Добитници на лотарија за САД

Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
300
да разграничиме нешто

за лотаријата за зелена карта за САД може да аплицира секој

тоа што е пишано погоре се однесува на некој што Е ВЕЌЕ во САД и стапи во брак со некоја од тука а во тоа време е со зелена карта. партнерот или ќе си остане во земјата од која потекнува додека тој што е во САД не добие државјанство, па потоа полесно ќе си ја повлече другата половина таму или ќе поднесе барање додека е со зелена карта и ќе чека 2-3 години додека му одобрат, а за тоа време партнерот останува во земјата во која што живее

доколку е државјанин на САД постапката трае прилично кратко а брачниот другар може да живее во САД за време на постапката

од друга страна пак
доколку се аплицира од МК и личноста добие зелена карта, автоматски со тоа и неговата сопруга(сопруг) и невенчаните деца до 21 година добиваат зелена карта

проверено(y)
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
9.840
Поени од реакции
3.387
За Лотаријава во Вест пишуваше дека се аплицира преку интернет и е бесплатно. Јас ги пополнив податоците и на крај ми вика апликацијата се наплаќа. Што е работава?
 
W

wernstrom

Гостин
За Лотаријава во Вест пишуваше дека се аплицира преку интернет и е бесплатно. Јас ги пополнив податоците и на крај ми вика апликацијата се наплаќа. Што е работава?
Затоа што има илјадници преварантски страни, погледни ја оваа тема.
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
666
Еве зошто ме интересираше,оваа година прв пат се пријавив за зелена карта на официјалната страна ,каде што апликацијата е бесплатна и пријавувањето е 1 месец од 5 октомври до 3 ноември.
и пред некој ден добив порака на маил дека сум извлечен за зелена карата и да извршам уплата од 819 усд на некој агент од Британија,и начин на плаќање да е Вестерн Унион,и одма ми падна сумља дека е превара,само м беше чудно адресата на агентот се поклопува со адресата на Американската абасада во Британија.
еве слики од маилот што го добив,ги проверив сите домеини и немат никав врска со зелена карта освен што службено изгледа смао емаилот

--- надополнето: Jul 29, 2011 1:06 PM ---
лично и да ме извлечат,немам намера да одам во америка,бидејќи ако некој сака заработка во европа пдобро се заработува.
Znaci i mene mi stigna edno vakvo pismo so moite tocni podatoci, od kade sum, br. na tel i so istite baranja, odnosno da gi uplatam tie 819 dolari preku vester union no ne na ovaa ovde adresa tuku na :

Name : Christopher Harris
Address: 73 Queens Avenue
London, N20 0JB
United Kingdom

Da bidam iskrena ne sum ni sigurna deka sum popolnila prijava za aplikacija za green karta, znam deka ja razgleduvav stranata no periodot na aplikacija bese zavrsen. Taka da ostanuva ova pismo da e SPAM, iako deluva mnogu oficijalno. Ako sum greska ispravete me...pozz
 
К

Кики.

Ова е Spam, на многу луѓе им стигна вакво нешто. Вистината е дека ако ве извлечат за зелена карта, тогаш не треба ништо да плаќате.
 
S

Sagan

Гостин
доколку се аплицира од МК и личноста добие зелена карта, автоматски со тоа и неговата сопруга(сопруг) и невенчаните деца до 21 година добиваат зелена карта

проверено(y)
(y)
Мој комшија со грин кард замина заедно со жена му...
 
Член од
24 мај 2009
Мислења
8
Поени од реакции
0
Здраво.Јас аплицирав денес и потполно бесплатно е,кој има аплицирано за ДВ 2013 и каде може да се следат резултати дали знаете...
 
Член од
25 октомври 2010
Мислења
688
Поени од реакции
545
Здраво.Јас аплицирав денес и потполно бесплатно е,кој има аплицирано за ДВ 2013 и каде може да се следат резултати дали знаете...
На истата страна и мислам дека извлекувањето е некаде во мај, го знам тоа од лани,Чувај си го бројот и кога ке е извлекувањето можеж да си провериш.Иначе ако си извлечен ке бидеш информиран на твојот емаил, доклоку не си нема никаков одговор
 
PonTius

kukumjavka
Член од
25 февруари 2008
Мислења
29
Поени од реакции
3
Дај ве молам кажете ми на која страна да аплицирам, каде имате вие аплицирано?. Зошто гледам дека има мн страни на кои може да се заебе човек
--- надополнето: Nov 1, 2011 3:38 PM ---
Дај ве молам кажете ми на која страна да аплицирам, каде имате вие аплицирано?. Зошто гледам дека има мн страни на кои може да се заебе човек
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.590
Поени од реакции
2.706
Дај ве молам кажете ми на која страна да аплицирам, каде имате вие аплицирано?. Зошто гледам дека има мн страни на кои може да се заебе човек
--- надополнето: Nov 1, 2011 3:38 PM ---
Дај ве молам кажете ми на која страна да аплицирам, каде имате вие аплицирано?. Зошто гледам дека има мн страни на кои може да се заебе човек
Е, прочитај де...:)
Najdobro ti e da si prochitash sam na oficijalnata strana.da ima milioni sajtovi no samo edna OFICIJALNA. http://www.dvlottery.state.gov/

besplatno e apliciranjeto. sekade kade shto pishuva deka se plaka e laga.
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
4.610
Поени од реакции
227
А под претпоставка да речеме дека си избран, ама во меѓувреме си се предомислил и не сакаш да одиш?
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.627
Поени од реакции
38.525
А под претпоставка да речеме дека си избран, ама во меѓувреме си се предомислил и не сакаш да одиш?
Ќе ти пропадне шансата да имаш зелена карта и никому ништо.
Зарем би дозволил?
 
Freedom2say

only the sky is the limit
Член од
23 август 2010
Мислења
196
Поени од реакции
229
Знам дека секоја година илјадници луѓе од МК учествуваат на оваа лотарија со надеж дека ќе бидат извлечени. Процедурата ја знам. Ме интересира дали некој може и сака да сподели свои искуства што се случило откако бил извлечен - колку го/ја чинела целата процедура, што е битно и што бараат Американциве за да те примат во нивното „семејство“ ....
Значи, јасно ми е се што формално се бара од аспект на документи. Ме интересира делот кој никаде не е напишан - личните искуства на добитниците! Се надевам дека има такви кои добиле, а ќе најдат време да споделат :).
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.627
Поени од реакции
38.525
Верувам во оваа лотарија зошто мојата најдобра другарка замина преку нив во Америка. Беше во врска па го ожени дечкото пред тргање за да добие и он документи. Од кога ја извлекоа беше во Амбасада (ова е пред 6 години) и платија за секој по 800 долари. Се разбира немаа толку пари и земаа кредит. Ги добија документите и за одреден рок (мислам дека беше 6 месеци) мораше да направат влез во Америка. Таму ги пречека друга другарка која беше пред нив замината како размена на студенти (се разбира останата на црно во друг град). Ги смести кај неа и почна Американската историја:)
Се разбира Македонче како Македонче е полно со завист и без толеранција па кај неа седеа три недели. Јазикот го знаеше она, но дечкото беше прилично труп. Она веднаш најде работа со социјалниот број кој го зема кога стаса во пицерија препорачана од Македонци (значи секаде исто некој мора да те бутне). За три недели се сместија во друг стан под кирија. Спиеја на паркет имаа само едно чаршавче и навистина им беше тешко. Таму како цимери се претежно четворица или 5 души за да ги намалат трошоците, но они останаа сами. Набрзо по неа и дечкото најде работа во некој хотел да ги носи торбите до соба.
Работеа по цел ден и учеа јазик, а летно време си идеа во Македонија (карта повратна им е 1000 долари). Денес после 6 години не сакаат да слушнат за назад, таму се прилагодија имаат пријатели од цел свет, таму има многу Македонци, Срби и Босанци па така да живеат убаво. Имаат две коли и стан кој го земаа на кредит и ќе плаќаат рати. Плус она зема и Америчко државјанство и пасош така да може да го шета цел свет без проблем и да аплицира за работа каде сака.
Тешко е само прилагодувањето, потоа се ќе биде добро.

И не напоменав, моментално е многу тешко за работа во Америка, кризата ги утепа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom