Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.995
А извини Мики. Заборавив да ги посочам грешните и нештата со кои не се сложувам. Си реков да те поштедам, но самиот си го бараш.Некој до членовите на форумов напиша дека „...запоставувањето било благословена работа...„ а се однесуваше на теистите.
Се чини дека истата таа „благословеност„ на непридавање внимание на очигледните нешта, важи токму за атеиститие.
- Прво, поимот “рок ен рол“ не доаѓа од некој африкански збор кои имаа некое слично значење на истиот туку од англиските зборови “rock“ и “roll“. (знаеш, тоа “ен“ е всушност and)
- Второ сите тие пагански богови кои нали го претставуваат ѓаволот. Како христијанството гледа кон истите и дали истите спаѓаат во паганските религии, богови и божества? Тогаш зошто човекот помешал баби и жаби?
-Трето, не прочитав ништо за Ролинг Стоунс. Мислам дека имаа една песна/албум “Племнените ангели“. Да бидам искрен не знам ниту една песна од нив, нит некогаш сум ги слушал, така да ова е информација од 2-ра рака.
-Четврто, вечерва ја имаше “Старвеј то хевен“ или Патишта кон рајот. Јас не гледам ништо сатанистичко во песната. Балада која го опушта човека. А во овој состав беше посветен цел дел за истата.
-Петто. Дали ако некој на сцена блуе оган и плука “крв“, треба истото да го правам и јас? Не. Зошто тогаш празноглавецот се обидувал да блуе оган? Ако е малку паметен ќе стане свесен за опасноста по живот, башка ќе го одвои реалното од имагинарното т.е. тоа се работи кои се прават од чист комерцијален ефект и некакво шоу, а тој од чист идиотизам.
-Шесто. Нели Библиските цитати имаат некакво свое значење и многу ќе погрешиме ако читаме и сфаќаме буквално? Секој цитат е адекватен со примерот, тоа да, но ако цитатот се растегне малку ефектот не би бил посакуваниот.
- Седно. Ај види ги сликите од африканските племиња кои ги прават за некоја церемоните и овие пред настап. Има огромна разлика и тука лежи една кардинална грешка.
-Осмо. Знакот (малиот прст и показалечот) не се рогојте на сатаната туку има некакво значење како “не ја прифаќам твојата негативна енергија“.
-И деветто. Твоето другарче и ти кој видовте некаков нихилизам, ме интересира дали ќе видевте нихилизам во некоја џес симфонија ако го носи истото име или некоја шкарт турбофолк песна со истото име? Сметам дека е смешно да се разговара за нешта кои навистина не постојат (зш јас не гледам нихилизам) или пак дволични реакции (ако навистина постојат).
пи.ес. А има и една друга. “Малите нешта го прават човекот среќен“. Ако верата е микроскопска, тогаш ти навистина си среќен човек.
пи.ес.ес. Очекувам да цитираш дел по дел. Па сакам малку да ти ја отежнам работата со цел да направиш еден целосен цитат. [DOUBLEPOST=1413764762][/DOUBLEPOST]
Знам дека се разбираш во историја и војни па затоа прашав. Јас не мислам баш како тебе, но ај.Прво глупо ги поставуваш работите.АКО УТРЕ НЕКОЈ ТИ ПОСТИРА ЛИНК ДЕКА БОГ ПОСТОИ ВО ТВОЈАТА ГЛАВА... ова се израмнува со тоа да кажеш ,,што би правел кога би бил невидлив'' (фантазирање кое нема поента).За тоа дека не е лесно да се прифати,те разбирам,не е лесно да се сменат убедувањата кои се стекнати и си живеел со нив.Но што би рекол вашата ценена икона ,,Мора да ги следите фактите без оглед каде тие ве водат'' и едноставно ТОА Е ТОА.
Вчера научно докажале дека душата постои и ти одма кај живи............................................................... не е глупо тоа прашање,кога прво нема ни такво направено истражување(за кај оди,кај живее).Библијата вели дека се враќа кај Бог,односно во неговото сеќавање.
Можеби науката треба да се бави со тоа ''волшебно''... верувај ми
Јас рок ен ролот го кажав само како обележје на минатиот век.Мислам дека нигде го коментирав.
За делото од Тома,не сум го читал.Зошто влегла Америка во втората светска војна ? ваљда затоа што била нападната... зошто инаку ?
Да не бидам глупаво сфатен.
Што ако Бог постои само во твоите фантазии? И што ако младата црква направила такви промени на новиот завет кои дури ни писателите, да би биле живи, не би го препознале своето дело? И ти тоа би го нарекол чекорење кон Бога? Ок, секој си има право на мислење.
Дали човекот се плаши од смртта? Генерално да. Тој мечтае за живот, за вечен живот. Си читал за некакви еликсири. Си читал за прибежишта во религии, меѓу религии и за некакви религиски чистки. Ако се плашиме од туѓата вистина, тогаш личноста/ите ќе ги истераме. Тоа го имало во самото христијанство, го има и со исламот денес, што е премногу погрешно. Ако не се почитуваме меѓусебно, нема никаков живот после смртта. И кој рече дека јас не верувам во животот после смртта? Човечките дела го прават човекот вечен или се додека некој мисли на мене јас ќе живеам во неговите спомени. Дали има поубав начин на живот (нормално ако те памтат по добро?).
И мислам дека имаш некаков коментар на темата зо рокот и хеви металот, но не сум сигурен.
Последно уредено: