Дневен весник Капитал?

Dobredojden

лаком газ трагедија...
Член од
20 март 2010
Мислења
11
Поени од реакции
0


„Нова Македонија“ лани ја отвори темата и ја проблематизира кандидатурата на Адижес поради некои заслуги поврзани со некои ангажмани, за одредени ставови изнесени во две скандалозни изјави. Првата, неформална, и дадена во круг на свои познаници, а втората, раскошно распослана во три интервјуа за неделникот „Капитал“, за ТВ Алфа и за неделникот „Глобус“. Академикот Адижес имено тврдел дека неговиот избор за член на МАНУ е „завршена работа“, зашто „тоа му го ветил Бранко“, тогашниот шеф на македонската држава Бранко Црвенковски, со кого, освен за својот научнички статус, разговарал и за спорот со Грција во врска со името (!?).

Проблемот со името е во тоа што Македонците не знаат што се“. „Кога Македонците би знаеле што се, нема воопшто да им е гајле како ќе ги викаат. Тогаш соседите можат да им ја нарекуваат државата и Монголија, а тие, сепак, ќе знаат дека се Македонци“.


Капитал и Зиков се само продолжена рака на Влашкото лоби, еден од гласноговорниците и медиумски инструмент за промена на името.

не 70 туку 50% од темите му се политички, а останатите 50 имаат политичка сенка
Погрешни се ваквите тврдења дека Капитал тера некоја политика на олигарсите и влашкото лоби или СДСМ. Магазинот го читам речиси од неговиот почеток и можам најотворено да кажам дека постојано турка Економија и ги подржува и најмалите економски прокти во земјава. Како доказ ќе ти го приложам специјалното издание посветено на Груевски во 2006 година една недела пред изборите кога победи ВМРО. Неделникот тогаш отворено застана зад Преродбата, а сега преку бројките има право и истата да ја критикува. Сепак Капитал го сметам за еден од најобјективните весници во Македонија.






Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
НЕМА ДА БИДЕМЕ СЕРВИС НА ОЛИГАРСИТЕ
За директорското место во Фондот за здравство ќе распишеме меѓународен конкурс. Таму ќе има најмалку двајца директори со врзан потпис, или принцип на четири очи. По принципот на менаџирањето на банките. Секако пред конкурсот ќе има консултантска куќа која ќе анимира квалитетни интересенти, успешни менаџери. Тоа ќе го спроведеме и за управување на Македонската радио телевизија. На сите им дадовме на знаење дека новата влада мора да биде со вистинските луѓе на вистинските места. Независно кој каква позиција има во својата партија.

Ќе ангажираме компетентни млади луѓе кои пред се се ентузијасти. Некои од нив не живеат сега во Македонија. Живеат во САД, во државите од ЕУ, некои од нив сега се тука, но работат за странски институции, мисии и тие сега не се во можност да се експонираат, иако имаат капацитети. Многумина работат и во државната администрација, но за жал најчесто се маргинализирани и не се користи нивниот потенцијал.

Никола Стојанов
nikola@kapital.com.mk

Амбициозна економска програма, полна со рокови за исполнување на мерки кои треба да го подобрат животниот стандард на просечниот Македонец и нашата земја да ја направат мета на инвеститорите. Ова го ветува ВМРО-ДПМНЕ во својата предизборна програма Преродба во 100 чекори. Многумина проектот го оценуваат како премногу амбициозен. Груевски верува во себе, во луѓето што ги планира во тимот со кој бескомпромисно ќе расчисти со корупцијата, ќе именува за директори – менаџери професионалци. Вели дека нема да прави компромиси со коалициските партнери и дека ќе ангажира многумина млади непартиски кадри-стручњаци од своите области кои докажале дека вредат во светот. Најавува снижување на даноци, промена на имиџот на Македонија, ангажман на странски консултанти.

Наближуваат изборите, во програмата на ВМРО-ДПМНЕ ветувате екомонски растеж двојно повисок животен стандард, како ќе го реализирате тоа, сега роковите што си ги поставивте изгледаат премногу амбициозни?
Нашата проекција е дека со спроведувањето на зацртаните економски политики Македонија може да има раст на БДП од 6% до 8%. Тоа не е нешто што е недостижно оти го имале многу земји од централна и од источна Европа. Дури и актуелниот министер за финансии Никола Поповски, во една од своите изјави рече дека е можен раст на БДП до 6%, но дека не би можело повеќе од тоа. Разликата помеѓу нас и нив е во тоа што ние цениме дека има шанса да овозможиме и раст над 6%, можеби до 8%. Разликата е во методите и начините што ќе ги примениме. Ние цениме дека реформите и мерките во наредните четири години треба да се спроведуваат и превземаат, што досега не беше случај. Се зборуваше многу, но немаше конкретни мерки. Нашата стратегија ја темелиме на три столбови со групи на мерки. Првиот столб се мерки со кои ќе ја зголемиме конкурентската способност на домашните компании, втората група мерки е што треба да ја “продадеме” Македонија како успешна приказна за да дојдат многу повеќе странски инвеститори и третиот столб се мерките со кои треба да редуцира корупцијата. Третата група мерки би било нормално да бидат дел од првите два столба. Меѓутоа во земјава толку е голема перцепцијата за постоење на корупција што мора одделно да се обработи тоа. Заради тоа редуцирањето на корупцијата во бирократијата е посебен таргет за нас. Во изминативе два месеци имав средби барем со дваесетина странски инвеститори. Ги прашав што е тоа што ги обесхрабрува. Дури 90% од нив рекоа дека проблем се корупцијата и бирократијата. При тоа сите мислат на корупцијата во бирократијата. Тоа ги колеба и домашните и странските инвеститори. Не случајно Македонија е на 103 место на листата на земји според нивото на корупција. Заради тоа во нашата изборна програма го користиме слоганот нулта толеранција за корупцијата. Тргнуваме од најниските позиции: од референтите на шалтерите па до министрите кои треба да бидат пример за сите. Постои едно правило: ако подолг период има интензивна или честа корупција во некое министерство не може да се каже дека првиот човек на ресорот не знае за тоа. Или дека не е вмешан во тоа. Заради тоа се концентриравме на ова и во програмата предвидуваме нова Агенција за борба против корупција и против организиран криминал. Таа ќе може да врши конфискација на имот и да врши лустрација (забрана за вршење политичка дејност). Освен ова сакаме да го зајакнеме капацитетот на Царинската управа со набавка на современи скенери со кои не ќе мора да се растоваарат шлепери за да се види што носат. Тоа ќе ја зголеми ефикасноста на цариниците, ќе ја намали сивата економија.


Во програмата има многу конкретни мерки и рокови. Дали е програмата тестирана со економски модели или се работи најмногу за превземање на успешни примери спроведени претходно во други земји?
Мерките во програмата се комбинација на она што е детектирано како голем проблем во земјава со најдобрите искуства од некои држави кои би можеле да се применат кај нас. Програмата ја подготвуваа група домашни и странски експерти. Работевме тимски и мислам дека програмата е многу амбициозна, но е изводлива. Некои луѓе сметаат дека за оваа програма не е доволен еден мандат. Мислам дека со ова темпо на работа како што работи сега власта од СДСМ навистина требаат неколку мандати за оваа програма. Да, нашата програма е амбициозна, но ако немаме големи амбиции нема да имаме ниту резултати. Може да се случи да доцниме со некој рок, неколку месеци или слично. Но, јас велам камо среќа и досега не со месеци, туку со цела една година задоцнување да се исполнуваа ветувањата на СДСМ. Досега Македонија ќе изгледаше многу поразлично, и поубаво, од тоа што сега е.

Во нашата програма има големи и суштински важни проекти. Дела кои конечно Македонија ќе ја мдрнат од дното. Програмата има многу конкретни проекти што можат да се спроведат. Да споменам дека планираме единствена даночна стапка,популарно наречена рамен данок, флет рејт такс за данокот на добивка и на персоналниот данок. Тоа би го оствариле во две фази од кои во финалната и двата даноци би биле со стапка од 10%. Ова е тренд во Европа многу држави го применија и даде мноштво позитивни резултати. Освен ова секоја реинвестираната добивка ќе биде ослободена од оданочување. Ова е клучна работа за странски инвеститори. Повторно ќе го вратиме принципот за повраток на ДДВ во рок од едем месец и државата да плаќа пенали доколку доцни.

Најавувате многу силни реформи кои се спротивни на интересите на нашите бизнис олигарси. Како ќе се справите со нивното влијание?
Немаме намера да дојдеме на позицијата на која што се подготвуваме да дојдеме за да им помогнеме на нив како што тоа го прави СДСМ. Едноставно тие ќе мора да се прилагодат на новиот начин на работење. Ние не можеме да бидеме сервис на олигарсите. Тоа никогаш не сум бил, ниту можам да бидам. Планираме во првите 60 дена да објавиме оглас за издавање концесија за трет мобилен оператор. Ветуваме дека веднаш ќе ги елиминираме сите законски пречки кои досега намерно не се отстранети заради што не може да се либерализира фиксната телефонија. Мислам дека во земјава ќе се создаде поинаква клима за инвестиции. Притисокот што сега го прават некои олигарси врз Владата, ја доведоа земјава на дното на држави според ниво на странски инвестиции. Зошто многумина ја заобиколуваат Македонија и не вложуваат во земјава? Нашиот систем продуцира висока корупција и огромно влијание на олигарските врз систем.



Грција има проблем со нашето име, а не ние
Клучни работи : Спорот за името што ни го наметна Грција, демаркација на границата со Косово и решавање на имотниот статус на децата бегалци и на нивните наследници во северна Грција?
Грција има проблем со нашето име и очекувам дека имаат цел тој проблем да го решаваат што побрзо. Би барал начини да помогнеме во процесот тоа прашање да се реши што побрзо. Но нашиот став за неменување на уставното име е дециден и немаме намера да го менуваме. Во секој случај сме подготвени да помогнеме да се најде решение со кое Грција ќе го елимира својот проблем. Ние немаме некој сериозен проблем по тоа прашање, но Грција има. Свесен сум дека во иднина би можеле да имаме помали проблеми што би ги наметнала таа страна, особено во процесот на евроинтеграциите. Сепак треба да се одржуваат добри релациите со јужниот сосед и да ги продолжиме разговорите и да најдеме солуција во која нашето уставно име останува, а тие ќе можат како така да излезат од сегашниот вртлог во кој се заплеткаа.



ЦЕЛО ИНТЕРВЈУ: http://www.kapital.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=65&EditionID=515&ArticleID=11089


 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
да ама Бизнис е посебен дневен весник, се имаш збунето нешто. Ова е инпресумот на Капитал, Колемишевски го нема нигде тој си го тера неговиот весник бизнисМКД http://biznis24.com.mk/

Претседател на
Одборот на содружници:
Љупчо Зиков


Извршен директор:
Гордана Михајловска

Главен и Одговорен уредник:
Биљана Здравковска

Заменик Главен и
Одговорен уредник:
Спасијка Јованова

Графички и IT директор:
Николај Томашевски

Главен уредник на www.total.com.mk и
Специјални прилози:
Верица Јорданова

Редакција:

Биљана Здравковска, Игор Петровски,
Верица Јорданова, Маја Бајалска,
Александар Писарев Александра Спасевска,
Гојко Кешељ, Горан Лефков
Prav si greshkata e kaj mene. Odnosno kaj toj shto mi ja prosledi ovaa informacija :


Toj mi napisha deka feljtonot ke odi vo novit dneven vesnik.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Погрешни се ваквите тврдења дека Капитал тера некоја политика на олигарсите и влашкото лоби или СДСМ. Магазинот го читам речиси од неговиот почеток и можам најотворено да кажам дека постојано турка Економија и ги подржува и најмалите економски прокти во земјава. Како доказ ќе ти го приложам специјалното издание посветено на Груевски во 2006 година една недела пред изборите кога победи ВМРО. Неделникот тогаш отворено застана зад Преродбата, а сега преку бројките има право и истата да ја критикува. Сепак Капитал го сметам за еден од најобјективните весници во Македонија.
1.место за интервју беше одстапено за двете страни пред изборите
2.спомнав име на држава а не дневна политика, не знам зошто одма скокна во одбрана со интервјуто на груевски

3.ВЛАШКО АНТИ МАКЕДОНСКО ЛОБИ



Капитал беше еденствениот печатен медиум кој во невидена координација со АЛФА ТВ му одстапи место на адижез за овој може да не врега и плука.

Проблемот со името е во тоа што Македонците не знаат што се


Капитал во континуитет на цел глас објавува или под ракав подбутнува анализи наслови и цели текстови КАКО СМЕ ТРЕБАЛЕ ДА СИ ГО СМЕНИМЕ ИМЕТО

Капитал е сопственост на Штерјо Наков


Капитал почнува со дневна политика

да не почнувам со бизнис анализите, позамените текстови и чкарт интервјуа
 

Dobredojden

лаком газ трагедија...
Член од
20 март 2010
Мислења
11
Поени од реакции
0
1.место за интервју беше одстапено за двете страни пред изборите
2.спомнав име на држава а не дневна политика, не знам зошто одма скокна во одбрана со интервјуто на груевски

3.ВЛАШКО АНТИ МАКЕДОНСКО ЛОБИ



Капитал беше еденствениот печатен медиум кој во невидена координација со АЛФА ТВ му одстапи место на адижез за овој може да не врега и плука.

Проблемот со името е во тоа што Македонците не знаат што се


Капитал во континуитет на цел глас објавува или под ракав подбутнува анализи наслови и цели текстови КАКО СМЕ ТРЕБАЛЕ ДА СИ ГО СМЕНИМЕ ИМЕТО

Капитал е сопственост на Штерјо Наков


Капитал почнува со дневна политика

да не почнувам со бизнис анализите, позамените текстови и чкарт интервјуа
Со интервјуто сакав да покажам дека весникот нема стрктно насочена политика како другите медиуми во земјава и цело време си турка економија. А во однос на политиката јас сакам како читател да ги погледнам сите факти, зошто да не им се даде простор во медиумите и на тие што мислат поинаку во врска со промена на името. И еден медиум ако даде простор на некој што смета поинаку не значи дека турка таква политика. Исто се случуваше и со А1 во 2001 година кога сите ја обвинуваа дека застанала на страна на албанците затоа што секогаш имаше ексклузива од Шарпланина. Првото правило на новинарството е да ги покаже сите страни засегнати од еден проблем, така да тоа што некој ќе зборува за некој проблем во весникот не значи дека уредувачката политика го поддржува тоа. Мене лично Капитал како бизнис магазин ми се допаѓаше многу, незнам шо ќе биде со дневниот весник, ама настрана политиката и сопственоста во земјава беше потребен дневен весник за економија, доста веќе сме бомбардирани со името, партиските препукувања и црна хроника :uvo:
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
151
Поени од реакции
12
Dobredojden, не се труди да учиш старо магаре нови трикови. Тој има закоравен ум е секогаш гледа консиративно на се. За него и детскиот весник Развигор е опасна алатка за перење на мозоците на младите македонски дечиња! Слобода на говор за него е непознат поим! :kesa:
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Dobredojden, не се труди да учиш старо магаре нови трикови. Тој има закоравен ум е секогаш гледа консиративно на се. За него и детскиот весник Развигор е опасна алатка за перење на мозоците на младите македонски дечиња! Слобода на говор за него е непознат поим! :kesa:
Со интервјуто сакав да покажам дека весникот нема стрктно насочена политика како другите медиуми во земјава и цело време си турка економија.
јас ти говорам од позиција на подобро познавање на кругот на Зиков, а не типкање по форуми.

КАПИТАЛ во координација со АЛФА (двете под капата на штерјо наков) координирано објавуваат тендециозни вести!!! Ф А К Т кој можеш да го провериш во секој број на капитал!

конкретно околу бизнис делот

- погрешни анализи и катастрофални предвидувања
- украдени и препишани совети бо кариери менаџмент и други сегменти на капитал, преведни од странски печат, честопати неприменливи туја
- интервјуата (моите омилени) со истрошени личности, и често Олигарси и политичари, луге кој незнаат Б од Бизнис завршуваат на насловните на капитал солејки муда како со крв и пот ги спечалиле милионите претставувајки со ко (пази сега) бизнис гуруа:vozbud::vozbud::vozbud:
- дневната политика го зафти како канцер половина списание
- ПРОМЕНА НА ИМЕ во секој број, поголем тираж ке вади во Грција со такви наслови

Капитал добро почна но фати кривини зачинети со многу пари и политика, не нуди ништо квалитетно и прецизно, обично го читаат квази балкан менаџерџиња и бизнисменчиња што сакаат да изгледаат важно.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151


„Нова Македонија“ лани ја отвори темата и ја проблематизира кандидатурата на Адижес поради некои заслуги поврзани со некои ангажмани, за одредени ставови изнесени во две скандалозни изјави. Првата, неформална, и дадена во круг на свои познаници, а втората, раскошно распослана во три интервјуа за неделникот „Капитал“, за ТВ Алфа и за неделникот „Глобус“. Академикот Адижес имено тврдел дека неговиот избор за член на МАНУ е „завршена работа“, зашто „тоа му го ветил Бранко“, тогашниот шеф на македонската држава Бранко Црвенковски, со кого, освен за својот научнички статус, разговарал и за спорот со Грција во врска со името (!?).

Проблемот со името е во тоа што Македонците не знаат што се“. „Кога Македонците би знаеле што се, нема воопшто да им е гајле како ќе ги викаат. Тогаш соседите можат да им ја нарекуваат државата и Монголија, а тие, сепак, ќе знаат дека се Македонци“.


Капитал и Зиков се само продолжена рака на Влашкото лоби, еден од гласноговорниците и медиумски инструмент за промена на името.

