Дигитален архив: Компилација на историски извори за Македонците!

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
F. Sebastiano Dolci (1699-1777), DE ILLYRICAE LINGUAE VETUSTATE ET AMPLITUDINE

"Ех ipsis itaque Illyridis populorum positionibus... unam оmnino eandemque linguam Illyricis, Macedonibus, Epirotisque fuisse."

Превод: Од самата положба на илирските племиња... еден ист јазик е кај Илирите, Македонците и Епирците.


"Роrrо quidquid olim Macedonibus virium et virtutis fuit, id eos Illyriсае gentidebuisse, testatur clare lib. VII. his verbis Justinus: Sed Macedonibus assidua certamina *** Thracibus et Illyriis fuere, quorum armis veluti quotidiano exercitio indurati gloria bellicae laudis finitimos terrebant."

Превод: Понатаму, се што некогаш Македонците беа во својата моќ, му го должат на илирскиот род, во книгата 7, Јустин: Македонците здружени со Трачаните и Илирите водеа стални борби, ги плашеа соседите, ја зацврстуваа својата слава.

http://books.google.com/books?id=ct9EAAAAcAAJ&printsec=frontcover&source=gbs_ge_summary_r&cad=0#v=onepage&q&f=false
.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.615
Сметам дека на ова местото му е тука:

Просветлување на историјата на Македонија

Д-р Митко Б. Панов
Авторот е доктор по историски науки

На прагот на најголемиот успех во современата македонска историја - добивањето на покана за членство во НАТО - Република Македонија континуирано и засилено се соочува со историската негација, манифестирана и преку интензивирањето и заострувањето на притисоците за промена на уставното и непроменливо име - Македонија.

Тоа што посебно загрижува е што негацијата зачестено доаѓа и однатре, еднакво во форма на политичка конјуктурност сублимирана во неодамнешната реторика на лидер на политичка партија за „будалаштината“ на современите и античките Македонци, како и во историографска форма - рефлектирана со наметната „самопотреба“ за преиспитување на античкото минато на Македонија и на Македонците.

Сето тоа доаѓа во време кога македонската влада, за првпат по осамостојувањето, се обидува да ги акцентира реалните културно-историски традиции на Македонците и на Македонија како држава, вклучувајќи ги и Албанците и останатите етнички заедници. Напластот создаден од политиката диктирана на релација Белград - Атина, одразена и во поранешната СФРЈ во целина, го остави длабоко затскриен македонскиот историографски континуитет од античкиот период, со примената на мошне умешно исконструираната вештачка историографска синтагма од 19 век заснована на поимот хеленизам.

Во отсуство на сопствена национална држава на Македонија во 19 век, на историјата на античка Македонија и беше „залепена“ хеленистичката историографска етикета, што слепо беше следено од западната историографија, која впрочем и беше креатор на истата. Истоветниот приод беше применет и при оспорувањето на средновековната историја на Македонија, во која беа инволвирани други актери. Ретките македонски историографи во поранешна СФРЈ кои се зафатија со просветлувањето на историските корени на Македонија успеаја да продрат до средниот век, упатувајќи на културно-историските традиции од Св. Кирил и Методиј, Св. Климент и Св. Наум, како и на средновековната државност во времето на Самуил. Притоа, во малкуте студии беше посочена и неопходноста од расветлување на историјата на античка Македонија, која кадровски и историографски беше тенденциозно занемарена поради добро познатиот политички диктат на ниво на СФРЈ.

Осамостојувањето на Република Македонија создаде можност за ослободување од тешкиот политичко-идеолошки напласт од СФРЈ во насока на коригирање на огромната историографска неправда која и беше причинета на Република Македонија, посебно во однос на античкиот период од нејзината историја.

Македонија беше исправена пред историска шанса да ја разобличи западната историографија, т.н. либерална школа, која во однос на историјата на Македонија го следеше поимањето од 19 век, со кое се оспоруваше античкиот и средновековниот културно-историски континуитет. Меѓутоа, долгиот транзициски период во кој навлезе Република Македонија беше проследен со маргинализирање на историчарите, посебно на оние со национален предзнак. Политичкиот и личниот критериум беше поставен пред вредносниот и научниот, што се одрази и врз квалитетот на историографската продукција.

