Дилема за кокошката и јајцето?

СрбоЛегенда

Сами против свих
Член од
24 декември 2008
Мислења
2.694
Поени од реакции
123
Јајцето.Не излага од јајце само кокошката.
 

cd-krsac

Field Marshal
Член од
18 јануари 2009
Мислења
23
Поени од реакции
9
ако се разбираш од некои природни науки ке сватиш дека јајцето е постаро... кокошката со тек на еволуција се појавила многу, многу покасно од првото снесено јајце (птичје) и секако постоеле видови на суштества кои се размнозувале со несење на јајца кои покасно се развиле во кокошки.

jas mislam petelot:nesum::uvo::pos2::pos2: za da ima jajce mora da ima kokoska i petel:toe::pos2::pos2:jaka tema nema sto
не мора да има петел за да има јајца! мислиш дека јајцата од на некоја живинарска фарма се оплодени? (тие кокошки не виделе петел со очи-да ги залиш) :pos2:
 

dedanoe

As sum A ss um
Член од
3 ноември 2008
Мислења
312
Поени од реакции
7
епа вака: од претпоставеното прво јајце излегла првата кокошка; од првата кокошка излегло второто јајце; од второт јајце втората кокошка за да најпосле втората кокошка го снесе одново првото јајце (a sort of selfish Asus.tainable arrested development). на истиот принцип: иднината произлегла од сегашноста; сегашноста од минатото; минатото од антисегашноста и најпосле антисегашноста од иднината. кругот (рецимо ко тој по кој месецот путуе околу земиата) нема ни почеток ни крај. светиот дух (блажениот дедот) :star: е предок на оцетот (таотко) :je: но и следбеник на небесниот синодот :angel1:. меси сине, меси, оти си месаја! my burden is Севт.Лост.А, I am D.Father (Васе), D.Sun (Добри) and D.Holy.S (Пандо)!!
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Тема ваква веќе си има, па затоа ја спојувам со старата.
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
Кокошката се раѓа од јајце,а кокошката несе јајце,незнам мислам дека јајцето е постаро,бидејќи сите живи организми настануваат од клетки,а самото јајце претставува едноклеточен организам кога не е фертилизирано.
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Јајцето е постаро од кокошката. Се мора од нешто да се роди.
 

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
ако се разбираш од некои природни науки ке сватиш дека јајцето е постаро... кокошката со тек на еволуција се појавила многу, многу покасно од првото снесено јајце (птичје) и секако постоеле видови на суштества кои се размнозувале со несење на јајца кои покасно се развиле во кокошки.
Не е доволно само од некои природни науки да се разбираш , треба од повеќе , ..... и треба да сфатиш дека не е буквално поставено прашањето , и треба да се запрашаш , и да погуглаш за релевантноста на теоријата за еволуција ....
Мислам , ние сме генерации што на школо не учеа дека човекот потекнува од мајмун , и ние тоа здраво за готово си го сфативме ....

Ама постојат многу дупки во таа теорија ,
 

cd-krsac

Field Marshal
Член од
18 јануари 2009
Мислења
23
Поени од реакции
9
кој рече дека потекнуваме од мајмун? со човеколикиот мајмун имаме заеднички предок. и да, знам како е поставено прашањето и во која смисла...
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Не е доволно само од некои природни науки да се разбираш , треба од повеќе , ..... и треба да сфатиш дека не е буквално поставено прашањето , и треба да се запрашаш , и да погуглаш за релевантноста на теоријата за еволуција ....
Мислам , ние сме генерации што на школо не учеа дека човекот потекнува од мајмун , и ние тоа здраво за готово си го сфативме ....

Ама постојат многу дупки во таа теорија ,
Да си внимавал малку повеќе на часови сега намало да имаш толку дупки во теоријата за еволуцијата.

Ем ќе си знаел дека јаајцето доаѓа прво.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Епа по некоја моjа логика јајцеот е прво. Пошто кокошката не е прва која несе јајца, а таа сигурно не настанала од big bang. Така да таа е дел од еволуцијата и настанала од јајце
 

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
Да си внимавал малку повеќе на часови сега намало да имаш толку дупки во теоријата за еволуцијата.

Ем ќе си знаел дека јаајцето доаѓа прво.
Поентата ми е дека неможе да се даде одговор на ова прашање со помош на теорија која е погрешна...

Дали тебе ти кажале на час , ( очигледно повеќе си слушал од мене )
дека во времето кога била пишувана книгата , еден од фактите на кои се базирала теоријата е дека живата материја никнувала од неживата без никаков проблем....односно ,
Ако имаш бара , барата ќе создаде жаби .....
Ова го докажувале и експериментално (со сличен експеримент)...

Земале тегла , внатре ставиле шницла ( органска материја , не сепак не била жива материја да не ме разбереш погрешно), и по некое време во теглата се појавиле црви , ларви......теглата била херметички затворена , и црвите немало од каде да дојда , значи сигурно шницлата (или бифтек или било каков тип на месо, не е важно) ги создала
и тоа бил доказот дека живата материја не е толку проблем да се створи од ништо т.е преминот од нежива во жива материја......

Денес знаеме дека дека тие црви биле таму и пред месото да влезе во теглата , но биле неразвиени и со микронска големина.


Друга работа , ако животните преминуваат од еден вид во друг вид , и ако е таа еволуција е така спора ,тогаш каде се сите оние меѓу видови..... каде е рибата со нозе ??? каде е птицата диносаурус ,...а каде пак сите останати линкови ????

Добро познатата слика , верига од мајмуни ....па како се исправа , и на крај постанува човек....., колекцијата од черепи кои се подредени по некоја логична форма и големина за на крај да резултира со човечки череп.

Да , познато ти е тоа , а знаеш ли ти дека можеш и денес да составиш таква верига од живи суштества , земи череп на некој од абориџините , земи череп на некој кинез , од монголија, русин , црнец....сите имаат различни карактеристики и додавај од некој шимпанза черепи , и ете ти ја приказната .....

Уште една работа ,
Како се случува еволуцијата ????

По пат на мутација .... односно менување на генетскиот код , и денес постојат такви генетски мутации , и се случуваат од време на време , суштества со две глави , повеќе раце , прсти итн.....

Но никој од тие примери не ги усовршува суштествата.... тие што имаат 6-ти прст....тоа им е израсток бе брат......немаат контрола врз него ....

Уште една работа.....спиеше ли ти на час кога се учеше за локомоторен систем , крвен систем , нервен систем итн.....

Си го испуштил зборот СИСТЕМ , ако нешто не работи во системот , тогаш паѓа цел систем.....

ок...секако дека сите се согласуваме дека е тоа така , околу паѓањето на системите ....

Ако еволуцијата се случувала така како што е опишана....тогаш од кај кур се појавува наеднаш целосно развиен систем ????
инаку половично развиен систем би му сметал на некој вид на животно.......


замисли ..... има животново две нозе...и сеа треба да се развие во читириножно суштество....и полека му се развиваат илјадници години задни нозе.. , и како ќе трча тоа со полуразвиени нозе.....
нели најсилните преживуваат и ги пренесуаат своите гени , сите пософистицирани суштества ги пренесуваат своите особини , како тоа полу развиено суштество ќе биде пософистицирано , кога ебаниот израсоток го уназадува и почнува да му пречи ....замили нога (полуразвиена) да почне да ти расте на чело , да видиме како ти ќе бидеш пософистициран

Ете ти ги дупките другар , искочиле затоа што повеќе сум се заинтерсирал да дознаам , а ти затоа што очигледно повеќе си слушал од мене.....ќе те молам да ми одговориш на сите прашања.
 
М

Мрак

Гостин
Хахаа,интересна тема,навистина:)Јас имам 2 теории.
1.Кокошката е постара.Некое суштество во минатото родило младенче кое имало некои компликации и така се создала кокошката оја снеска јајца и се тоа си терало до ден денес.
2.Јајцето е постаро.Некое суштество што несе јајца добило деформирано млденче и така настанала кокошката и снесла јајца итн...

слични се:)Глупи се.Но,како поинаку би било?:toe:
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
Никогаш нема да дознаеме што било попрво,јајцето или кокошката,додека не ја испитаме улогата на петелот во целава работа.-Гручо Маркс
:toe:
 
Член од
3 март 2009
Мислења
795
Поени од реакции
702
Сега ште ви кажам. Парво е кокошката , зашто кокошка отсекаде може да долети ама jаjце не може.
 
А

Антоние

Гостин
Кокошката не постои. Постои само форма на живот, која што сме ја диференцирале од останатите форми на живот, и сме ја насловиле "кокошка". Впрочем, кокошките никогаш не постоеле. Одредени атрибути биле издвоени во период од илјадници години еволуција преку метод на пробување и грешење. Кокошките никогаш немале почеток, тие само бавно се трансформирале од една животна форма во друга, додека не се добило нешто што би можеле да го наречеме кокошка. Кокошките постојат само во нашите умови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom