Dobredojden
лаком газ трагедија...
- Член од
- 20 март 2010
- Мислења
- 11
- Поени од реакции
- 0
Погрешни се ваквите тврдења дека Капитал тера некоја политика на олигарсите и влашкото лоби или СДСМ. Магазинот го читам речиси од неговиот почеток и можам најотворено да кажам дека постојано турка Економија и ги подржува и најмалите економски прокти во земјава. Како доказ ќе ти го приложам специјалното издание посветено на Груевски во 2006 година една недела пред изборите кога победи ВМРО. Неделникот тогаш отворено застана зад Преродбата, а сега преку бројките има право и истата да ја критикува. Сепак Капитал го сметам за еден од најобјективните весници во Македонија.
„Нова Македонија“ лани ја отвори темата и ја проблематизира кандидатурата на Адижес поради некои заслуги поврзани со некои ангажмани, за одредени ставови изнесени во две скандалозни изјави. Првата, неформална, и дадена во круг на свои познаници, а втората, раскошно распослана во три интервјуа за неделникот „Капитал“, за ТВ Алфа и за неделникот „Глобус“. Академикот Адижес имено тврдел дека неговиот избор за член на МАНУ е „завршена работа“, зашто „тоа му го ветил Бранко“, тогашниот шеф на македонската држава Бранко Црвенковски, со кого, освен за својот научнички статус, разговарал и за спорот со Грција во врска со името (!?).
Проблемот со името е во тоа што Македонците не знаат што се“. „Кога Македонците би знаеле што се, нема воопшто да им е гајле како ќе ги викаат. Тогаш соседите можат да им ја нарекуваат државата и Монголија, а тие, сепак, ќе знаат дека се Македонци“.
Капитал и Зиков се само продолжена рака на Влашкото лоби, еден од гласноговорниците и медиумски инструмент за промена на името.
не 70 туку 50% од темите му се политички, а останатите 50 имаат политичка сенка
Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
НЕМА ДА БИДЕМЕ СЕРВИС НА ОЛИГАРСИТЕ
За директорското место во Фондот за здравство ќе распишеме меѓународен конкурс. Таму ќе има најмалку двајца директори со врзан потпис, или принцип на четири очи. По принципот на менаџирањето на банките. Секако пред конкурсот ќе има консултантска куќа која ќе анимира квалитетни интересенти, успешни менаџери. Тоа ќе го спроведеме и за управување на Македонската радио телевизија. На сите им дадовме на знаење дека новата влада мора да биде со вистинските луѓе на вистинските места. Независно кој каква позиција има во својата партија.
Ќе ангажираме компетентни млади луѓе кои пред се се ентузијасти. Некои од нив не живеат сега во Македонија. Живеат во САД, во државите од ЕУ, некои од нив сега се тука, но работат за странски институции, мисии и тие сега не се во можност да се експонираат, иако имаат капацитети. Многумина работат и во државната администрација, но за жал најчесто се маргинализирани и не се користи нивниот потенцијал.
Никола Стојанов
nikola@kapital.com.mk
Амбициозна економска програма, полна со рокови за исполнување на мерки кои треба да го подобрат животниот стандард на просечниот Македонец и нашата земја да ја направат мета на инвеститорите. Ова го ветува ВМРО-ДПМНЕ во својата предизборна програма Преродба во 100 чекори. Многумина проектот го оценуваат како премногу амбициозен. Груевски верува во себе, во луѓето што ги планира во тимот со кој бескомпромисно ќе расчисти со корупцијата, ќе именува за директори – менаџери професионалци. Вели дека нема да прави компромиси со коалициските партнери и дека ќе ангажира многумина млади непартиски кадри-стручњаци од своите области кои докажале дека вредат во светот. Најавува снижување на даноци, промена на имиџот на Македонија, ангажман на странски консултанти.
Наближуваат изборите, во програмата на ВМРО-ДПМНЕ ветувате екомонски растеж двојно повисок животен стандард, како ќе го реализирате тоа, сега роковите што си ги поставивте изгледаат премногу амбициозни?
Нашата проекција е дека со спроведувањето на зацртаните економски политики Македонија може да има раст на БДП од 6% до 8%. Тоа не е нешто што е недостижно оти го имале многу земји од централна и од источна Европа. Дури и актуелниот министер за финансии Никола Поповски, во една од своите изјави рече дека е можен раст на БДП до 6%, но дека не би можело повеќе од тоа. Разликата помеѓу нас и нив е во тоа што ние цениме дека има шанса да овозможиме и раст над 6%, можеби до 8%. Разликата е во методите и начините што ќе ги примениме. Ние цениме дека реформите и мерките во наредните четири години треба да се спроведуваат и превземаат, што досега не беше случај. Се зборуваше многу, но немаше конкретни мерки. Нашата стратегија ја темелиме на три столбови со групи на мерки. Првиот столб се мерки со кои ќе ја зголемиме конкурентската способност на домашните компании, втората група мерки е што треба да ја “продадеме” Македонија како успешна приказна за да дојдат многу повеќе странски инвеститори и третиот столб се мерките со кои треба да редуцира корупцијата. Третата група мерки би било нормално да бидат дел од првите два столба. Меѓутоа во земјава толку е голема перцепцијата за постоење на корупција што мора одделно да се обработи тоа. Заради тоа редуцирањето на корупцијата во бирократијата е посебен таргет за нас. Во изминативе два месеци имав средби барем со дваесетина странски инвеститори. Ги прашав што е тоа што ги обесхрабрува. Дури 90% од нив рекоа дека проблем се корупцијата и бирократијата. При тоа сите мислат на корупцијата во бирократијата. Тоа ги колеба и домашните и странските инвеститори. Не случајно Македонија е на 103 место на листата на земји според нивото на корупција. Заради тоа во нашата изборна програма го користиме слоганот нулта толеранција за корупцијата. Тргнуваме од најниските позиции: од референтите на шалтерите па до министрите кои треба да бидат пример за сите. Постои едно правило: ако подолг период има интензивна или честа корупција во некое министерство не може да се каже дека првиот човек на ресорот не знае за тоа. Или дека не е вмешан во тоа. Заради тоа се концентриравме на ова и во програмата предвидуваме нова Агенција за борба против корупција и против организиран криминал. Таа ќе може да врши конфискација на имот и да врши лустрација (забрана за вршење политичка дејност). Освен ова сакаме да го зајакнеме капацитетот на Царинската управа со набавка на современи скенери со кои не ќе мора да се растоваарат шлепери за да се види што носат. Тоа ќе ја зголеми ефикасноста на цариниците, ќе ја намали сивата економија.
Во програмата има многу конкретни мерки и рокови. Дали е програмата тестирана со економски модели или се работи најмногу за превземање на успешни примери спроведени претходно во други земји?
Мерките во програмата се комбинација на она што е детектирано како голем проблем во земјава со најдобрите искуства од некои држави кои би можеле да се применат кај нас. Програмата ја подготвуваа група домашни и странски експерти. Работевме тимски и мислам дека програмата е многу амбициозна, но е изводлива. Некои луѓе сметаат дека за оваа програма не е доволен еден мандат. Мислам дека со ова темпо на работа како што работи сега власта од СДСМ навистина требаат неколку мандати за оваа програма. Да, нашата програма е амбициозна, но ако немаме големи амбиции нема да имаме ниту резултати. Може да се случи да доцниме со некој рок, неколку месеци или слично. Но, јас велам камо среќа и досега не со месеци, туку со цела една година задоцнување да се исполнуваа ветувањата на СДСМ. Досега Македонија ќе изгледаше многу поразлично, и поубаво, од тоа што сега е.
Во нашата програма има големи и суштински важни проекти. Дела кои конечно Македонија ќе ја мдрнат од дното. Програмата има многу конкретни проекти што можат да се спроведат. Да споменам дека планираме единствена даночна стапка,популарно наречена рамен данок, флет рејт такс за данокот на добивка и на персоналниот данок. Тоа би го оствариле во две фази од кои во финалната и двата даноци би биле со стапка од 10%. Ова е тренд во Европа многу држави го применија и даде мноштво позитивни резултати. Освен ова секоја реинвестираната добивка ќе биде ослободена од оданочување. Ова е клучна работа за странски инвеститори. Повторно ќе го вратиме принципот за повраток на ДДВ во рок од едем месец и државата да плаќа пенали доколку доцни.
Најавувате многу силни реформи кои се спротивни на интересите на нашите бизнис олигарси. Како ќе се справите со нивното влијание?
Немаме намера да дојдеме на позицијата на која што се подготвуваме да дојдеме за да им помогнеме на нив како што тоа го прави СДСМ. Едноставно тие ќе мора да се прилагодат на новиот начин на работење. Ние не можеме да бидеме сервис на олигарсите. Тоа никогаш не сум бил, ниту можам да бидам. Планираме во првите 60 дена да објавиме оглас за издавање концесија за трет мобилен оператор. Ветуваме дека веднаш ќе ги елиминираме сите законски пречки кои досега намерно не се отстранети заради што не може да се либерализира фиксната телефонија. Мислам дека во земјава ќе се создаде поинаква клима за инвестиции. Притисокот што сега го прават некои олигарси врз Владата, ја доведоа земјава на дното на држави според ниво на странски инвестиции. Зошто многумина ја заобиколуваат Македонија и не вложуваат во земјава? Нашиот систем продуцира висока корупција и огромно влијание на олигарските врз систем.
Грција има проблем со нашето име, а не ние
Клучни работи : Спорот за името што ни го наметна Грција, демаркација на границата со Косово и решавање на имотниот статус на децата бегалци и на нивните наследници во северна Грција?
Грција има проблем со нашето име и очекувам дека имаат цел тој проблем да го решаваат што побрзо. Би барал начини да помогнеме во процесот тоа прашање да се реши што побрзо. Но нашиот став за неменување на уставното име е дециден и немаме намера да го менуваме. Во секој случај сме подготвени да помогнеме да се најде решение со кое Грција ќе го елимира својот проблем. Ние немаме некој сериозен проблем по тоа прашање, но Грција има. Свесен сум дека во иднина би можеле да имаме помали проблеми што би ги наметнала таа страна, особено во процесот на евроинтеграциите. Сепак треба да се одржуваат добри релациите со јужниот сосед и да ги продолжиме разговорите и да најдеме солуција во која нашето уставно име останува, а тие ќе можат како така да излезат од сегашниот вртлог во кој се заплеткаа.
ЦЕЛО ИНТЕРВЈУ: http://www.kapital.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=65&EditionID=515&ArticleID=11089