Воедно, кај дел од историчарите во Македонија, синдромот на инфериорноста од поранешна СФРЈ беше заменет со тренд на настојување на наоѓање поткрепа за историското минато на Македонија кај западните историографи и прифаќањето на демагошкото поимање за историјата од европските бирократи во Брисел. Тоа, како и доскорашната ориентација на политичките елити, кои гледаа на историчарите како на кочничари на внатрешните и надворешно-политичките процеси, генерираше состојба во која македонските историографски трудови, во кои за првпат се акцентираше културно-историскиот континуитет од античка Македонија, останаа потиснати и неафирмирани.

Како резултат на тоа пошироката јавност остана дезинформирана и конфузна, што меѓу другото се должеше (и) на продукцијата на квази-историографските трудови, како и на трудовите произлезени од „сомнителните“ проекти, кои на различни начини и со различни мотиви се обидуваа(т) да ја ре-дефинираа(т) историјата на Македонија.

Неодамна бевме сведоци на директно вмешување на политиката во историографијата што продуцираше и апсурдно политичко толкување на историјата, втемелено на раскажаната фантастична приказна од лидер на политичка партија за „будалаштината“ на современите и античките Македонци околу нивното историско само-осознавање. Приказната генерално оди во правец на тоа дека „будалестите“ Македонци, всушност се и секогаш биле во голема историска заблуда: современите Македонци не можат да се повикуваат на своето античко минато, бидејќи не се Македонци; Александар Трети Македонски бил во заблуда бидејќи не бил Македонец; античките Македонци биле во заблуда. . .

Ваквата историска негација не би требало да биде многу страшна, со оглед на смешниот карактер на фантастичната приказна, во која (како и кај сите приказни) не верува ниту самиот раскажувач. Апсурдот е дотолку поголем што токму антиката може да претставува обединувачки фактор за Македонците и за Албанците. Оттаму, изречената приказна добива многу подлабока политичка димензија, бидејќи коинцидира со засилениот притисок за промена на уставно име на Република Македонија, а со тоа далекосежно продира и во националниот идентитет на државата. Ваквата состојба дополнително ја наметнува неопходноста од просветлување на историјата на Македонија, но која не треба да се сведе на нејзино механичко ре-моделирање во зависност од моменталните состојби и потреби.

Просветлувањето треба да се сфати во поширок контекст во насока на конечното отстранување на наталожениот политичко-идеолошки баласт кој за жал се уште ги задушува демократските процеси во земјата; враќањето кон научниот и вредносниот критериум наспроти политичкиот и личниот; темелно преиспитување на самите себеси и на сопствените вредности и капацитети; надминување на длабоката инфериорност од западните историографии и од европските демагошки поимања за националните истории на другите. Единствено вака сфатеното просветлување на историјата на Македонија може да биде во полза на Македонците, како и на Албанците и на сите други заедници кои живеат во Република Македонија, чиешто културно-историско само-осознавање нема да биде засновано на научно-фантастични приказни од типот за „будалаштината“ на другите, туку на реална, научно втемелена и општо прифатена историографска продукција во која ќе бидат интегрирани многувековните културно-историски традиции на Македонија, а кои длабоко продираат до антиката. На овој начин Република Македонија ќе може да се спротивстави на силните притисоци за промена на уставното и историско име, чиешто крајно исходиште би било промена и креирање на нов национален идентитет, преку вештачката замена на културно-историските традиции од антиката со оние од 20-от век. Тоа никако не смееме да го дозволиме, дотолку повеќе што историските аргументи се на наша страна!

ИЗВОР

http://mn.mk/komentari/3604-Prosvetluvanje-na-istorijata-na-Makedonija
.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
На британската етничка карта на Централна и Југоисточна Европа издадена од Штабот на воените сили во 1916 година во Лондон, Македонците се претставени (признати) како посебен народ и нација под сопственото национално и историско име Македонци.


Македонската етничка територијата на географска Македонија е одбележена со посебна линија и во легендата за нациите, a Македонците се посебно одбележени.


.










"All fearful and hopeful--a motley array: Montenegrins, Greeks, Servians, Russians, Magyars, Macedonians, Roumanians, and a little Bulgar" - 1915















стр. 168


стр. 169


170


стр. 224


стр. 226


стр. 244


стр. 246


стр. 247


стр. 249












Еве една интересна мапа од 1922 година, каде Македонците се нотирани како “Македонски Славјани“ во посебна боја.

За нас е важна само терминологијата, а мапата не e целосно точна во однос на дистрибуцијата. Македонците се дадени како посебна националност кои cе разликуваат од Срби, Бугари и Грци и станува збор за 1922 година откако Македонија е разделена.

Тоа е впрочем и најбитното кое ги демантира целосно пропагандите на окупаторите, посебно па Бугарите за кои јасно се вели “Славјано-Монголи!



Стр. 820, Мапа верзија 1, послаб квалитет.


Стр. 820, Мапа верзија 2, подобар квалитет.


Стр. 820, Мапа верзија 2, зумирана:


(Извор: "The New Larned History: for ready reference reading and research" by J. N. Larned, Volume 1, page 820, published 1922)


http://books.google.com/books/about/The_New_Larned_History.html?id=mi2756EiutYC
.
 
E

emission

Гостин
Уште едно дело во кое се пишува за Македонците, некаде од средината до крајот на 15 век. Значајно е што се одделуваат Македонците од Власите, Бугарите и Србите, а Македонците се претставени како различни од Бугарите и Србите. Особено интересен ми беше делот за Охрид кој е опишан како "град на Македонците".

MARTIN DE SEGONIS бил Улцински епископ и високо образуван човек. Во своето дело „Traktat o pripremanju Otranta i o turskom vojnom uređenju i njegovom porijeklu“ дава географски податоци за Македонија и за Македонците.

Segon je bio jedan od istaknutih humanista kraja XV vijeka. . Doktorat kanonskog prava stekao je 18. februara 1475 god. u Padovi. Na mjesto Ulcinjskog episkopa došao je poslije smrti Martina Bergama 1481. U Obrazloženju za njegovo postavljanje rečeno je da se odlikuje visokom kulturom i zaslugama za crkvu. Posljednja vijest o njemu potiče iz 1486. godine. U XVI stoljeću dio porodice Segon živi u Kotoru.

Prvo se, dakle iz Panonije prelazi na Ušću Save u Dunav u Gornju Meziju blizu Beograda, gdje se stiču dva puta: jedan gornji u Trakiju ili Romaniju, drugi donji koji vodi do Dardanaca i Makedonaca.
Vlasi su planinci, divlji rod ljudi - oni su bogati samo stadima stoke; a drugi dio, koji je okrenut Dardancima, Makedoncima i Tribalima, Srbi, ljudi blažeg načina života i pitomijeg i lijepog izgleda, zato što se prostiru više ka jugu i zbog mnogih putujućih trgovaca
Odatle putujući preko planine Žeglgova, doline Konopnice, banje Velbužd (=Ćustendil) i mosta na Strumi, koja dijeli Makedonce od Tribala ili Bugara, blizu Crvenog brijega, prošavši šume Samokova i prostranu pustoš planine Hema
Ostali narodi srodni Makedoncima su Srbi, koje isti autor naziva Dardancima.
O nastanku, spoju i toku oba Drima

Uostalom rijeka Drim izvire iz jezera blizu Ohrida, gradica Makedonaca, i razdvaja Dibrane, koji se nazivaju Dardancima, od naroda Vrake i Ematije, zatim Hispane ili Piloćane od krajeva Dukađina, đe malo više ulazi u drugi Drim koji dotiče iz obližnjih planina Mezije, i pod gradom Lješom spušta se u Jadransko more.
http://www.montenegrina.net/pages/pages1/istorija/crnojevici/o_balkanskim_krajevima_i_narodima.htm
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Ostali narodi srodni Makedoncima su Srbi, koje isti autor naziva Dardancima.
Кој е istiot autor?


Sredinu pokrajine naseljavaju Vlasi, o kojima Ptolomej tako donosi: "Oni koji leže između nazivaju se Pikenzi", a gore u prvom putopisu dosta je o ovim rečeno. Ostali narodi srodni Makedoncima su Srbi, koje isti autor naziva Dardancima.

Не ми е јасно зошто се радуваш, кога во твојата книга скопјаните се Дарданци.
 
E

emission

Гостин
Не ми е јасно зошто се радуваш, кога во твојата книга скопјаните се Дарданци.
Во книгата Македонците се Македонци и Охрид е град на Македонците. Границата меѓу Македонците и Бугарите е некаде меѓу Ќустендил и Струма. Дарданците и Македонците се одделени. Македонците се сродни со Србите (значи различни).

Да додадеме уште едно дело овде исто за Македонците. Напишано е во 1532 година.





 
E

emission

Гостин
Инаку овој извор кој кристално јасно ги става Македонците и Македонскиот јазик во групата со другите народи (настрана од тоа што им дава континуитет и со Александар Македонски).

Да појаснам, од тоа што го постирав jасно ги прикажува Македонците и зборува за нив во сегашноста (средина на 16 век).

Исто така јасно кажува и за јазикот на Македонците. Дури и да спомнал „Бугарија некогаш нарекувана Македонија“тоа апсолутно не му оди во прилог на тој што ја напиша таа забелешка.

Тоа напротив значи дека без разлика како била нарекувана територијата Македонците ги има во тоа време го има Македонскиот народ.

Знаеме дека Македонија била под Српска или Бугарска власт пред да биде напишана книгата меѓутоа многу јасно е запишано „исто како и денес“ зборуваат и се од ист род како Македонците.

Но авторот напишал и нешто друго:



Ако се напушти стара поделба на покраините (можно е да зборува за времето пред турците т.е. за Ромејското царство кога вели стара поделба на покраините) значи ја дава поточната положба на Македонија.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Aнглискиот весник "The Graphic" и Францускиот "Le Petit Journal" на своите насловни го илустрирале Илинденското востание во Македонија:



















Оваа карикатура е објавена на насловната страна на месечниот берлински весник "Lustige Blätter" No.45 Октомври 1903 година, веднаш по задушувањето на Илинденското Востание.

 
E

emission

Гостин


Мислам дека ова не е постирано на оваа тема.

Документ од 1908 година, од комисија за емиграција во САД.
„Поради разликите во раса во различните земји оваа комисија сака да ги поткрепи сите податоци според раса (или народ) како и по земја на раѓање ..... Оваа листа ги покажува земјите од кои најголем дел од имигрантите доаѓаат како и главните раси(народи) од тие земји. “
Грција: Грк, Македонец
Бугарија: Бугарин, Македонец
Европска Турција: Бугарин, Грк, Евреин, Македонец, Црногорец, Србин, Сириец, Турчин.

Доколку некој се обиде да манипулира дека се тоа регионални имиња, прво да одговори на прашањето кој е тој регион Сирија во Европска Турција и која територија во Европа е Еврејска.

macedoniantruth .org
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
228
Поени од реакции
203
Земено е од овде онде,

http://www.gate.net/~mango/18thC_Russian_Docs.htm

Anna Comnena: The Alexiad; 12-ти век на повеќе места се спомнуваат Македонци иако веќе требаше да бидат "Хеленизирани":

On either side of its slopes dwell many very wealthy tribes, the Dacians and the Thracians on the northern side, and on the southern, more Thracians and the Macedonians... BOOK XIV.(1108-15)

http://www.fordham.edu/halsall/basis/AnnaComnena-Alexiad00.asp
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.615
Од која година е документарецот??
Ми се чини дека е од крајот на 80-тите години, или можеби малку предходно.


History of Bridgeport and Vicinity, 1917.

Albanians, Bulgarians, Greeks, Macedonians, Romanians, Serbs, Turks...






.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Уште еден француски документ од 1917 година во кој јасно се кажува дека Македонците се посебен народ и истовремено се прокламира независна држава Македонија со Солун како главен град.

Странските дипломати за Македонија во 1917 Преку независна Македонија до конечен мир на Балканот

23 јули 2012 16:52

Француски дипломати анализирајќи ги состојбите на Балканот пред крајот на Првата светска војна недвосмислено напишале дека какво било делење на Македонија би претставувало извор на идни конфликти и би ја спречило пацификацијата на Полуостровот и никој не би бил задоволен, ни Србите, ни Грците, ни Бугарите.



Дали е можен одвоен мировен договор со Бугарија?

Документот со овој наслов е резултат на активностите на Балканскиот Полуостров на француската дипломатија, која будно ги следела состојбите од почетокот на минатиот век во овој дел на Европа и испраќала редовни и детални извештаи до Министерството за надворешни работи на Франција.

