Дали знаеш во прв момент што е причина за појава на non alcoholic fatty liver?
Инаку со кето баш спротивно, може да го исчистиш и да ја намалиш инфламацијата и важи за една од најдобрите диети за средување на овој проблем.
Исто и омега 3 ти се исфорсирани повеќе од што е потребно, особено некои со низок квалитет и некомпактибилни извори на омега 3. Најдобри и најблиску до она што треба да биде се тие од крилово масло, се друго е ветер во магла.
Подобра диета од кетото, ти е можеби само кето во комбинација со фастинг, одлична енергија, минијатурно губење на мускулна маса и постојана ситост, се тоа сум имал само со ова, а имам пробано и лоу карб, циклирање на јаглехидрати, хроно и што не.
Голем проблем со тоа што огромен процент никогаш не влегуваат во кетогена состојба, а една од причините е високиот внес на протеини кои со глуконеогенеза ви ја заебува целата слика и уствари сте на нешто налик лоу карб/хај протеин, а мислите дека сте влегле во кетоза, така да немојте да се правите експерти и да им давате на луѓето погрешна слика, ако не сте ни сами сигурни во тоа што го правите![DOUBLEPOST=1554912904][/DOUBLEPOST]
И за време на кето можеш да поткаснеш блачко, а да не отидеш над тие 5%
Јас купувам темна чоколада со екстремно низок процент на јаглехидрати, имаше во Тинекс едни со 20тина грама на 100грама околу 120 денари ги земав и тие во Кам и Стокомак кои се поефтини околу 50-60 и имаат 30тина грама на 100 грама. Една коцка нема да ја џвакаш, туку ќе си ја шмукаш како шеќерче
ќе се осетиш како да си изел пола чоколада, а нема да внесеш повеќе од 5гр јаглехидрати.