Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
8.059
Поени од реакции
8.930
Веруваш дека си надвор од било која хиерархија. И тоа се темели на незнаење кое не сакаш да го надминеш и да си признаеш дека грешиш... и малку заболено его дека си нешто повеќе од другите или различен премногу од другите.
Те напали Алан Ватс дека си нешто special boy во однос на другите и дека не си со човештвото? :)

Диши и најди си го местото на бродот... дури и да е под палубата, секоја работа за надминување и искуства си има своја убавина ако тоа те менува кон подобро :)
Откако знам за себе за мене не постои авторитет кој може да е над мене. И секогаш сум работел на тоа ако некој е привремено подобар во било што да го стигнам, дали е шах, пингпонг, фудбал, кошарка и што знам што. Тоа се за да си ја потврдам мојата теорија дека нема ништо што е над мене. Не значи дека другите сум ги потценувал....напротив, секогаш сум го делел овој совет, и овде на форумов. Една порака секогаш сум имал, а таа е не еби жива сила.
Бродот е илузија душо изгубена.....не постои брод.
 
Хептаграм XI

Ιερός Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
7.515
Поени од реакции
5.223
Се читаш? Ајде ќе те оставам да го препрочиташ ова уште еднаш. Тоа што не сакаш авторитет е твоја работа. Што не исклучува дека нема авторитет. Ти не си авторитет да одлучуваш што е или кој е авторитет. За себе си, да, во твојот универзум твојот дом, може што сакаш да правиш, но реков - калибрирај си универзумот со другите... :
И што мислиш дека за се си способен е пак твоја работа, иако сметам дека човек е способен правилно и со радост да извршува само една функција на Земјата додека е тука, на бродот - кој што не посоти. Фудбал, шах... разумот е глупост, ќе закачиш болест на мозокот и ќе бидеш цвеќе... не се сили со тоа. :)

Тоа што ти сакаш да си подобар во некоја работа за која што сметаш дека може да ја сработиш подобро од некој што моментално е подобар од тебе - е правило, закон, хиерархија. И сега во моментов има некој подобар од тебе во било што што си се сметаш за експерт и тоа е добро, ако го откриеш во универзумот ќе може да се споредуваш со тој и да пробаш да го надминеш итн итн... бесконечна нишка од хиерархии, како корен од огромно дрво :)

Најдобро е така, не постои ова, не постои она и си легнуваш на лежалката која не постои и си ладеш умот бидејќи боли да се заморуваш ако сметаш дека нештото ти е небитно во моментот на твоето постоење :)
Тоа е.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
8.059
Поени од реакции
8.930
Секоја ѕвезда е различна бре момче :)
И има хиерархија, поголемите ѕвезди преку собраниот материјал низ нивното постоење повеќе привлекуваат, повеќе зрачат итн итн...
Ти велам има хиерархија во универзумот. Правила, закон!
Тоа ти што читаш и во што веруваш дека е точно за човекот, битие итн итн си е твое верување, не ти се мешам во тоа...
Не постои ограничување за човекот без разлика на систем, освен стариот еон.

Излези од дома, стани од лежалката и види го светот за да ја видиш хиерархијата. А ако ти е подобро да си веруваш дека нема хиерархии, да зборуваш за сили во универзумот (можеби од таа сила доаѓа и тоа кој кај е на бродот на кој ти не си, нели) - нека ти биде. Ни прв ни послден ќе си ... :)

Њу ејџ го измислија луѓе кои не сакаа системи иако знаеја дека се доаѓа од систем кој се протега насекаде низ универзумот.
Не ме разбираш ти мене, хиерархијата е сјебана со самиот факт што една сила(кажи го Бог, Прото-свест, Универзална-свест, Атман и т.н.) битисува во се што постои за што сме свесни јас и ти во моментов.
Кога гледаш една оса како ти се дави во кафето не се поставувај демек ти си над нејзе хиерархиски па дозволено ти е да ја казниш што ти го упропастила кафето.....не, пружи и прст нека се спаси затоа што тој истиот Атман е во осата. И не се осеќај како светец, затоа што ќе ја упропастиш работата....не може некој сам себе да си помага.
Не е она(осата) подоле или погоре, туку самиот живот(Атман и т.н.)
"посакал" да се манифестира таков.
 
Хептаграм XI

Ιερός Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
7.515
Поени од реакции
5.223
Ти мене не ме разбираш бидејќи уште од кога знаеш за себе имаш одбивност кон авторитет од твои X причини кои не ме интересираат.
За тебе не знам колку си свесен за светот и универзумот, премногу го идентификуваш сопствениот универзум како да е апсолутно нешто и важи за другите!
Јас знам дека дека има сили, знам дека има хиерархија, дека не може да бладаш да си нешто што не си или како што велиш ти: кој, Коста е добар кошаркар? Сега ќе види :D
Тоа може во кошарка и шах како што велиш, во детските играчки твои, за во светот и меѓу луѓето, а ти си дел од човештвото каде и да си, колку осамен и да си или колку забеган да си - ќе мора да разбереш дека има хиерархија. Не ти барам да прифатиш, туку да разбереш... колку и да ти е одбивно тоа.

Значи ти веруваш во сила, само не и даваш име за да не те приспојат кон некоја група од човештвото, па затоа мешаш сешто создавајќи твои секташки размисли собрано од исток па до запад, што ти дошло до рака да прочиташ и што си сметаш ти дека е најточно?
Браво :) Сепак си верник ...

Уште малку па адепт што, се ќе гледаш одозгора на таблата од животот... всушност не може, не постои хиерархија за да си адепт и гледаш нешто одозгора!Извини.
 
Ќе бидам краток. Не верувам во сила, туку јас сум таа сила. Каков адепт.... јас сум и алфа и омега, и мајсторот и адептот заедно. Јас го имам трансцендентирано целиов универзум....уствари целиот универзум се има разбудено во мене....викаш секташ сум? :)
Каква хиерархија.....од мене се плашат и боговите.
 
Хептаграм XI

Ιερός Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
7.515
Поени од реакции
5.223
Ќе бидам краток. Не верувам во сила, туку јас сум таа сила. Каков адепт.... јас сум и алфа и омега, и мајсторот и адептот заедно. Јас го имам трансцендентирано целиов универзум....уствари целиот универзум се има разбудено во мене....викаш секташ сум? :)
Каква хиерархија.....од мене се плашат и боговите.
Знам, знам... благодарам што беше ептен краток и поетски расположен!
Ти си центарот во оската итн итн :)

Реков, калибрирај си го својот универзум со оној на другите со кои имаш контакт, не си изолиран - дел си од нешто огромно :)
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.917
Од каде заклучи дека сум верник?
Од твоите досегашни писанија на форумов. Поголем верник си и од Мики. Џабе глумиш дека си нешто друго. Можеш со таа финта да лажеш млади девојчиња кои можеби и ќе ти поверуваат. Жално е што се лажеш сам себе си.
 
Член од
23 јули 2019
Мислења
5
Поени од реакции
0
Светот би бил многу подобро место без религии.
А господинот кој ги изедначува атеистите со секташи нека провери дефиниција за секташи,и нека извлече заклучок.
Туку, нема да може, за жал, премногу испран мозок треба за да биде човек религиозен, и тоа од мали нозе, плус да има IQ со двоцифрена бројка.
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
679
Поени од реакции
1.230

Со вакво симплифицирано резонирање за тоа зошто луѓето се религиозни не си кандидат за ајќу поголемо од двоцифрена бројка. Знам луѓе кои се религиозни и се сто пути попаметни од атеисти ко тебе. Немој да мислиш дека сум религиозен, ама такви дебили ко тебе се целиот проблем со милитантниот атеизам. Сигурен сум дека сеа да фатам и да бранам религиозна позиција, ќе се посереш зашто и самиот не разбираш зошто си атеист.

@Хептаграм XI Хиерархијата можеви е контингентна и постои само ако гледаш зумирано без да ја гледаш големата слика и функцијата на истата во целото. Тури им пепел на тие неоплатонистички системи. Ти не можеш да знаеш дали постои хиерархија во универзумот зашто не можеш да поставиш параметри врз основа на кои ја мериш хиерархијата. Ако пробаш да си замислиш што е тоа што едни ѕвезди ги прави поголеми од други, ќе видиш дека си користиш произволни критериуми. Зошто ако една ѕвезда има поголема количина од нешто од друга ѕвезда тоа ја прави посупериорна? Зошто ако една ѕвезда влијае на повеќе ѕвезди од другите, тоа ја прави посупериорна? Што ако ти се привидуваат ѕвездите и нивната илузија те оддалечува од сознанието дека сите се дел од еден ист систем и нивната поделеност е илузија што ја гледаш на ова ниво на кое си постоиш, во твојот свет кој сакаш да го проектираш? Чисто сумњам дека ти го знаеш тоа. Многу самоуверено некако му пристапуеш на Боди за теми што можеби се ван нашето лимитирано спознание. Ниту ти, ниту Боди можете да знаете нешто. Тргате од различни рамки и ја објаснувате реалноста од различни перспективи кои можеби кажуваат нешто, а можеби се празни зборови поттикнати од мисли во вашиот ум кои не кажуваат ништо за стварноста.

И да не се караме, шах и кошарка се закон! <3
 
Хептаграм XI

Ιερός Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
7.515
Поени од реакции
5.223
„Што ако...“ ако се користи за да се прашуваш и надминуваш е ок, а да се користи како начин да покажеш дека можеби има друго или се е илузија и тоа да го правиш во форма на прашање чиј одговор ти го немаш по ова што зборуваш, залудно ме критикуваш за мојата самоувереност :)
Сакаш да кажеш дека не е реалност дека постои хиерархија? Премногу сме зумирале? :D

Стварност е да се надминува. Да не се верува. Почнуваш со верување, со надеж... но ако заглавиш во верувањето стануваш верник и во најлош случај фанатик.
Реалност... ах мојот и твојот живот нема да бидат исти дури и да не затворат во кутија од 3x3x2.7 кубни метри.
 
