Има многу докази за постоењето на Бог. Па да почнеме со ред.
Доказ од контингенција
Контингенција е модалитет кој објаснува состојба на некој факт кој не е нужно точен или неточен, односно нужно ниту постои ниту не постои. Контингентана случка е случка која се случила, но која и не мора да се случила. Контингентна претпоставка е претпоставка која не мора да биде ниту точна ниту неточна.
Сѐ на светот е контингентно. Сите работи, сите битија во светот се такви да можат да бидат или да не бидат. Нивната суштина сама по себе е индиферентна реално да постои или да не постои. Според тоа, тие во себе ја немаат причината за нивното постоење. Ако контингентните битија во себе немаат причина за своето постоење, мораат причината за своето постоење да ја имаат во некое друго битие, и тоа во битие кое нужно постои, кое Е само по себе, и кое според тоа, не може да биде, а да не постои. Тоа битие е Бог.