Дијаспората првпат ќе избира претседател!

Член од
24 март 2010
Мислења
15.205
Поени од реакции
25.939
Ништо трагично. Во ниеден случај не може да го променат исходот, а и да можат, во државава имаме многу покритични групи што го можат истото, па не се потресуваме.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Za toa deka dijasporata treba da ima pravo na glas, sekako deka da (imase porano temi, me mrzi da poftoram referati).

No, na site vo dijasporata im preporacunam da ne glasaat i da ne davaat legitimacija za toa sto se pravi vo Makedonija vo poslednite godini. Posleden pat isto funkcionirae tivkiot bojkot, taka treba i sega. Inace vo dijasporata ima solidna kriticna masa, ne gi potcenuvajte lugjeto.

Drugo prasajne: Kako ke vliaje pravoto na glas od dijasporata vo kvorumot? Neli imase kvorum za izbor na pretsedatel. A i dali e dozvoleno da se glasa preku posta ili Internet ili samo licno vo ambasadite?
Јас мислам дека ни треба друг закон за гласање. Секој оној што е три месеци надвор да изгуби право на глас. Со таа мерка ќе се спречи чартер гласањето на Албанците за парлемантарни и на тој начин поголемо добро ќе и донесеме на Македонија одколку да гласаме. Навистина не гледам потреба дијаспора да гласа. Од проста причина што дијаспората е најгласна дека во Македонија се случувам бум и деа супер живеат. Доживотна забрана за гласање додека не се вратат назад да го видат бумот одблиску. Колку и да е таа критична маса надвор е 0,0001% во однос на масата Gosbod Bok da ja blagoslovi Gruevski sin na Makedonija.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.433
Поени од реакции
4.929
Пуно, си ме разочарал начисто. Дијаспората кога доаѓа во Македонија најчесто ги прави забите. Тоа си го заборавил.
Убаво надополнување...
Но сериозно имаат значителен(ако не главен) удел врз економијата...
За секоја услуга кога е сезоната кога тие се доаѓаат секаде мин. 100% им раст на пари, кого сакаш прашај...
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.328
Поени од реакции
21.793
Јас мислам дека ни треба друг закон за гласање. Секој оној што е три месеци надвор да изгуби право на глас. Со таа мерка ќе се спречи чартер гласањето на Албанците за парлемантарни и на тој начин поголемо добро ќе и донесеме на Македонија одколку да гласаме. Навистина не гледам потреба дијаспора да гласа. Од проста причина што дијаспората е најгласна дека во Македонија се случувам бум и деа супер живеат. Доживотна забрана за гласање додека не се вратат назад да го видат бумот одблиску. Колку и да е таа критична маса надвор е 0,0001% во однос на масата Gosbod Bok da ja blagoslovi Gruevski sin na Makedonija.

Правото на глас е толку важно што би рекол дека не треба да паѓа поради идејнето на Албанците да гласаат, а верувај знам како е пошто сум од Кичево. Проблемот за тоа е друг. Секој дијаспорец има право на глас ако е во Македонија во време на избори, значи ова со гласајне надвор е само олеснувајне на искористувајнето на тоа право, нели. ЈА би одел уште подалеку и би воведел право за гласајне преку пошта и масовно делејне државјанства во дијаспората. Исто така да се избришат трите дијаспорски ИЕ и тие да си бидат броени во ИЕ во Македонија (нормално таму, од каде што потекнуваат). Со оглед на тоа дека има повеќе Македонци надвор од Македонија него пример Албанци, тоа би било во корист за нас. Значи, проблемот не е правото на глас на дијаспората туку начинот на кој се спроведува. Го кажав тоа и во времето во форумов кога имаше жестоки дискусии за тоа.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Абе шо се случи со Пописот ?! Навистина прашувам,го одложи ја знам поради лажирањата од страна на Албанциве во Западна ... одговорете ми јасно и не одолвлегувајте,да не стане оффтопик после ... фала :)
Ништо од пописот, ама резултатите од здраствената картичка покажуваат дека во Македонија има околку 1.7-1.8 милион жители.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Јас мислам дека ни треба друг закон за гласање. Секој оној што е три месеци надвор да изгуби право на глас. Со таа мерка ќе се спречи чартер гласањето на Албанците за парлемантарни и на тој начин поголемо добро ќе и донесеме на Македонија одколку да гласаме. Навистина не гледам потреба дијаспора да гласа. Од проста причина што дијаспората е најгласна дека во Македонија се случувам бум и деа супер живеат. Доживотна забрана за гласање додека не се вратат назад да го видат бумот одблиску. Колку и да е таа критична маса надвор е 0,0001% во однос на масата Gosbod Bok da ja blagoslovi Gruevski sin na Makedonija.
Леа не и се улижувај на Меркел не дава така ефтино Швабски Пасоши.:P
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Да имав корист од него ќе се замислев да ти кажам искрено :D
Ај тоа објасни го каде што неплаќаш даноци имаш право на глас а каде што плаќаш немаш...и после демократија ова она ајде бе. Поголема превара од демократија нема.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ај тоа објасни го каде што неплаќаш даноци имаш право на глас а каде што плаќаш немаш...и после демократија ова она ајде бе. Поголема превара од демократија нема.
Да доста контрадикторно убаво што спомена. Даноци не плаќа дијаспората за да има право да гласа од една страна. Но од друга страна девизните дознаки од дијаспора се поголеми три пати годишно од странските инвестиции во земјата. Сфаќаш, има теза овде за разглабање, али ме мрзи.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.759
Поени од реакции
7.586
Да доста контрадикторно убаво што спомена. Даноци не плаќа дијаспората за да има право да гласа од една страна. Но од друга страна девизните дознаки од дијаспора се поголеми три пати годишно од странските инвестиции во земјата. Сфаќаш, има теза овде за разглабање, али ме мрзи.
Ич не пробувајте да го разгледувате правото на глас од финансиски аспект. Нема смисла да се оди натаму.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Јас те уверувам дека далеку се подобро апдејтирани со инфо со моменталната ситуација во Македонија отколку дебиливе во Македонија и се на лице место ... Благодарејќи на интеренетот и ТВто и технологијата далеку се поснабдени со инфо ... Македонецот во Македонија,сеуште е со слика од Југославија и 90тите размислувања,а додека Македонецот од светот е со слика од денеска,во моментот, што се случува .... Може да направат одма споредба со нашата земја и каде се наоѓаат моментално случувања,затоа имаат и се во подобра ситуација ... ок :)
Нема врска ова што го збориш. Ќе дојдат тука и се чудат што имаме микробранова. На сите телевизии ечи дека тука е супер. Од кај знаат дека нешто не чини, да не читаат кајгана случајно? Знае некој од нив дека исклучени фамилии од Топлификација плаќаат сметки? Знаат дека фирми се затвараат за два денара вишак/мањак у каса? Знаат дека тука има луѓе кои земаат 200 евра плата, а сметка за струја е 6.000? Појма немаат.
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Кога веќе не живеам во МК, од една страна добра е поентата да гласам, заради една група малцинство што не и мисли арно на македонија.( Ама кога ќе видам па нит нашиве политичари не и мислат арно на нашата ни земја.) Од друга страна пак мислам дека не е мое право кога веќе сум решил да си отидам од мк да решавам за некој што живее тамо. Ајде јас не сум иселен одамна ама има некој што се по 20-30 години иселени ( и ги глеам дека се најголеми патриоти ) во мк одат еднаш во 5 години во најдобар случај, и врска немаат што се случува во мк, па зашто тие да одлучуваат за иднината на тие што се засегнати.Мислам дека не е фер...
Тоа не е ништо. Има МАКЕДОНЦИ што не се вратиле во својата држава 20,30 години а се лупаат во гради секој ден како требало да биде или пак што треба да се смени. Лесно е да трубаш од страна и да го судиш народот. Тој што си ја сака земјата ќе си ја посети кога ќе му биде тешко или пак кога ќе има мерак.

И јас сум далеку од Македонија па не гледам причина зошто толку го трубат кај нас. Повеќе нека дејствуваат во Дијаспората и во земјата каде што живеат неголи експерти и комити да се прават. Македонче само галами :D[DOUBLEPOST=1392866497][/DOUBLEPOST]
Дијаспората ќе гласа а не доаѓаат тука ни 1 ден годишно, стварно жално.
Според мене нема причина они да гласаат кога не живеат тука.
Нека си гласаат за гласање, тоа не е проблемот. Убаво е да има конекција на Дијаспората со својата матична држава. Проблемот е што галамат многу и се прават паметни за све :) А баш и не се во најдобри односи дијаспорите со нашата држава пошто многу гомнарии се прават, такада све си се врти во еден круг....:свиркам:
 
F

FARANG

Гостин
Дијаспората треба да гласа. Сите до еден. Во странство барем треба да сме свесни што значи да имаш право на глас и какви промени тоа може да донесе. Независно што плукаат по нас од Македонија (навикнавме на тоа) сите треба да излеземе и да гласаме. Еден ден кога и они таму тоа ќе го сфатат и кога ќе има прилика да се направи нешто на подобро може баш нашите гласови (пратеници) да фалат а со бојкот само ќе го прокоцкаме тоа. Стратешки нашите 3 месета се 3 македонски гласа и тоа е се што се брои. За престојните претседателски избори битно е да има што поголем одзив од минатиот пат за шипаците и опозицијата да не плаче во Брисел и Вашинтонг ради малиот одзив.

Јас ќе гласам незнам за другите.
 
Член од
23 јануари 2014
Мислења
239
Поени од реакции
250
Не знам, со кој образ и со кое право ќе гласате моја дијаспора! Јас одам 2-3 пати годишно во Македонија. А само да ве прашам исто така, за кого ќе гласате?! За некој што на некој начин ве натерал да отидете во странство??? Или пак уште полошо ако сте родени во таа друга земја. Никој не ти го зима правото да си македонец, но не им го зимај ти правото на тие што се засегнати да одлучуваат за својата иднина. Друга работа, некој погоре спомна три македонски места, тоа е ок ајде, ама не го разбирам баш добро делот за опозицијата? Зар тоа не се македонци? Тоа е тоа што го кажувам без разлика кој е на власт, најголемиот број луѓе од дијаспората гласаат за тие што повеќе перат мозоци во медиумите(Партијата која е на власт без разлика која). А да исто да не ги заборавиме тие што се МНОООГУ патриотски настроени и секогаш ќе гласаат за “десничарската“ страна без разлика дали моменталната политика е во ред или не е.Но пак ќе кажам, лесно е да се коцкаш со туѓи пари. Е мили мој македончиња, да бевме толкави патриоти како што некој се правиме немаше да фатиме џадето во странство!
 
F

FARANG

Гостин
Зошто побогу треба образ за да гласаме? Ќе гласаме затоа што сме македонски државјани и тоа право ни е гарантирано со уставот, што не е јасно тука?

За тој што мислиме дека е подобра опција за Македонија. Остај ти кој, како и зошто сме овде не гласаме за минатото него за иднината. Затоа што стално така размислуваме неможеме да имаме иднина, си живееме во минатото.

Ми го зедоа на еден начин. Ако порано бев македонец без проблем секаде сега ми пишуваат фиром на некој документи/формулари или инсистираат на славомакедонец.

Не им го зимам, нека излезе и нека гласа секој. Од кај знаеш дека еден ден нема да се вратам назад или мојте деца на пример? Некој одлуки таму и мене ме засегаат дали сега, дали во иднина. На крај крајева ние не одлучуваме за нешто што директно ги засега тие таму. Јас не гласам за која улица ќе се асфалтира во битола или белимбегово, си има локални избори за тоа. Претседателското па и парламентарното гласање не треба да влијае толку многу во држава каде локална самоурава е приоритет. Тоа што не е така, не е наша кривица. Ние реално ништо не одлучуваме, ако сакаат промена нека се изборат тие на кој ние ’им го зимаме правото за да одлучат за својата иднина’.

Македонци се. Цело време плачат дека со 1000 гласа сме добиле пратеници а во МКД треба 15 000. Истовремено неќат да се сложат на ист принцип да ни се дадат пратенички места. Еве дијаспората има кажано прифакаме 15 000 за пратеник само ако излеземе 300 000 тогаш сакаме 20 места. Не прави разлика колку ќе излеземе во суштина овде е чисто кој ќе добие, прашање е само дали со 95 или 99% од гласовите. Како такви наместо да сфатат дека ова се и 3 нивни места за кој може да се борат и да направат обид за комуникација со дијаспората они порадо би тие места да ги нема затоа што е полесно него ли да се мачат со нас. Затоа не ги сакаме.

Не е точно. Овде постои само една опција затоа што другата во секој поглед не негира. И кога беа на власт и ги имаа сите медиуми под контрола беше исто.

Каква врска има патриоризамот со гласањето? Само патриоти ли гласаат? Па сите треба да излезат, тоа е најмалку што треба да го направиме и во Македонија и во странство. Дали моменталната политика е во ред ќе си одлучи секој за себе. Што има ти да кажуваш за дали и кој е способен да донесе таква одлука. Секој гледа различно на нештата, неможеш ти на мене да ми кажеш дека не гледам реално на работите тек така. Од кај па ти знаеш како ние овде гледаме и што ни е нас битно. Цел куп работи кој на нас и те како ни се битни како дијаспора (збора за австралија) ги добивме баш овие 3 години откако имаме пратеник. Значи ние гледаме придобивки од сегашниот систем.

Наши пари се исто така.

Освен што пробуваш да не омаловажуваш што уствари сакаш да кажеш и што има врска ова со изборите или гласањето? Што е толку патриорски во тоа што некој иде да гласа и си ја исполнува обврската кон државата со тоа? Па во еден куп земји во светот законски мора да излезеш на гласање или добиваш казна (таков закон треба и во МКД). Само кај нас имаме ситуација кога некој неќат да гласаат а притоа пропагираат и други да не излезат на гласање. Од тоа попедерски нешто здравје...
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

На врв Bottom