Последно уредено:
Член од
23 јули 2019
Мислења
5
Поени од реакции
0
Дај бидете полезни и дискутирајте за боговите од грчката и скандинавската митологија, бар се поинтересни.
Автоматски споено мислење:

Нема потреба од многу елоквентност, бидејќи не е ништо комплицирано.
Не е логично да одиш да гинеш за некој лик што живеел пред два милениума, тоа е една работа.
Друга работа, да можеш да си ги платиш со пари прошките за гревови во црква, во ред ли е,значи ако си богат, се ти е простено, ако си сиромав, твој проблем, а ич да не зборам на колку нивоа не е во ред да венчаш 10-годишно девојче со 80-годишен дедо.
Ова е само мал пример на лапсуси од двете религии.
End of story.
 
Последно уредено:

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.917
А господинот кој ги изедначува атеистите со секташи нека провери дефиниција за секташи,и нека извлече заклучок.
Tој господин беше атеист, само некоја глупа поента сакаше да извлече.
Дај бидете полезни и дискутирајте за боговите од грчката и скандинавската митологија, бар се поинтересни.
Јас би сакал да прочитам за Велес, Триглав, Весна, Перун...
Кој те спречува еве ти биди полезен.
Ова е само мал пример на лапсуси од двете религии.
А што правиме со останатите 4000+ други религии?
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
679
Поени од реакции
1.230
„Што ако...“ ако се користи за да се прашуваш и надминуваш е ок, а да се користи како начин да покажеш дека можеби има друго или се е илузија и тоа да го правиш во форма на прашање чиј одговор ти го немаш по ова што зборуваш, залудно ме критикуваш за мојата самоувереност :)
Сакаш да кажеш дека не е реалност дека постои хиерархија? Премногу сме зумирале? :D

Стварност е да се надминува. Да не се верува. Почнуваш со верување, со надеж... но ако заглавиш во верувањето стануваш верник и во најлош случај фанатик.
Реалност... ах мојот и твојот живот нема да бидат исти дури и да не затворат во кутија од 3x3x2.7 кубни метри.
Тргаме од сосема различна рамка за тоа што е верување и како ги оформуваме нашите верувања. Тоа дека постои хиерархија е верување што ти го нарекуваш знаење. Све што „знаеме" за светот и неговите законитости се верувања што ги формираме од нашето индуктивно искуство и рационално резонирање. Користиме вербални и математички модели кога ги комуницираме нашите верувања, а некои од нив се поцврсти, други послаби. Ако идеме со филозофски скептицизам, секое верување има подеднаква невалидност, но таквиот пристап ни се чини непрактичен зашто земаме дека живееме во свет со одредена мера на униформност. Ако ја пуштам чашава од рака, верувам дека шансите се поголеми да падне отколку да полета. И ти го правиш истото. Сигурно не фрлаш чаши давајќи еднаква шанса да паднат/да полетаат, ниту пак истрчуваш пред коли давајќи еднаква шанса да постојат/да не постојат. И ти и јас имаме верувања за светот на кои им даваме поголема тежина од други верувања. Кога идеш на лекар, веруваш во научните теории кои го поткрепуваат бенефитот од земање антибиотици, не идеш на шанса магично да ја излечиш бактеријата. Од овој аспект, ваквиот пристап е практичен, но тука завршува приказната. Сите останати верувања што се од метафизички карактер се работи за кои не знаеме многу и немаме добри причини да мислиме дека методите преку кои стигаме до истите се валидни освен нашиот сентимент на увереност и нашите склоности да гледаме поврзаности помеѓу се' и сешто, да ги забележуваме работите што го потврдуваат нашиот светоглед и тристо други психолошки тракатанции кои постојат зашто таквиот пристап им помогнал на нашите предци да преживеат, па сеа оперираме како суштества што бараат поврзаности.
Од тој аспект, таквите верувања не се нешто во што треба да навлеземе емотивно ако сакаме да бидеме „пообјективни" во некоја смисла. Но за многу луѓе објективноста не е примарна цел, туку припаѓањето во социјални групи, чувството на безбедност и самодоверба поради што прифаќаат различни верувања.
Јас не верувам дека можам да им кажам дали е тоа правилно се' додека не станат опасни за другите кои не ги делат нивните позиции.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ιερός Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
7.515
Поени од реакции
5.223
Од искуство знаеме за светот. Бидејќи мојот и твојот универзум имаат мали допирни точки по ова што читам, тешко дека ќе се сложиме за било што...

Ти си заглавен во философијата и материјализам, по ова што читам... Може и грешам... На ништо одговор само сомнеж... Ок е сомнеж ама не се силува до толку.

А за методите, додека не ги пробаш, ќе ти се невалидни и се ќе ти е тракатанци и психологија и философија да вежбаш разумот.
Тоа е тоа...

Реално секому и никому не смееш да му кажеш било што за неговиот пат ако ти не си над него во хиерархијата... Дали по сила, знаење, способност итн итн..
 
На врв Bottom