Убаво кажано. Но знаеш ли кои се најголемите непријатели на муслиманите? Тоа не се ни САД, ни Израел, ни Индија, туку самата Саудиска Арабија. А еве и зошто:
С. Арабија има пари и ги употребува на:
.
Ima nesto vistina i vo toa, ako se zeme prdvid toa deka plemeto saudi e postaveno na vlast od strana na britanija vo 1928 god .
Кои се, и како е создаденa организацијата ИСИС
Вторник, 17.11.2015 23:59
Анализи
Екстремистичката организација
ИСИС, ненадејно
, минатата година го освои градот Мосул во Ирак. Тоа е веројатно прв пат кога светот слушна за нив. Сепак приказната за овие екстремисти е многу покомплексна од едноставната претстава за терористи кои убиваат на најсуров начин се што им стои на патот до создавање голем Калифат по речиси целиот Блиски исток и северна Африка.
Како е создадена оваа опасност, организација која војува во Сирија, Ирак и Либија и која привлекува исламски припадници од целиот свет, дојдени да умрат низ пустините на Ирак и Сирија иако никогаш претходно не ни чуле за
Ал Багдади, ниту мислеле дека ќе се откажат од перспективите на својот живот во Лондон, Берлин, Сараево или Приштина... и ќе завршат мртви во непозната земја, далеку од своите, како непознати тела кои се оставени по песокот да исчезнат сами од себе.
Договорот од кој се почнува, план за верски конфликти во Исламот
Малкумина слушнале за договорот
Сајкс - Пикот. За што се работи: Европските моќници се состанале во 1916 година за да ја поделат отоманска Азија меѓу себе - Велика Британија и Франција добиле слобода да градат сопствени држави во регионот за да ги покорат непријателите. Како поволна можност, и тоа со длабоки и трајни корени, е согледана опцијата за поттикнување и одржување конфликти помеѓу
Шиитите и
Сунитите, менаџирани од Британија и Франција.
Тогашниот Британски амбасадор во Каиро на владата во Мека и ветил поддршка за арапско кралство, а за возврат побарал помош во борбата против Отоманите, против Турската империја. Но, во европското друштво немало единство. Кога Британија се обидувала да спроведе свој сунитски план и акција во Сирија, во Дамаск, Французите одговарале со инвазија, сојуз со Шиитите и наметнување свои интереси. Некои арапски држави добро се снаоѓале во таа борба за превласт помеѓу Британија и Франција, додека други ја плаќале цената на нивните загуби со засилени репресии и екплоатација на својата територија, како компензација на претходната загуба.
Само неколку недели по своите први акции за создавање на калифатот во Ирак и Сирија, ИСИС потсетува на тие корени, објавува снимка која е наречена „Крај на договорот Сајк - Пикот„.
Вмешаност на Саудиска Арабија
На сите ни е познато дека фондовите на Саудиска Арабија се поврзани со активностите на терористичките групи, како што е докажано и во делувањето на
Ал Каеда... но, кога е во прашање
ИСИС, врската може да биде многу подлабока и помрачна отколку што се претпоставува.
Пранешниот шеф на британската разузнавачка служба МИ6,
Ричард Дирлоу, објавил свој разговор со шефот на саудиската разузнавачка служба. Според тој извештај, Саудиска Арабија предвидела големи несогласувања и судири меѓу Шиитите во многу блиска иднина. Шиитите, инаку, се муслиманите кои се мнозинство, или власт во Иран, Сирија и Бахреин. Без навлегување во деталите, за нив врв на власт се имамите, слебеници на имамот
Али, зетот на пророкот
Мухамед, и имаат строги правила во спроведување на Исламот темелени пред се врз шеријатското, имамско право кое е надредено над правниот, државен систем. Во останатите арапски држави, како Кувајт, Саудиска Арабија, Катар, Либија... мнозинство и власт се верски поумерените
Сунити.
Според потеклото на претседателот на Сирија -
Асад, Сирија е земја во која владеат Шиити, а падот на
Садам Хусеин кој е припадник на Сунитите, довел до зајакнување на Шиитите во Ирак. Последните десет години, саудиската и катарска надворешна политика ја фаворизирала дестабилизацијата на шиитските земји финансирајќи ги сунитксите екстремисти.
