Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Јас никого не убедувам во нешто,па ниту разубедувам.Терај си работата,резултати сега,и она другото има разлика,баш ти одговараат,или би ти одговарале.Па времето ќе покаже колкава е твојата способност
Сето тоа во ред, проблемот е тоа што ти тераш мајтап на форумов,а на оваа тема таков пристап би требало да биде санкциониран.[DOUBLEPOST=1413626842][/DOUBLEPOST]Пишав
Официално сатанистите да признаат дека колат мачки, и незнам какви ритуали, и тогаш ќе може да речеме ’е навистина било така’. Зарем се глупави да си пукаат во нога, не напротив тие се лукави.И зарем ТИ велиш нетреба да се сомневаме и да разобличуваме.
Туку што велат сатанистите има или нема ѓаол?
А ти одговори
Па дааа! Се е завера против вас, како не ми текна порано. Еве јас досега десет луѓе имам жртвувано и пеесет мачки. :tapp:
:facepalm:. Ако не ти се дискутира, поарно немој, не вака да се удираш одземја.
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Се повикуваат масонеријата, шпанската инквизиција и крстоносците да пристапат кон форумот и воведат божји ред и поредок каде што е забрането мајтаписувањето со грешниците.
Тоа е смртен грев и треба одма да се санкционира со палење на клада. А може и шише зејтин кај олтарот:P
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Битно е што многумина се фалеа дека единствени биле во дефиницијата за атеизмот, а излезе дека не е така, тоа беше поентата.
Ех. Едногласност е тешка работа. Во случајов тоа повлекува исто размислување по еден куп прашања кои засега немаат егзактно точен одговор.

Доколку, во ваков случај би биле едногласни и со исто мислење по таквите прашања, ќе поминат во едноумие, ништо поразлично од она кое го критикуваат.:)
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Се повикуваат сите религиозни да не дискутираат со недозреани, заспани атеисти...
Па кај бре Гурџи, лонг тајм но сии
А за ова и ќе те подржам, доволно се бламираа, нели? (y)
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Не може стронциум да влезе во ковалентна врска со бариум пошто се метали, неметалите влагаат во ковалентна врска! :X3: На Изгрев му го пишав километарскион пост пошто ме изнервира, влагаат у тематики со Мики, тематики кои не ги разбираат и поставуваат апсурдни прашања. Мики дури не ни разбра што пишав и од која причина ја негирам валидноста на „потекло на информација во ДНК“ прашањето, а ипак реплицираат.
Им реков дека прашањето е за наука, они се бунеа да биде во религија. Ондак не гледам причина зошто да не навлеземе во детали и да го разглобиме убаво прашањето со @Изгрев и @MIKI1 пошто очигледно не знаат разлика помеѓу податок и информација и откако им објаснив, пак не разбраа, Мики бар не разбра.

И доста им правиш reductio ad absurdum. :D

Мики, која е разликата помеѓу ДНК податоци и ДНК информации, знаеш ли?
Верниците се прости и не разбираат, атеистите се паметни. А модератор си, нечини ваќе.
А за разглобувањето фино си го разглобил, како што ти одговара, а суштината на прашањето као демек лошо дефинирано. Ајде бе.
 

Bog

Само Бог може да ме суди
Член од
3 мај 2014
Мислења
736
Поени од реакции
306
Па кај бре Гурџи, лонг тајм но сии
А за ова и ќе те подржам, доволно се бламираа, нели? (y)
Задруга, само ти ќе ме вратиш да дискутирам на форумов,такви како тебе ми се најинтересни за рендање...заспан, па уште се прави паметен..
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Задруга, само ти ќе ме вратиш да дискутирам на форумов,такви како тебе ми се најинтересни за рендање...заспан, па уште се прави паметен..
Знаев дека ноќи немаш спиено заради мене, дека ти недостасувам. :love:
Ама тебе предолго те немаше па си најдов нова жртва.
Него, знаеш ли зошто во Охрид нема шопска? НемиТ ренде :LOL:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Bog

Bog

Само Бог може да ме суди
Член од
3 мај 2014
Мислења
736
Поени од реакции
306
Знаев дека ноќи немаш спиено заради мене, дека ти недостасувам. :love:
Ама тебе предолго те немаше па си најдов нова жртва.
Него, знаеш ли зошто во Охрид нема шопска? НемиТ ренде :LOL:
А ракија имаТ во Охрид?

А и тачно е дека не сум спал, ноќеска ме посети твојот црвен носорог, сироткиот, се жалеше дека сатаната го клецкал често, па неможел да издржи.

Ти роднина да не си со новиот модератор, гледам имун си на банирање, или имаш парламентарен имунитет?
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.992
Поени од реакции
8.540
Доказ од редот, законитостите и финалностите во светот

1. Номолошки доказ

Светот е хармониски уредена целина во која сите работи стојат во меѓусебен однос кои се утврдени со закони. Таа законитост, па според тоа и редот и хармонијата во светот, нужно претпоставуваат некој разум. Бидејќи природните закони немаат карактеристики на внатрешна суштествена нужност, бидејќи можат да бидат и поинакви, за да бидат објаснети тие бараат некој надкосмички Логос, надкосмичка интелигенција, која воедно е и семоќна Волја - а тоа е Бог.

2. Телеолошки доказ

Во природата постои финалност (сврсисходност), т.е. намерно приспособување на средствата кон некоја цел. Тоа веќе го забележуваме и во неживата природа. Мноштвото елементи и сили во Космосот сепак сочинуваат единствен Космос, а тоа значи дека поединечните елементи се подредени на целината. Само врз основа на телеолошки подесени координирања на космичките елементи и сили, Вселената е физички можна.
Финалноста (сврсисходноста) постои и кај живите битија. Сите органи, сите функции на живите битија се усогласени така што остваруваат единство на организмот и неговото одржување во живот. Таквата сврсисходност во Вселената нужно претпоставува некоја интелигенција која го замислила планот и целта, и волја која го остварила - а тоа е Бог.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Знаев дека ноќи немаш спиено заради мене, дека ти недостасувам. :love:
Ама тебе предолго те немаше па си најдов нова жртва.
Него, знаеш ли зошто во Охрид нема шопска? НемиТ ренде :LOL:
А оти немет? Оти им го украл Ѓурѓа. :pos:
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
А ракија имаТ во Охрид?

А и тачно е дека не сум спал, ноќеска ме посети твојот црвен носорог, сироткиот, се жалеше дека сатаната го клецкал често, па неможел да издржи.

Ти роднина да не си со новиот модератор, гледам имун си на банирање, или имаш парламентарен имунитет?
Не, него темава е место каде можеме послободно да се изразуваме. Се додека нема навреди забегување е ОК. Еве вакви пецкања се сосема на место:P
Али доста е да не претеруваме, не сакам бан. Не сум имун
Доказ од редот, законитостите и финалностите во светот

1. Номолошки доказ

Светот е хармониски уредена целина во која сите работи стојат во меѓусебен однос кои се утврдени со закони. Таа законитост, па според тоа и редот и хармонијата во светот, нужно претпоставуваат некој разум. Бидејќи природните закони немаат карактеристики на внатрешна суштествена нужност, бидејќи можат да бидат и поинакви, за да бидат објаснети тие бараат некој надкосмички Логос, надкосмичка интелигенција, која воедно е и семоќна Волја - а тоа е Бог.

2. Телеолошки доказ

Во природата постои финалност (сврсисходност), т.е. намерно приспособување на средствата кон некоја цел. Тоа веќе го забележуваме и во неживата природа. Мноштвото елементи и сили во Космосот сепак сочинуваат единствен Космос, а тоа значи дека поединечните елементи се подредени на целината. Само врз основа на телеолошки подесени координирања на космичките елементи и сили, Вселената е физички можна.
Финалноста (сврсисходноста) постои и кај живите битија. Сите органи, сите функции на живите битија се усогласени така што остваруваат единство на организмот и неговото одржување во живот. Таквата сврсисходност во Вселената нужно претпоставува некоја интелигенција која го замислила планот и целта, и волја која го остварила - а тоа е Бог.
Тоа теолошкото нема ни да го коментирам, не вреди. Ама ова ми дојде интересно, црвеното. Од кај успеа да го вметнеш сега и разумот во природата? Разумот рекол дека ќе постои гравитација? ДА? Ако е ДА, зошто тогаш ја направил различна? На земјата една, на месечината друга и тако даље? АААААА, пошто се поинакви затоа го барале надкосмичкиот логос............. односно бог. Боже, боже (летечкиот розев еднорог) што се' нема да се искористи за да се побие твоето постоење.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.992
Поени од реакции
8.540
Тоа теолошкото нема ни да го коментирам, не вреди. Ама ова ми дојде интересно, црвеното. Од кај успеа да го вметнеш сега и разумот во природата? Разумот рекол дека ќе постои гравитација? ДА? Ако е ДА, зошто тогаш ја направил различна? На земјата една, на месечината друга и тако даље? АААААА, пошто се поинакви затоа го барале надкосмичкиот логос.............
Леле, леле, како сакаш да имаш иста гравитација на Земјата и на Месечината, кога гравитацијата зависи од маса и радиус на небесно тело?
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Леле, леле, како сакаш да имаш иста гравитација на Земјата и на Месечината, кога гравитацијата зависи од маса и радиус на небесно тело?
И какова врска има тоа со “разумот“ кој ти го спомна во претходниот пост?
Немој само да нафрлаш инфо/податоцикои не се образложени. Во таа игра може и другата страна да нафрлува се' и сешто и тогаш ќе настане калакурница, што и не е поентава на темава
 

Kajgana Shop

На врв Bottom