Овој документ се однесува на периодот од Првата светска војна. Тој претставува анализа на позициите на сојузниците на Балканот во 1917 година и содржи предвидувања за можните исходи од војната. Анализата со наслов „Дали е можен одвоен мировен договор со Бугарија“, со датум од 8 мај 1917 година, подготвена е од службите на Министерството за надворешни работи во Париз и се наоѓа во фондот „Конзулат, потоа Легација на Франција во Белград, 1838-1941“ – Серија „А“, сместен во Дипломатскиот архив на Франција во Нант.

Од многубројните документи во овој фонд што се однесуваат на состојбите во Вардарска Македонија по Балканските војни и по склучувањето на Букурешкиот мировен договор особено внимание заслужуваат документите создадени за време на Првата светска војна кога учесниците во војната правеле различни комбинации за да се најде решение за смирување на состојбите на Балканскиот Полуостров.

Во овој документ пред сè се разгледуваат можностите за склучување одвоен мировен договор со Бугарија со што би се овозможило побрзо завршување на војната. А како едно од можните решенија за да се обезбеди траен мир во овој регион се предлага создавање независна Македонија под покровителство на сојузниците, кои би ги гарантирале сигурноста и почитувањето на човековите права на сите жители на Македонија.

Во почетокот на документот станува збор за причините поради кои Бугарија би се согласила да склучи одвоен мировен договор со сојузниците и за тоа кои услови би биле прифатливи за Бугарија.

Еве ги размислувањата на француските аналитичари за можното решение на македонското прашање.

„Голема тешкотија претставува прашањето на Македонија. Бугарите сакаат да ја имаат цела Македонија, заедно со Скопје. Нивната северна граница би била Шар Планина, зад која тие отсекогаш признаваа дека живее српско и албанско население. На запад тие би ја прифатиле границата на реката Дрим и Охридско Езеро, западно од која би била самостојна Албанија управувана од Есад Паша. Можеби би се задоволиле со линијата прифатена со Српско-бугарската конвенција од 1912 година, според која тие на Србите им ги отстапуваа териториите на север и на запад од линијата што тргнуваше од точката на спојување на границите меѓу Србија, Бугарија и Турција, а завршуваше на Охридско Езеро помеѓу градот со истото име и градот Струга.

Но оваа линија е вештачка, таа не одговара на ниту една географска и етничка реалност. Какво било делење на Македонија би претставувало извор на идни конфликти и би ја спречило пацификацијата на Полуостровот и никој не би бил задоволен, ни Србите, ни Грците, ни Бугарите.

Србите се непопустливи кога станува збор за Македонија. Иако границите од Букурешкиот мировен договор се апсурдни од сите гледни точки, тие бараат да се вратат истите граници. Тие знаат дека Македонија не е српска, но дека без поголеми тешкотии ќе биде посрбена по неколкугодишна окупација, бидејќи по толку измачувања таа посакува само добра администрација што ќе и обезбеди мир и богатство. Од тие причини Србите по никоја цена не сакаат да се откажат од неа. Би било многу тешко да се вразумат во врска со ова прашање, дотолку повеќе што компензациите што би можеле да им ги ветиме во Босна и Херцеговина и во Хрватска не би можеле да им ги дадеме веднаш, а за Балканците иднината има малку значење, единствено се зема предвид сегашноста – овие млади и амбициозни народи знаат само за големи желби, но не и за долгорочни надежи.

Ако на Бугарите им направиме отстапки во Македонија, па дури и делумни, не би требало да се зачудиме Србите да се обидат да склучат одвоен мир со Австрија и да станат наши непријатели, во најмала рака виртуелни. Таа последица треба да се земе предвид, доколку не сакаме да бидеме изненадени.



Србите во никој случај не сакаат да ја отстапат Македонија, ниту цела ниту дел од неа. Бугарите, освен ако бидат потполно поразени, нема да склучат мир што нема да им ја обезбеди Македонија. Се наоѓаме пред една таква контрадикторност. Да не се лажеме дека ќе ја надминеме со тоа што на Бугарите ќе им понудиме компензации во Тракија, бидејќи тоа ги интересира само во втор план…”.

Понатаму во овој документ се вели: „…и Србите и Бугарите со иста жар посакуваат да го поседуваат Солун. Природен, потребен и единствен излез на море за сите балкански народи… Солунското пристаниште е неопходен услов за траен мир на Балканот… Солун е вистинската привлечна точка и затоа неговото поседување ни дава голема моќ. Се додека го држиме Солун, го имаме в раце Балканот и имаме мошне моќно средство за притисок. Да се чуваме од тоа да го напуштиме!”.

И еве го главното: За сите овие тешкотии има само едно можно решение: самостојност на Македонија во нејзините историски и географски граници, кои се приближно исти со оние прикажани на картата во прилог: т.е. на север Шар Планина и планините што ја формираат котлината на Пчиња; на запад долината на Дрим и Охридско Езеро; на југ линијата што од езерото Малик до изворите на Охридско Езеро ја формира долината на реката Малик; на исток Родопските Планини. Македонија има свој историски и етнички идентитет. Нејзиното население е мешано: Словени, Македонци, Турци, Грци, Власи, Албанци, Евреи итн… Доминантното население е словенско. Овие Словени, всушност, не се ниту Бугари ниту Срби, но бугарската пропаганда прва почна да развива национално чувство кај нив. Македонското население, кое е толку измачено во последниве 20 години, со радост би се приспособило на автономија гарантирана од сојузничките сили. Жителите на Солун, кои живеат исклучиво од трговија, би биле особено задоволни од ваквото решение, кое ќе овозможи Солун да се претвори во слободно пристаниште за целиот западен дел на Полуостровот. Пред 1912 година Бугарите бараа автономија за Македонија, па можеме да ги потсетиме на нивните некогашни желби. Србите одбиваат да го прифатат ова решение, но можеме да им се спротивставиме со аргументот за правата на народите…. Што се однесува пак до Грците, сметаме дека по нивното неодамнешно однесување кон нас и кон Србите не треба да се води многу сметка за нивните протести. Впрочем, бесмислено е Солун да им се додели на Грците, кои имаат веќе премногу пристаништа: Солун со граница што ја лимитира неговата трговија на зона од 60 км е осуден на брза пропаст… Окупацијата на Македонија од страна на сојузниците, која би продолжила што е можно подолго и која би ги содржела сите домени на политичкото и на економското управување на земјата би го гарантирала почитувањето на сите права. Подоцна… би можело да се размислува за некоја широка балканска конфедерација со Солун како главен град, а независна Македонија како центар на сите интереси. Тоа е единствениот начин да се дојде до конечен мир на Балканскиот Полуостров. Во сите овие мали земји народите ќе се согласуваат полесно од нивните кралеви. Оваа сојузна балканска држава можеби и не е толку далечен сон…”.

За жал, на мировните конференции одржани по завршувањето на Првата светска војна не била земена предвид оваа можност за создавање независна македонска држава, преовладале разните спротивставени интереси на големите сили на Балканот, но овој документ е мошне значаен како сведоштво за тоа дека европските дипломатии биле свесни за реалната состојба во Македонија и за аспирациите на Македонците за создавање своја независна држава.

http://www.time.mk/read/NONE/7c6399d38c/index.html
 

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Ке се вмешам малку, ама ако, не е лошо кога се прашува. :)

http://www.ancientmacedonia.com/ - странава од чија е? Кој ја има пишувано, видов некаде мислам дека некој професор амерички ли поима неам.

3нае ли некој да ми каже повеќе за странава, чија е од кога е кој ја има пишувано и слично.

Поздрав, :)
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Тhe Edge: прашањето не би требало да е предмет на дискусија во оваа тема. Сепак, ќе те удостојам со одговор, сопственикот нa сајтот е Даниел Велјановски, кој беше и гостин во емисија на Миленко.

Bидео:

http://milenko.com.mk/videa_anticka.html


Извори од сајтот:

Modern Historians on the Macedonians as Distinct Nation

Like the ancient historians, modern historiography correctly considers the ancient Macedonians as distinct nation, separate from the ancient Greek nation. Below are the names of among the most respectable American, German, French, and British modern historians, which have written extensive studies about the ethnicity of the ancient Macedonians, the history of the Macedonian nation, or the history of Alexander the Great.

1) Eugene Borza
8) George Rawlinson M.A
2) E.Badian
9) Ulrich Wilcken
3) Peter Green
10) M.Grant
4) A.B.Bosworth
11) F.Reed
5) N.G.L.Hammond
12) David G Hogarth
6) Werner Jaeger
13) P.A. Brunt
7) Pierre Jouguet
12) American Philological Association
.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom