Добро средени веѓи ја истакнуваат прво убавината на окото а после и на целото лице, особено ако се во склад со него. Плус даваат слика за среденоста и грижата на едно девојче/момче за нејзиниот/неговиот изглед.
Често се факам себеси како зјапам во нечии веѓи (дури и незгодно да ти падне)
)) За формата на немам некои посебни стандарди се додека одговараат на очите/лицето на тој што ги носи и се додека изгледаат што поприродно.
За првиот пат сметав дека ми е потребна професионална помош
) и ја користев максимално првите неколку месеци. Сега генерално ги средувам сама со привремени посети на козметичар кога поради X причини гадно ке ги зезнам
Што се однесува до машките... Тој што го гледал "Викенд на мртовци" знае најдобро како не треба да изгледаат машки (гајтан) веѓи. :pos2:
Значи максимално ги поддржувам нивните напори и желби да се средуваат и да си ја истакнат убавината на лицето, што во исто време НЕ значи дека треба да го следат женскиот терк на чупање веѓи