Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.476
Поени од реакции
1.050
Хепта, во два различни поста кажуваш спротивни мислења, и уште мене ме обвинуваш како јас сум го наметнал тоа...еве што си напишал.
Многу познати мистици и пророци рекле дека нема заборав за оној што е упатен во кралската уметност, има начини и методи, ти пак ми велиш има заборав и си вртиш некој твој филм...
А само еден пост предходно го кажа следново.
Дури и денес Телема тоа учи: природата не прави скокови исто и светлината. И дека не постои прекин, ресетирање, туку постои само заборав бидејќи човекот не бил способен да ја пренесе свеста преку својата смрт која учат дека е само ослободување од превезите на Земјата преку кои имал искуства човекот.
Овде кажуваш општо за човек дека има заборав.

Веќе кога водиме дискусија и даваме размислувања,било лични или од филозофија која се следи, да се има конкретен став.

Има или нема заборав?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.597
Има или нема заборав?
Ама ти по се изгледа навистина не разбираш што зборувам или не ти чини тоа што го зборувам. :)
Затоа ме прашуваш дали и тие упатените и способните се луѓе во однос на другите... сега ми е јасно.
Не ме обвинувај мене за тоа што ти не разбираш. Не можам да ти помогнам околу тоа.

Види што убаво си ме цитирал и тоа одлично поврзани два цитата. Не знам како подобро да ти објаснам...
Те буни тоа што кај некои луѓе има заборав, а кај други нема? :)
Нека не те буни тоа, тој заборав не доаѓа од надвор, како што Исус на пример е надворешна форма на обожување, од внатре е, од самиот центар на една ѕвезда, заради нивната мрзливост или пак нивната способност во овој момент едноставно не можат повеќе...
И нема ништо лошо во тоа, секоја ѕвезда, своја природа, свој пат, свои искушенија!

Источните школи ја додаоа кармата и инкарнацијата за да се реши овој проблем или пак ајде, да се правиме мангупи: за да ја олеснат тежината на плеќите на оние кои не смогнале сили или премногу се заплеткале во трњето на животот тука и сега...

Па до толку сигурно си читал некоја книга аман...
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.476
Поени од реакции
1.050

Ама ти по се изгледа навистина не разбираш што зборувам или не ти чини тоа што го зборувам. :)
Затоа ме прашуваш дали и тие упатените и способните се луѓе во однос на другите... сега ми е јасно.
Не ме обвинувај мене за тоа што ти не разбираш. Не можам да ти помогнам околу тоа.

Види што убаво си ме цитирал и тоа одлично поврзани два цитата. Те буни тоа што кај некои луѓе има заборав, а кај други нема?
Нека не те буни тоа, тој заборав не доаѓа од надвор, како што Исус на пример е надворешна форма на обожување, од внатре е, од самиот центар на една ѕвезда, заради нивната мрзливост или пак нивната способност во овој момент едноставно не можат повеќе...

Источните школи ја додаоа кармата и инкарнацијата за да се реши овој проблем или пак ајде, да се правиме мангупи: за да ја олеснат тежината на плеќите на оние кои не смогнале сили или премногу се заплеткале во трњето на животот тука и сега...

Па до толку сигурно си читал некоја книга аман...
:facepalm:
Мислам дека тука заврши секоја наша дискусија.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.597
:facepalm:
Мислам дека тука заврши секоја наша дискусија.
Се сложувам. :)
Јас напишав и пред некој ден дека нема што да дискутираме, ама добро е да се проба...
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.597
Не знам зошто се има идејата дека тука дискутираме за да се покажеме како најдобри или пак да се издвојуваме...
Ние тука дебатираме околу религиите, догмите, светите книги... за тоа патот дека не е само христијанството, па и тоа се дели...

Имав споделено тука слика од една црква во Македонија каде што нацртале како само православието е кул и одлично и води кон целта, другото се е зло и не го бидува. Па каде така бре мирјани? :)
Потоа врескате како сте биле постојано напаѓани со зборови од другите, па извинете, тоа го прават христијаните со векови!

И какво искуство се има „во Бога“ во христијанството и исламот, преку верување? Содржината на Библијата е опасна ствар за толкување... да беше буквално се како што е запишано, евреите и те како ќе беа првите христијани, а не насамарени и исвиркани од рано-христијанските секти!
Срамота. :)

А она за „времињата“: помина вашето. Сега само ви останува на вас христијаните да стоите со крената рака и да врескате и барате како и обично „кривец“ за да вие бидете „најдоброто“ нешто на Земјата.
Нормално, освен ако не решите на сила да го задржувате времето... Ништо друго.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.290
Kaжи му дека ништо не знае и да земе да чита. :vozbud:
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Ateistite, ne sakaat da veruvaat vo crkvata. Sekoj chovek treba da bide vernik, ama vo dobra i miroljubiva religija. I Biblijata da se chita.
Секој треба да биде верник? Сериозно??? Не баш, јас велам никој не треба да е.
Која е таа мирољубива а кои се немирољубиви?
Зошто баш библијата? Муслиманите би рекле куранот да се чита, хиндуистите би рекле ведите да се читаат... некои трети би рекле нешто сосем десето? Кој е во право?
Toa e del od nashata religija
Кој тоа вие? Која ваша религија?
Biblijata, toa e najinteresnata kniga shto sum ja chital. Sekoja prikazna go otvora svetot pred tebe. Samo luge koi shirat lagi i omraza...e tie ne ja sakaat Biblijata. Mislam deka nie pravoslavnite hristijani treba da ja chitame.
Значи и ти шириш лаги и омрази пошто не го сакаш куранот. Пак тоа вие, не сте само православни христијани во светов.
 
Член од
10 март 2019
Мислења
23
Поени од реакции
2
Секој треба да биде верник? Сериозно??? Не баш, јас велам никој не треба да е.
Која е таа мирољубива а кои се немирољубиви?
Зошто баш библијата? Муслиманите би рекле куранот да се чита, хиндуистите би рекле ведите да се читаат... некои трети би рекле нешто сосем десето? Кој е во право?

Кој тоа вие? Која ваша религија?

Значи и ти шириш лаги и омрази пошто не го сакаш куранот. Пак тоа вие, не сте само православни христијани во светов.
Go sakam Kuranot, jas Biblijava ne mozam sega za sega da ja naucham. Fala za sovetive.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom