Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Се сеќаваш на линкот кој го прати пред неколку недели? Во врска со контроверзниот универзитет. Ни тие не го објаснуваат начинот на добивањето на резултатот, туку само резултатот, што е многу погрешно.
Ако веќе зборуваме за контроверзни откритија, треба да се согледаат сите делови на тој проект, самиот експеримент, како и вистинитоста на заклучокот. :)

Има тука личности кој веќе се во години и се атеисти. Што мислиш, за сите тие години, немало вакви научни “вистини“? Како тоа и понатаму останале атеисти? Вистината лежи во човекот, или веруваш или не веруваш. Јас не верувам затоа што сметам дека нема докази дека истиот постои, ти веруваш затоа што мислиш дека Библијата е “патот на вистината“ и на крајот повторно нема да произнесеш заклучок само затоа што ќе се плашиш од непознатото. И заклучокот би бил- нема докази дека истиот постои, нема докази ни дека истиот не постои- ќе сведеме се на верувањето и неверувањето, а не на постоењето и непостоењето. Вака е подобро? Најреално и гледано од сечив спектар. :)

пи.ес. Цитирам...сигурно не им се сонило на сон....;)
пи.ес.ес. Кога човекот ќе престане да размислува за пеколот и рајот? Кога ќе застане на чистилиштето за да ја согледа вистинската слика на религијата? :confused:
Дубмледоре,збориме за НАУЧНИЦИ и за УНИВЕРЗИТЕТ не збориме за КАФАНА и КЕЛНЕРИ.Што значи дека МОРА да има РЕЛЕВАНТНИ ДОКАЗИ за нивниот труд/истражување/доказ.Одговори ми,ИМ СЕ СОНИЛО,од каде знаат дека душата постои ?

Чисто информативно,јас сум во години и тоа многу одамна.Во времето кога јас бев млад,немаше светот време да го докажува Бог,туку беше раб на нуклеарна војна,рок 'ен ролот се ширеше како пандемија,сите имаа пари и никој не го интересираше за Бог(Комунизмот не дозволуваше докажување на Бог).Колку што се сеќавам,никој во тоа време на Запад не се бавеше со Бог.Затоа денеска,кога светот е малце ''релакс'',гледаш дека постојано НАУКАТА го докажува Бог.Не Религијата,тукуа НАУКАТА.Глупаво е да кажеш нема докази а гледаш дека ти постирам секојпат.. го виде предходниот за крвта ?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Податок e дефиниран како збир од вредности и квантитативни варијабли. Се' околу нас е податок, ДНК кодовите се податоци, предметите се податоци итн.
Информација е значењето кое тој податок го има. Ние ги интерпретираме податоците (ДНК кодовите на пример) и тие стануваат информација откако ќе им доделиме значење и тоа ќе го преточиме во сознание/знаење.
Начелно, се согласувам. Еве зашто не се согласувам потполно.

Своевремено, имав(ме) предавања од областа на организацијата и механзиацијата на градењето од професорка, која беше по професија дипл.инж.архитект, а по специлализација беше „д-р„ со познавања од кибернетиката (теорија на системите, теорија на информациите и теоријата на одлучувањето). На предвањата, дотичнатаа професорка никогаш (!) не правеше „сецкање„ на информацијата, туку информацијата ја гледаше со сите нејзини особености: точна, потполна, недвосмислена, целосна, навремена и тн,. а најбитна особина од информацијата беше нејзиниот „приемник„ ( на пример, субјект) за кого информацијата е битна во нејзиниот квалитет, во пренесување вест, која е важна и очекувана од „приемникот„, а не било каква информација, создадена од било кого и пренесена до било кого.

Према томе, ова „сецкање„ на „информација„ и „податок„ ќе да е само твое видување на информацијата.[DOUBLEPOST=1413667781][/DOUBLEPOST]
А ДНК кодовите се читливи и баш поради тоа, истите кодови ни даваат информација за болести кои се генетски предетерминирани и многу други наследни фактори.
Сеуште не кажуваш како се „запишани„ информаците во ДНК: аналогно, дигитално, кирилично, латинично, арапски, кинески, еврејски?...[DOUBLEPOST=1413667949][/DOUBLEPOST]
ДНК кодовите се податоци, предметите се податоци итн.
Не би рекол: модерниот светоглед го гледа Светов како структира од: материја, енергија, време, простор и информации, така да информаците не се исто што и предметите.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.992
Дубмледоре,збориме за НАУЧНИЦИ и за УНИВЕРЗИТЕТ не збориме за КАФАНА и КЕЛНЕРИ.Што значи дека МОРА да има РЕЛЕВАНТНИ ДОКАЗИ за нивниот труд/истражување/доказ.Одговори ми,ИМ СЕ СОНИЛО,од каде знаат дека душата постои ?

Чисто информативно,јас сум во години и тоа многу одамна.Во времето кога јас бев млад,немаше светот време да го докажува Бог,туку беше раб на нуклеарна војна,рок 'ен ролот се ширеше како пандемија,сите имаа пари и никој не го интересираше за Бог(Комунизмот не дозволуваше докажување на Бог).Колку што се сеќавам,никој во тоа време на Запад не се бавеше со Бог.Затоа денеска,кога светот е малце ''релакс'',гледаш дека постојано НАУКАТА го докажува Бог.Не Религијата,тукуа НАУКАТА.Глупаво е да кажеш нема докази а гледаш дека ти постирам секојпат.. го виде предходниот за крвта ?
А што ако утре некој ти постира тебе линк за тоа дека Бог постои само во твојата глава? Ќе истражуваш малку, ќе ја прифатиш одма информацијата или пак нема да ја прифатиш? Не е лесно да се прифати одредена вистина односно “вистина“ која би можела да го смени начинот на живот. Или јас ни овде не гледам и В од вистина. Ако душата се наоѓа таму, тогаш каде точно оди и живее во вселената?
Многу е очигледно дека заклучокот бил донесен набрзина. „Ако личето падне во клиничка смрт душата оди некаде во вселената, а ако се разбуди на волшебен начин таа се враќа во телото“. (не е цитат) Мислам многу смешно. :)

Рок ен ролот е нешто сосема друго. Нема никаква врска со религијата. Тоа што Мики постираше линк, кој има повеќе дупки него нашиве патишта, е нешто без врска и личноста која се јавува како “човекот со искуство“ била многу глупа личност. Чим се обидувал да влуе оган, јас не знам како можел некој сериозно да го разбере. Башка и сите оние пагански богови кои демек е лицето на сатаната, па и потеклото на зборот “рок ен рол“. Тврди дека симболот се всушност роговите на сатаната! Не би сакал да дискутирам на таа тема.:)

Сеа оф-топик ме интересира, дали знаеш зошто Америка влегла свесно во втората светска војна? :)

пи.ес. И ме интересира дали си запознаен со делото на Тома Аквински? Мики очигледно не е. :)
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.987
Поени од реакции
8.533
http://www.sitel.com.mk/nauchnici-dojdoa-do-otkrietieto-na-vekot-dushata-postoi-0

Гледај го цело,да не објаснувам јас,ете ти научен доказ од научници и објаснување за душата.
Зошто брате @GhostLeader посегнуваш по докази кои вклучуваат познавања од неврохирургија и сведочења на пациенти кои биле клинички мртви? Има доста такви документирани случаи во книгата на Рејмонд Муди - Живот после смртта.

Ти спомна дека си човек во години, така? Јас како многу помлад од тебе имам чуено за десетици случаи што ми ги раскажувале роднините на човек што е на умирање, како пред самата смрт му се изоструваат сетилата и го перцепира поднебесното царство и кажува на овие што се околу него што гледа и што му велат тие од другата страна, а овие што се до него не му веруваат и му викаат дека измислува. Ме чуди ако не си чул за ниеден таков случај:confused:.

А ако си чул, не ти треба поголем доказ од тоа. Зошто не приложиш такви сведоштва овде, на форумов?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Тоа што Мики постираше линк, кој има повеќе дупки него нашиве патишта, е нешто без врска
Некој до членовите на форумов напиша дека „...запоставувањето било благословена работа...„ а се однесуваше на теистите.
Се чини дека истата таа „благословеност„ на непридавање внимание на очигледните нешта, важи токму за атеиститие.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.987
Поени од реакции
8.533
И Упатството за бесмртните, или што ако сепак сте умреле... од свештеномаченикот Данил Сисојев:

http://svetosavlje.org/biblioteka/Bogoslovlje/InstrukcijeZaBesmrtneSisojev.htm#01

Би ги одделил овие oдломки oд кои може многу да се научи:

- Зашто деца умиру?

- Из истог разлога. Господ види да ако је дете крштено, може одмах да уђе у Царство Божије, а ако остане живо, постаће разбојник. Постоји позната прича: Анђео је лишио живота дете. Један монах је хтео да сазна суд Божији и било му је откривено да ће дете када порасте постати вођа разбојничке банде, а сада ће ући у Царство Божије. Смрт деце се објашњава још и тиме да човек веома брзо може достижи висину праведности. Ево ми имамо - Светог Кирика. Колико је он имао година? Мученик Кирик је имао три године. Велики праведник на Небесима. А Витлејемски младенци? Господ зна човеков пут. Господ уме, како се каже, да прочита. Он види човекову слободну вољу, иако је не одређује. Он користи слободну вољу и убица и других људи да би испунио Своју одлуку. Убица греши, нарушава заповест Божију, али вољу Божију не може да наруши. Разумете? Јер ако Господу није угодно да дозволи неко убиство, Он га неће допустити: пропашће покушај, поквариће се оружје, итд. Много има примера.

Идеална смрт. Страшна смрт.

Сада, која је смрт најбоља? Најбоља смрт за хришћанина је, наравно, мученичка за Христа Спаситеља. То је најбоља смрт која је могућа у принципу за човека. Неки људи су слали саучешће у Оптину пустињу (манастир у Русији) након убиства три монаха. За хришћанина је у у стварности највећа радост. У древној Цркви никада нису слала саучешћа када би неко негде био убијен. Све Цркве би истог тренутка слале честитке. Разумете, честитали су јер се код њих појавио нови заштитник на Небесима! Мученичка смрт пере све грехе без изузетка, осим јереси и раскола. Сви остали греси - блуд, убиство, прељубе - перу се. Јерес је искривљавање учења Цркве, не из незнања, већ управо свесно, које иде против воље Божије? А раскол је организација бунта против Цркве. Сви остали греси се перу. Сетите се Мученика Бонифација! Нас све време заводи словенски језик. Својевремено су Словени неправилно превели реч "мученик". Од тада ми стално то неправилно схватамо. Уопште реч "мученик" се не сме схватати у значењу мученик. У питању је "сведок". Зато је мученик онај који је својим крајем посведочио да је Христос победио смрт, да је васкрсао из мртвих.
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
А што ако утре некој ти постира тебе линк за тоа дека Бог постои само во твојата глава? Ќе истражуваш малку, ќе ја прифатиш одма информацијата или пак нема да ја прифатиш? Не е лесно да се прифати одредена вистина односно “вистина“ која би можела да го смени начинот на живот. Или јас ни овде не гледам и В од вистина. Ако душата се наоѓа таму, тогаш каде точно оди и живее во вселената?
Многу е очигледно дека заклучокот бил донесен набрзина. „Ако личето падне во клиничка смрт душата оди некаде во вселената, а ако се разбуди на волшебен начин таа се враќа во телото“. (не е цитат) Мислам многу смешно. :)

Рок ен ролот е нешто сосема друго. Нема никаква врска со религијата. Тоа што Мики постираше линк, кој има повеќе дупки него нашиве патишта, е нешто без врска и личноста која се јавува како “човекот со искуство“ била многу глупа личност. Чим се обидувал да влуе оган, јас не знам како можел некој сериозно да го разбере. Башка и сите оние пагански богови кои демек е лицето на сатаната, па и потеклото на зборот “рок ен рол“. Тврди дека симболот се всушност роговите на сатаната! Не би сакал да дискутирам на таа тема.:)

Сеа оф-топик ме интересира, дали знаеш зошто Америка влегла свесно во втората светска војна? :)

пи.ес. И ме интересира дали си запознаен со делото на Тома Аквински? Мики очигледно не е. :)
Прво глупо ги поставуваш работите.АКО УТРЕ НЕКОЈ ТИ ПОСТИРА ЛИНК ДЕКА БОГ ПОСТОИ ВО ТВОЈАТА ГЛАВА... ова се израмнува со тоа да кажеш ,,што би правел кога би бил невидлив'' (фантазирање кое нема поента).За тоа дека не е лесно да се прифати,те разбирам,не е лесно да се сменат убедувањата кои се стекнати и си живеел со нив.Но што би рекол вашата ценена икона ,,Мора да ги следите фактите без оглед каде тие ве водат'' и едноставно ТОА Е ТОА.

Вчера научно докажале дека душата постои и ти одма кај живи............................................................... не е глупо тоа прашање,кога прво нема ни такво направено истражување(за кај оди,кај живее).Библијата вели дека се враќа кај Бог,односно во неговото сеќавање.

Можеби науката треба да се бави со тоа ''волшебно''... верувај ми ;)

Јас рок ен ролот го кажав само како обележје на минатиот век.Мислам дека нигде го коментирав.

За делото од Тома,не сум го читал.Зошто влегла Америка во втората светска војна ? ваљда затоа што била нападната... зошто инаку ?
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Зошто брате @GhostLeader посегнуваш по докази кои вклучуваат познавања од неврохирургија и сведочења на пациенти кои биле клинички мртви? Има доста такви документирани случаи во книгата на Рејмонд Муди - Живот после смртта.

Ти спомна дека си човек во години, така? Јас како многу помлад од тебе имам чуено за десетици случаи што ми ги раскажувале роднините на човек што е на умирање, како пред самата смрт му се изоструваат сетилата и го перцепира поднебесното царство и кажува на овие што се околу него што гледа и што му велат тие од другата страна, а овие што се до него не му веруваат и му викаат дека измислува. Ме чуди ако не си чул за ниеден таков случај:confused:.

А ако си чул, не ти треба поголем доказ од тоа. Зошто не приложиш такви сведоштва овде, на форумов?
Во право си се што кажа.Јас го приложив тоа бидејќи тој е НАУЧНИК-АТЕИСТ ОД ХАРВАРД.Да беше обичен смртник немаше,затоа што такви приказни од обични смртници кои виделе рај ги има илјадници и немам ни време ни желба се да постирам тука.

Ех не сум чул.. самиот сум пристуствувал на десетици умирања лично,некои и сум ги држел за рака,други сум ги гледал и неможев да им помогнам,не навлагам во детали бидејќи овој форум има такви ретарди,што ако ги кажам деталите тие тоа ќе го спомнуваат овде по 5 пати дневно до крајот на животот.Знаеш,толку е нивната интелегенција.Комплекси и фрустрации.

А инаку знам баш многу за такви кои пред смрт гледале мртви луѓе(лично сум слушал некои од нив) а сум слушал и за такви живи,кои не се ни пророци ни гатачи.Никогаш во живот не се бавеле нити имале желба да се бават со тоа,па знаат секој ден што се случува на одредени места без никој да им каже.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom