Не знам дали господ го создал човекот или човекот го создал господ.
Не знам од кој Адамов син водиме потекло. Како се однесуваме, изгледа дека Каин е нашиот дедо.
Не знам дали и колку синови има господ.
Не знам што не знам...
Паланчански , а да седнеш и да напишеш една книга и во неа според искуството што го имаш опиши се самиот себе во разделени улоги од своите емоции од своето раѓање.Постави граници во зависност од телесните промени, кој период е како во рај , а во кој со мака ќе обработуваш трње.
Се разбира, како творец на пишаниот збор - книгата, почни да се разделуваш како би им произведол "храна" на читателите.
Еден лик кој ќе биде земјоделец и "храната" ќе ја сади во вид на семе чекајќи временските промени да ги израснат и еден лик кој ќе биде козар каде читателите ќе го задржат својот облик "пасејќи" од стрмни и високи предели.
После , осмисли нај страдална приказна во која животот и смртта ќе ги раделиш , па ќе ги соединиш со посебен акцент на меѓусебна борба на добро и лошо. Да има читателот лавиринт од поимите добро и лошо по кој ќе чекори.
Временскиот интервал ословувај го како жена која во рака го држи детето со твојата книга во рачето.
И не заборавај , вистинската причина за да напишеш нешто такво е да се создадеш самиот себе преку духовна промена , негде и некогаш пак да постоиш.Твојата вечност, наместо по тебе да именуваат улица.
Па други нека тупат мозок кој кого создал и колку пати ќе се создадеш и кој на кого му е дедо.