останело на апсолутните вистини кои му ги нуди црквата,не верувам дека сега ја и ти ке имавме компјутери,туку најверојатно ке оравме ниви за некој земјопоседник и ке јадевме жаби за вечера,ако сме доволно срекни да го имаме и тоа...
 
R

reactive89

Гостин
Милиони луге го прифатиле како личен спасител,па сеуште гладуваат.
Каде е Бог за нив?
Каде е Бог за некои малечки деца,кои си ги оставаат животите,копајки дијаманти,за некој друг да се богати на нивна сметка?
Каде беше Бог,кога милиони Евреи умирале во концентрациони логори?
Па нели Евреите се негов народ?
Секојдневно лугето бараат од Бог мир,срека,здравје....колку од нив го добиваат тоа/

A, колку Бог добива од нив слава, чест, послушност, љубов итн. се запраша за тоа?! сакаш само да добиваш, а нејкеш да дадеш, епа не иде тоа така бе брат!

Пак истото се врти во круг! Луѓето сами на себе си прават лоши работи, Бог не ти дава тебе зло, туку ти самиот си го праиш...
А што си правиш, односно што си сееш тоа и ќе си го жнееш...

Немој да бараш вината кај Бога... зашто Тој е совршен, и не прави грешки.. туку ние сме тие кои не сме совршени и грешиме, правиме зли дела, за кои потоа го обвинуваме Бога, зашто?!

Тие работи немаат врска со Бога, туку ти самиот си ги праиш злите работи...
 
Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Прочитај во Библијата каде што се опишува зачнувањето на Исуса и раѓањето негово... Таму вели:

Се симна ангел од небото и и' се објави на Марија и и' рече, Марија ти ќе зачнеш од Бога и ќе родиш син, ќе го наречеш Исус, и Тој ќе го спаси народот од неговото страдање!!!

Значи убаво си опиша дека Бог внесол род во Марија и она родила син...

И да одговорам, како може мајката со синот да имаат врска (односно ете како што вие викате однос (барем така сфатив))?!

И уште нешто е опишано во Библијата во врска со ова...

Јосиф имаше план да се ожени со Марија, но откако дозна тој се премисли, но тогаш ангел Господов му се јави на сон, и му рече, земи ја Марија за жена, зашто таа ќе роди Син кој ќе го наречеш Исус, тој е зачнат од Бога и Тој ќе му служи на Бога и ќе го спаси народот од грев! Тогаш, Јосиф стана и ја зеде Марија за жена...

Значи Јосиф и Марија биле заедно, а Исус им бил син.. Е сеа како е можно Марија да имала нешто со Исуса?! Боже мили, зарем некој ќе оди со мајка си?!
Чекај бе малце....
-Прво,ја не реков дека Исус имал однос со мајка му,туку дека Исус е зачнат по природен пат,од неговиот татко Јосиф и мајка Марија.
-Второ,разликувај ги Марија(мајката на Исус) и Марија Магдалена(жената со која Исус наводно имал деца)
-Трето,не ми ја давај Библијата како доказ за било што,бидејки се што е напишано во неа,секојдневно се ниша се повеке и повеке.
-И четврто,сеуште не ми одговори каде е Бог за оние што секојдневно страдаат,а сепак го побарале...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Земјата не e рамна, тоа е запишано уште во шестодневот. Дека е рамна-тоа некој друг го тврди. Дека е центар на Универзумот-да, ама не во физичка и космичка смисла, туку во креативна и духовна. Рајот е на Земјата, не на Плутон или некој друг сончев систем. Адам е создаден на Земјата и внесен во Рајот, а не на Месечината. Во таа смисла, Земјата е центар на Вселената. Патем кажано, вероучението се занимава со духовно-етички категории, а не со научни. Во краен случај, комјутерот е создаден од човекот, но комјутерот не е дел и тема од православието. Понатаму: здравата наука НЕ Е ВО СПРОТИВНОСТ со Светото Писмо, туку многу често ги потврдува вистините запишани во Писмото, но само со друг речник, а сепак мислата и во Писмото и во науките е ИСТА.
П.С. Поздрав до сите форумџии.Се читаме и понатаму.
 
Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
A, колку Бог добива од нив слава, чест, послушност, љубов итн. се запраша за тоа?! сакаш само да добиваш, а нејкеш да дадеш, епа не иде тоа така бе брат!

Пак истото се врти во круг! Луѓето сами на себе си прават лоши работи, Бог не ти дава тебе зло, туку ти самиот си го праиш...
А што си правиш, односно што си сееш тоа и ќе си го жнееш...

Немој да бараш вината кај Бога... зашто Тој е совршен, и не прави грешки.. туку ние сме тие кои не сме совршени и грешиме, правиме зли дела, за кои потоа го обвинуваме Бога, зашто?!

Тие работи немаат врска со Бога, туку ти самиот си ги праиш злите работи...
Ахам...
А што ми згрешило на Бог,да речеме,некое бебе од Африка,кое уште од рагање е осудено да изгладне до смрт?
Зошто Бог му одредува таква судбина?
 
Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Земјата не рамна, тоа е запишано уште во шестодневот. Дека е рамна-тоа некој друг го тврди. Дека е центар на Универзумот-да, ама не во физичка и космичка смисла, туку во креативна и духовна. Рајот е на Земјата, не на Плутон или некој друг сончев систем. Адам е создаден на Земјата и внесен во Рајот, а не на Месечината. Во таа смисла, Земјата е центар на Вселената. Патем кажано, вероучението се занимава со духовно-етички категории, а не со научни. Во краен случај, комјутерот е создаден од човекот, но комјутерот не е дел и тема од православието. Понатаму: здравата наука НЕ Е ВО СПРОТИВНОСТ со Светото Писмо, туку многу често ги потврдува вистините запишани во Писмото, но само со друг речник, а сепак мислата и во Писмото и во науките е ИСТА.
П.С. Поздрав до сите форумџии.Се читаме и понатаму.
-А кој друг го тврди тоа,баш ме интересира?Ја знам дека тоа е Црквата и нејзината инквизиција.Или ке речеш сега дека не постоела инквизиција?
-Земјата не е центар на Универзумот.Размисли малце логично,Универзумот е бесконечен,зар е возможно живи организми да постојат само тука?Има милијарди понапредни цивилизации од нас,за кои ние сме само прости мајмуни и ништо повеке.Каква ти креативност...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
На Fabullous ( за бебето во Африка) ќе му одговорам утре.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А и за инквизицијата. Дочитање.
 
R

reactive89

Гостин
Чекај бе малце....
-Прво,ја не реков дека Исус имал однос со мајка му,туку дека Исус е зачнат по природен пат,од неговиот татко Јосиф и мајка Марија.
-Второ,разликувај ги Марија(мајката на Исус) и Марија Магдалена(жената со која Исус наводно имал деца)
-Трето,не ми ја давај Библијата како доказ за било што,бидејки се што е напишано во неа,секојдневно се ниша се повеке и повеке.
-И четврто,сеуште не ми одговори каде е Бог за оние што секојдневно страдаат,а сепак го побарале...
Прво, тоа дојде до недоразбирање, но сепак Исус не е по природен пат зачнат!
Второ: Марија Магдалена била веќе мажена и била бремена... така да таа теорија паѓа во вода...
Трето: Библијата тие жив доказ за се', така да тоа што некои луѓе го измислуваат и го наметнуваат во Библијата, не значи дека Библијата се клати веќе... тоа е глупаво така да се размислува!!! Тоа е Свето Писмо дадено директно од Бога!!!
Четврто: ти дадов одговор во минатиот пост али ај...
Неможеш да бараш, а да не дадеш нешто... зборам давање кон Бога... она што на Него му припаѓа, слава, чест, разговор, верата во Него... и сл... Јас за тие луѓе ќе кажам оти тие го прифатиле Бога, НО лажно, колку да се рече дека го прифатиле...
Вистиснкото прифаќање на Бога се подразбира искрено и вистинско предавање на себе си во Божјите раце!!!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom