Искрено, јас појма немам што е карма, од каде потекнува таа идеја, врз кои принципи се заснова што претставува и како функционира. Бескрајно ќе бидам благодарен ако имаш време и волја тоа да ми го разјасниш, ама онака, едноставно, како на дете. Сите ќе имаме бенефит од твоето несебично споделување на таа интересна, апстрактна теза.
Што е карма... како на дете да објаснам... еден христијанин тука вели дека многу зборувам но ништо не кажувам, неразбирајќи дека тоа е пракса стара колку и вечноста: да не разберат оние кои не треба да разберат што е кажано
Тоа ти е секое дејствување (и недејствувањето е дејствување кое „се мери“) дека носи последица. Исто како во мојата Телема што прави што ти е волја не те ослободува од последицата од мојата Волја, колку и да е таа божествена!
Разбирањето кај си и зошто си таму кај што си - те ослободува од вакви муабети претходно за кастите и како можело ова или она.
На запад тоа го мешаат со судбина, но кармата не е судбина. Бидејќи кога ќе сфатиш кај си и до каде можеш (без оние западни муабети само ѕвездите ти се пречка, па умираат незадоволени од животот, па страдаат и други околу нив), фанатизмот исчезнува, знаеш до каде можеш и најважно, што можеш сега и тука, за да „во иднина“ (морам во наводници јер нели не веруваат сите во карма), бидеш друго, помалку или повеќе.
Бидејќи карма не значи секогаш напредување!
Вивекананда вели вака во неговата книга „Карма јога“:
“According to
Karma-Yoga,
the action one has done cannot be destroyed until it has borne its fruit; no power in nature can stop it from yielding its results.
If I do an evil action, I must suffer for it; there is no power in this universe to stop or stay it. Similarly,
if I do a good action, there is no power in the universe which can stop its bearing good results. The cause must have its effect; nothing can prevent or restrain this.
….
He who in good action sees that there is something evil in it, and in the midst of evil sees that there is something good in it somewhere, has known the secret of work.
But what follows from it?
That, howsoever we may try, there cannot be any action which is perfectly pure, or any which is perfectly impure, taking purity and impurity in the sense of injury and non-injury.”
–
Karma Yoga by Swami Vivekananda
Мислам дека те мачи идејата за кастите и кој тоа одлучува кој каде е...
Боговите
Не луѓето. Луѓето тоа го нарекуваат miracle. Кога некој ќе успее преку карма јога да го постигне недостижното, „што не се случило порано“.
Самсара или постојаното раѓање е заради усовршување на трите патеки кои водат до прекин на тој волшебен круг: должност (кон себе и другите), знаење (за себе и другите) и патеката на посветеност (кон себе и другите)
П.С. Карма е физика на бесконечноста.
Не знам колку објаснив како на дете... ова е многу голема и тешка тема за муабетење и секогаш се оди во ќорсокак некако...