За Саудиска Арабија и Катар, ова е веројатно најголемата грешка која можеле да ја направат.
Сирија
Поговорката “непријателот на мојот непријател е мој пријател“ е позната со векови. Од денот кога Ирак, по падат на
Садам Хусеин, е под контрола на Шиитите, од тогаш постои потреба на Сунитите за финансирање и помагање на сунитските екстремисти на
Ал Каеда против Шиитите.
Иранскиот министер за надворешни работи
Мохамед Џавад Зариф, во интервју за Би-Би-Си од ноември 2013 година изјавува дека судирите помеѓу Шиитите и Сунитите се најголема безбедносна закана за светот. Во таа прилика тој ги обвини Катар и Саудиска Арабија дека ги поттикнуваат таквите судири, и создаваат опасност од големи размери. За жал, таа порака на
Зараф не беше разбрана сериозно, туку како политички обид за поддршка на
Асад и Сирија.
Од 2005 година, па се до скорешното повлекувањето на САД од Ирак, сириските разузнавачи ги обучувале своите специјални сили за борба во случај на тотална инвазија врз Сирија, праќајки ги во Ирак. Тој ангажман внесе во Ирак дополнителен хаос.
Асад собра потребно борбено искуство, и сознанија за системот на внатршна војна, и продолжи со финансирање на шиитските џихадисти во Ирак, но и надвор од Ирак.
По две години случајно или намено неефикасни акции од страна на САД и нивните сојузници против ИСИС во Сирија и Ирак, од пред неколку месеци во борба против ИСИС влезе и Русија. Првите акции на
Путинпротив ИСИС, во соработка со Иран и војската на Асад донесоа резултати со сузбивање на воената моќ на ИСИС, и ја пореметија поставената рамнотежа која со децении ја проектираше САД во тој регион.
Грешка со планот за создавање и контрола на нов лидер
Доаѓаме до лидерот на ИСИС -
Абу Бакр Ал Багдади. Некои негови почитувачи го опишуваат како тивко момче, родено 1971 година во Самара во Ирак, кое страствено сакало фудбал, а студирал и дипломирал исламски науки на универзитетот во Багдад, и бил познат како пристоен и повлечен студент. Во 2004 година завршил во логорот Бука, каде според зборовите на поранешен чувар на затворот,
Ал Багдадидоживеал радикални промени.
Ал Багдади, по американскиот влез во Ирак во 2003 година, е еден од основачите на воена група наречена
Војска на Сунитската заедница. Нема информации за нивни вооружени акции, но сепак америкаската војска го апси, и го држи затворен во воениот камп
Бука од февруари до декември 2004 година. Како што вели чуварот на затворот, таму
Ал Багдади сосема се сменил.
Но, светло на таа мистерија во биографијата на
Ал Багдади дава изјавата на пребеганиот експерт на ЦИА
Едвард Сноуден, дадена во август 2014 година, кој тврди дека
Бакр Ал Багдади е уапсен како покритие за неговото повлекување од јавноста, а дека долг период поминал во Израел, во камп за обука на нивната тајна полиција
Мосад. Подготвуван е за борбени акции и планирања, но и за говорништво и односи со јавноста. Целта на ова, според
Сноуден, е создвање силна сунитска структура која ќе се бори против другата, шиитска страна.
По излегувањето од кампот, затворот Бука -
Ал Багдади полека станува значајна фигура во светот на исламските радикали. Неговата група станува дел од
Муџахединскиот шура совет, од 2006 година тој е дел од раководството на советот.
Никаде нема податоци за негови активности помеѓу 2006 и 2009 година, иако се појавуваат натписи дека бил повеќе пати апсен од американската војска но, такви документи и потврда за ова нема. По убиството на
Осама Бин Ладен во Пакистан, на 2 мај 2011 година,
Ал Багдади објавува жалост и почит кон
Осама Бин Ладен и највува одмазда. Првиот чекор бил терористички напад во Мосул, во август 2011 година со 70 жртви. На 4 октомври 2011 година САД го става на листата најбарани терористи, и нуди награда за негово апсење или убиство од 10 милиони долари. Станува ѕвезда меѓу исламистите. Тоа е второ место во рејтингот, веднаш зад наследникот на
Осама Бин Ладен,
Ал Захрави.
Дали САД знаеле за потенцијалите на
Ал Багдади и неговата органзиација? Во мај 2010 година е објавено дека се формира посебна организација -
ИСИС, а нејзин лидер е
Ал Багдади.
Ал Каеда полека паѓа во сенка. Освен спомнатата во Мосул, во август 2011 година
Ал Багдади има уште една голема акција, напад на Ум ел Кура џамијата во Багдад, акција со десетици мртви меѓу кои и познатиот сунитски правник
Халид Ел Фахдави. Следат 28 терористички акции за кои се тврди дека ги организрала неговата ИСИС.
Грешки на Ирак
Во времето кога во Ирак на власт е премирерот
Нури Ал Малики, Ирак преминува од диктатура на Сунитите во диктатура на Шиитите. Сунитите биле постојано обвинувани и казнувани за дела кои му се припишувале на
Садам Хусеин, иако тие како заедница со тоа немале ништо. Терористичките акции на Шиитите против нив биле толерирани, иако зад себе оставиле неколку илјади жртви. Планот за менаџирано чистење на Сунитите, и постојани конфликти со Шиитите за да се владее одозгора со ситуација, спомнат како план
Сајс-Пикот од 1916 година е спроведуван и тука. Првичната намера, да се создаде конфликт во кој ќе ослаби и ќе се елиминира
Ал Каеда, се претвори во хаос кој не го контролира никој.
Работите станале уште полоши во 2011 година, кога неколку покраини на Сунитите гласале за делумна автономија, или целосна независност од Ирак што Шиитите го дочекаа како повик на отворена војна. Шиитите, поврзани со Ирак преку Сирија и Иран не оставија оваа сунитска намера да се развие.
Создадена е клима во која Шиитите не верувале во властите на Ирак дека се способни да се носат со предизвикот и намерите на Сунитите за независнот. Шиитите и нивните лидери добиле масовна поддршка и дома, но и од надвор работите да се земат во свои раце, и да се создаде држава која ќе биде силна и под контрола. Сунитите, од своја страна, ова го доживеале како најава за војна, и се свртеле кон локалните верски лидери на кои им веруваат, како
Ал Багдади.
А во Ирак има оружје во изобилство. Кога ќе се собере доволно народ околу една идеја, а идејата за опасност од Шиитите е вековна, треба само лидер за војната да почне.
Тука настапува
Ал Багдади. Објавува верска војна против Шиитите и Курдите, како и против Сирија и Асад кои се омразени непријатели на САД очекувајќи, и добивајќи првично премолчување од Западот по системот:
Асад е наш заеднички непријател, и
Ал Багдади го ослабува борејќи се против него на начин кој САД не може да го спроведе. На 8 април 2013 година
Ал Багдади му објавува војна на
Асад и
Сирија, и најавува создавање исламски верски калифат -
ИСИС кој се организира според најстрогите правила на шеријатските, верски закони.
Ел Завахири, лидер на сириските исламисти кои се бореле против
Асад во Сирија ја отфрла ова идеја на
Ал Багдади, и бара тој да се држи до својата територија во Ирак.
Во јануари 2014 година доаѓа до нивна одлучувачка борба за лидерство, кај градот Рака. Во тие борби приврзниците на
Ал Багдади извојувале победа над исламистите од
Фронт ал Нусра, протерувајќи ги од теренот, со неколку стотици жртви меѓу поразените. По ова, во февруари 2014 година
Ал Каида јавно се одрекува од
Ал Багдади, и го прогласува за отпадник.
Откако
Ал Багдади станал победник во Сирија, преземал низа победнички акции против војската на Ирак одземајќи голем дел од ирачкиот север, и ставајќи го под своја контрола. Веднаш се спроведени убиства на Шиитите и неистомислениците, со неколку илјади убиени, стрелани заклани... суровоста која ја применувале не е видиена кај ниту една исламистичга органзиација порано. Кај едните тоа довело до страв и егзодус, кај другите до респект кон силата. Многумина кои со години живеат во безизлез на состојбите во Ирак и Сирија во
ИСИС виделе појава која им дава надеж дека било што да се случува не е полошо од она што е, па им пристапуваат депримирани млади луѓе кои одеднаш стануваат силни, и значајни во своите средини.
ИСИС има свои центри на финансирање кои се лоцирни во Катар и Саудиска Арабија. Се финансираат и од трговија со дрога, трговија со нафта, рекет и грабежи. Создаваат екстремно радикална зедница на верска основа во која се беси и убива за најмало прекршување на Куранот, мерено според нивните критериуми. А за убиство на неверници решаваат често и деца од по 15-16 години кои се во
ИСИС заради одмазда кон сите за кои сметаат дека се виновни за нивната лоша состојба. Голем дел од луѓето во Ирак очекуваа промени на подобро со падот на
Садам, а доживејаа разочарување со хаос во Ирак, убиства и атентати кои создадоа над 80.000 загинати после падот на
Садам, само од тие причини. Верските лидери за тие состојби ја обвинуваат владата во Багдад и САД, и затоа целта на омразата е кон тие адреси.
Што ќе биде понатаму?
ИСИС е, навистина, најсериозна безбедносна закана за светот после Втората светска војна. Не е опасноста толкава од самата органзиација, колку од експлозијата на гнев заради вкупните околности и привлечноста, подготвенсота за жртва која инспирира многу припадници на Исламот.
Кој и да ги создал, за какви и цели да се формирани,
ИСИС со време стекнува голема моќ која е надвор од контрола, и нивното активирање во Европа, со терористичкиот акт во Париз на 13 ноември годинава, при што имаше 130 непосредни жртви на акциите, најавува дека Европа не е сигурна додека
ИСИС постои. Медиумите, особено глобалните од САД и Европа дадоа големо значење на оваа терористичка акција во Франција, но немаа исти критериуми за 220 руски жртви по тероризмот врз рускиот авион кој е урнат само неколку недели претходнио. Нападот на
ИСИС во Париз, можеби, ќе биде чекор кон реализација на планот на Путин дека САД, Европа и Русија треба да се обединат против
ИСИС, што дотогаш беше одбивано до Брисел и Вашингтон.
Веќе долго, со децении, од Судан до Алжир, од Ирак преку Пакистан и Египет, Палестина... до Иран и Сирија, тој исламски свет гледа и трпи создавање безредија, уривање на општества, држави и семејства, живее во целосна неизвесност и сиромаштија. Со години му се подметнуваат лажни лидери кои не превземаат ништо освен одработување за странски нарачатели, промоција на својата група и себе лично, и нивните лидери завршуваат како лажен Месија кој е отфрлен, откако ќе одработи за некоја западна воена сила. Многу меѓу исламистите, особено меѓу Сунитите, веруваат дека е сега поинаку, и дека не се работи за нов подметнат пророк и лидер кој ќе го снема по завршувае на употребната моќ.
http://media.mk/article/38592/koi-se-i-kako-e-sozdadena-organizacijata-isis
Američki helikopteri štite konvoje DAIŠ-a od potencijalnih napada (VIDEO)
Mediji iz Ujedinjenih Arapskih Emirata objavili su video na kojem se vidi kako helikopteri SAD-a štite konvoj Toyota automobila terorističke grupe DAIŠ, od mogućih napada.
U izvještaju ovih televizijskih kanala stoji: “U ovoj karavani se nalazi približno 200 automobila, koje prate teroristička grupa DAIŠ i helikopteri Sjedinjenih Američkih Država.”
Na temelju ovog izvještaja, vidi se da su američki helikopteri pratili karavanu iz neposredne blizine, bez ijednog ispaljenog metka.
Clinton: Ranije smo se dogovorili da osnujemo DAIŠ na Sinaju!
Hillary Rodham Clinton, bivša ministrica vanjskih poslova SAD-a, je nedavno razotkrila javnosti podršku ove zemlje u osnivanju takozvane “islamske države”.
Clinton je u svojim memoarima napisala: “Mi smo učestvovali u ratovima u Iraku, Siriji i Libiji, borili se protiv vlade muslimanskog bratstva u Egiptu, ali sve se to promjenilo u periodu od 72 sata. Imali smo dogovor da se osnuje DAIŠ na Sinaju.”
Dalje kaže: “Namjera je bila da se u junu 2013. godine sastanemo sa svojim prijateljima iz Evrope i priznamo sve.”
Bivši šef nacionalne sigurnosti SAD-a je rekao kako su tri zemlje bile zadužene za osnivanje DAIŠ-a, a to su SAD, Velika Britanija i izraelski režim