Хомосексуалноста е присутна во природата, настрана тоа што човекот не е засебен дел од природата, туку нејзин составен дел, хомосексуалноста постои и кај многу други видови на живи организми. Постои кај делфините, пингвините, кучињата, приматите...и ред други. Што значи, против природата оди оној што упорно се обидува да претстави како неприродно особина што е присутна во природата. Уште еден битен факт за хомосексуалноста е тврдењето дека луѓето не се раѓале такви туку тоа бил нивен избор, тогаш дали ти можеш за момент да избереш да бидеш хомосексуалец? Ете направи избор и биди хомосексуалец? Можеш? Ако одговорот е не, тогаш како може да се тврди дека геј луѓето избрале да бидат геј?
Во врска со демоните и ангелите, пишуваш како да е се тие нешто очигледно и докажано. Каде и кој докажал дека нивното постоење е онакво како што твојата религија го прикажува? ,,Појавување'' на тостови, јајца и патлиџани не е доказ, ниту пак опседнатоста е доказ, бидејќи лесно може да се докаже и објасни со помош на науката и медицината.
И за крај, и покрај сите докази и очигледнст за погрешноста на овој светоглед, еве да речеме дека навистина постои надприродно битие кое е спремно да им суди на луѓето, зошто некој би се препуштил на стравот од казна и би одбил да примени скептичност наместо без приговор да се покорува на нешто кое не е ни негово сознание или искуство, туку приказна пренесувана од колено на колено, чија цел да заплашува и држи во покорност е очигледна да поочигледна неможе да биде. Без разлика дали постои или не, зошто некој би му се покорувал на битие кое отворено те посочува како роб, слуга, бара безусловна послушност и ти се заканува со казни и вечнио страдање од една страна а тврди дека е семилостив од друга.....