не 70 туку 50% од темите му се политички, а останатите 50 имаат политичка сенка

благодарам шо ме просветли да не го купувам,неможе некој пери мозок да ми праи,посебно власите кои ич не и сакам

чим го слушнам тој наков,зиков,адижес даскаловски демек професор,аууууу, не благодарам јас знам кој сум и се му е џабе.......посебно ми се интересни на алфа викат 4 истомисленици демек ке дебатират и нашироко свршуваат насвоите факти кои само они знаат дека се факти и навечер дркат на нив,тоа ако е дебата.....цццц на А1 има барем еден од спротивниот табор.......:nenene:
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Добар е весников редовно го користам кога сум во кенеф, а нема тоалетна хартија :tv:
 

Dobredojden

лаком газ трагедија...
Член од
20 март 2010
Мислења
11
Поени од реакции
0
Добар е весников редовно го користам кога сум во кенеф, а нема тоалетна хартија :tv:
хахахаха, е то е предноста на печатените медиуми, споредено со онлајн весниците, затоа е штета да ги нема

Dobredojden, не се труди да учиш старо магаре нови трикови. Тој има закоравен ум е секогаш гледа консиративно на се. За него и детскиот весник Развигор е опасна алатка за перење на мозоците на младите македонски дечиња! Слобода на говор за него е непознат поим! :kesa:
И ја незнам што се убедувам. Темава ја отворив чисто да видам како ви се виде весников, ипак не излегува секој ден нов бизнис весник во државава, а стигнавме да дискутирамедо името. Е затоа не ја бива држава се некој е против нас, се некој ни спрема заговор.... И јас лично не сум за промена на името, но итоа како сум за економски прогрес во земјава, а се додека името и политиката ни се главна преокупација никогаш нема да тргнеме напред..Хрватска и Србија се отепаа од војни и пак како тигри скокнаа напред и почнаа заеднички да водат бизнис, а ние не можеме меѓу нас да се погодиме... Катастрофи..
 
Член од
21 март 2010
Мислења
1
Поени од реакции
0
Makedoncki....od takvi zakoraveni umovi kako tebe drzavava ni odi vo kor sokak!!!
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.001
Поени од реакции
5.635
Сум го читал неделникот... а еве сега почнуваат и со дневен весник. Мислам дека имам далеку попаметна работа од тоа да трошам 500 и кусур денари месечно за весник и неделник кои форсираат антивладина политика, т.е. не гледам потреба да давам пари за нешто во кое очигледно од километар се гледа го поддржуваат СДСМ...
Како неопределен човек, човек кој не поддржува ниту една партија, разочаран сум од вакви изданија, Капитал има огромен потенцијал, ама штета што некој меша премногу онаму каде што не е место. Капитал би бил далеку подобар неделник/дневник доколку непристрасно се гледа на работите.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Makedoncki....od takvi zakoraveni umovi kako tebe drzavava ni odi vo kor sokak!!!
освен бабетински клетви јас не чув контрааргументи,

поздрави го Зиков, доследно ги следи политичките партии ангажирајки ботчиња бесплатно да му го промовираат весникот по блогови и форуми.
:helou:
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.001
Поени од реакции
5.635
освен бабетински клетви јас не чув контрааргументи,

поздрави го Зиков, доследно ги следи политичките партии ангажирајки ботчиња бесплатно да му го промовираат весникот по блогови и форуми.
:helou:
Герила маркетинг :pos:
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
151
Поени од реакции
12
јас ти говорам од позиција на подобро познавање на кругот на Зиков, а не типкање по форуми.

КАПИТАЛ во координација со АЛФА (двете под капата на штерјо наков) координирано објавуваат тендециозни вести!!! Ф А К Т кој можеш да го провериш во секој број на капитал!

конкретно околу бизнис делот

- погрешни анализи и катастрофални предвидувања
- украдени и препишани совети бо кариери менаџмент и други сегменти на капитал, преведни од странски печат, честопати неприменливи туја
- интервјуата (моите омилени) со истрошени личности, и често Олигарси и политичари, луге кој незнаат Б од Бизнис завршуваат на насловните на капитал солејки муда како со крв и пот ги спечалиле милионите претставувајки со ко (пази сега) бизнис гуруа:vozbud::vozbud::vozbud:
- дневната политика го зафти како канцер половина списание
- ПРОМЕНА НА ИМЕ во секој број, поголем тираж ке вади во Грција со такви наслови

Капитал добро почна но фати кривини зачинети со многу пари и политика, не нуди ништо квалитетно и прецизно, обично го читаат квази балкан менаџерџиња и бизнисменчиња што сакаат да изгледаат важно.
Ме интересира што ти конкретно читаш од печатените медиуми во Македонија?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom