Од кога ќе ве извлечат имате околу 3 месеци да пополните формулар онлајн. Се подразбира дека информациите мораат да бидат точни бидејќи проверуваат се, и многу важно е што мора да внесете адреса во САД на која ќе ви стигне зелената карта откако ќе влезете. Е сега ако немате никој таму, прашајте по пријатели сигурно ќе се најде некој, и второ многу важно треба да внесете емаил адреса на која ќе ви стигне известување дека треба да го отворите формуларот за понатамошно процесирање. Овој емаил може многу лесно да го пропуштите затоа отворете очи, пишува нешто како no-reply и го добивате околу 2 месеци пред датумот за интервју. Кога ќе ве извлечат добивате број, со овој број ќе видите во кој месец бројот ќе ви стане актуелен за интервју, ако е многу низок тогаш може да ве викнат уште во Октомври-Ноември, ова се проверува на страната за визи на амеркинската влада. За документите, е прилично лесно да се соберат, прегледот трае едно половина час до час, зависи колку има гужва,(иако знам дека може да биде многу подолг) ви земаат крв, снимање ренген, ќе поразговарате со доктор и толку. Во амбасадата беа многу љубезни, ви ги средуваат документите, ќе ве викнат на неколку шалтери, може да ве прашаат некои прашања,само треба да бидете искрени бидејќи сум сигурна дека веќе имаат проверено се.Знам дека подолго време се задржуваа на луѓе кои имаат претходно одено во САД. Освен тоа, ме прашаа дали имам спонзор, им реков не бидејќи во официјалните пропозиции не го пишува тоа(меѓутоа носев потврда од банка дека имам пари на сметка, меѓутоа изводот беше околу 5 месеци стар).Тоа е тоа. Ќе го оставите пасошот и ќе треба да го земете наредниот ден заедно со плик кој никако не смеет да го отворате додека не слетате, после што ќе му го дадете на нивните службеници.Од датумот кога ќе ви ја стават визата имате 6 месеци да влезете, дотогаш немате никаков статус, зелената карта ќе ви стигне после неколку недели.Се надевам дека ова ќе им помогне на сите.