- Член од
- 19 март 2011
- Мислења
- 18.984
- Поени од реакции
- 40.199
Шала мала..Убо се`, ама немој со хороскоп, жити мене...
Шала мала..Убо се`, ама немој со хороскоп, жити мене...
Знам, бе па ти..Шала мала..
Теисти не постојат.Самата поделба на атеисти и теисти е застарена и погрешна. Има премногу кои се некаде измеѓу и за кои моментално нема соодветен назив.
Сите што не веруваат во библиски бог со човечки особини а знаат дека има сили и енергии насекаде низ универзумот не се наоѓаат во денешнава класична поделба на теисти и атеисти и за нив би требало да се измисли нов назив како не би дошло до забуна.
Не е многу по темава ама сакав да забележам .
Немам намера да го читам тоа, сепак благодарам. Можеби во друга тема и џихадот беше пример.Ќе постирам линк, а после кажи дека грешам.
https://secure.wikimedia.org/wikipedia/mk/wiki/Категорија:Џихадистички_организации
Прашај ги овие бомбаши самоубици што е, Ал-Каеда итн. Се во име на вера тргнаа да се убиваат. Да те потсетам 11.09.2001, и тоа беше од ,,за верата,, побуди....Те молам, те молам и те молам, првин убаво информирај се што е Џихад па потоа коментирај.
Во здружението сме малкумина и сме зборувале за се речиси.Кој оди на џихад? Остави ги оние во Авфанистан и сличните држави каде претходно џихад им правеа русите па американците. Дали си ја читала историјата на тие народи и сегашната состојба, дали знаеш кога биле повикани на џихад и што значи џихад. Дали имаш соседи, пријатели, колеги...муслимани за да ги карактеризираш со џихад? Ако немаш, запрашај се дали се твоите мислења релевантни или се ова предрасуди...
Ако не ти е тешко да напишеш како ги распознаваш верници од неверници во школо, на работа или на пазарче...на чело не им пишува, можеби веднаш преоѓате на еволуции и богови.
Чорбаџија, си забегал брате малцеИ форумов е реален, и овде форумџиите се реално живи, и овде живеат, пишуваат, учат, комуницираат, разменуваат мислења, ставови, верски погледи и сл. И овде можат да бидат љубени, и овде можат да бидат мразени. И овде може да им се помогне и овде може да бидат повредени. И овде може да им се покаже човекољубие, и овде може да им се покаже човекомразие преку коментарите кои што содржат гнев, омраза, навреди, сарказам, исмевање, понижување и пцовки кон неистомислениците.
Затоа велам дека и форумов е релевантен, и форумов со својата ограничена статистика колку толку е некаков показател за тоа кој повеќе го љуби човекот, дали оние кои биле учени на богољубие и човекољубие, или оние кои биле учени само на човекољубие.
Заклучокот и резултатите од статистиката ги оставам на тебе и не мора да бидат јавно споделени на форумов, за да не се навреди некој, било кој.
Немаш намера да го читаш, а сепак ме карактеризираш како "нефлексибилен верник". Да не претеруваш многу?Немам намера да го читам тоа, сепак благодарам. Можеби во друга тема и џихадот беше пример.
Ете ја нефлексибилноста на верниците, сите сте забегале.
Не е важен џихадот тука затоа и не го читам сега линкот и нема тука да го коментирам, туку во соодветна тема. Во оваа тема, Омер, која се вика воспитување даваме примери, а не разглобуваме што Библија или Куран вели за одредени верски задачи или обреди.Немаш намера да го читаш, а сепак ме карактеризираш како "нефлексибилен верник". Да не претеруваш многу?
Патем, уште едно прашање: Како можеш некому да му дадеш дијагноза без да размислиш?
п.с. од линкот ќе видеше кои се организациите на џихадот. Прашањето кое го постави, за на крај да бегаш од одговорот. Ако сите се такви недоквакани како тебе, младината ќе стигне до никаде.
Фала на трпението и поздрав.
Извини мислев дека со Омер се расправамМе замеша со некој муслиман, чедо. Одмори се малку и наведи ја главата надолу. Нема потреба понатаму да лепиш етиќети.
Ова делува себично или себенасочено бидејќи цело време зборуваш за себе (јас, ме, мене). Кога реков „повредување чувства, обесхрабрување, демотивирање, намалување на самодовербата“ не мислев на тебе (најмалку пак за себе), туку зборував општо за сите членови. Ако ти си цврста, виртуелно неповредлива, отпорна и индиферентна на навреди, пцовки, закани, сарказам, исмевање, понижување, гнев, омраза и сл. не значи и дека сите останати членови се. Тука доаѓаат и пишуваат и помали членови, членови кои се уште се градат како личности и некои од нив можат да бидат осетливи на овие работи и истите да имаат негативно влијание во нивната внатрешна изградба.Чорбаџија, си забегал брате малце
Какви чувства повредување на форум? Дали си сериозен? Па јас требаше да плачам до сега, ах, пусто, што уво не ме боли
Реални личности се, кои не ги познавам и уво не ме боли за нив, Чорбаџија, ниту пак мене некој ме познава па да може да каже каква сум, а до сега ме направија се што не сум така да....
не, не е релевантен фактор, од причина што тргнам од проценката за мене која не е реална итн...
И ниту некој ме љуби овде, освен ако како чин на љубов не го земеме ,,ми се допаѓа,, и да ме мрази преку ,,пријави,,.
Јас мислам дека верниците не се подобри луѓе од атеистите, мислам обратно, во животот сум добила лично повеќе помош солидарност и емпатија од атеисти, него од верници.
Ова е ФОРУМ и можам јас да имам 2 акаунта, со едниот да се мавам од земја за бог, со другиот да бидам атеист, со едниот да бидам проститутка, со другиот дете од 15 години, можам што сакам да бидам и кога сакам да бидам Чорбаџија и форумот не е релевантен фактор! Ова е интернет и сосема е поинаку да разговараш со некого во 4 очи и преку форум итн. Не отсликува ама баш ништо, ти тука можеш да се маваш во гради колку веруваш, а надвор од тука во суштина ништо од тоа што зборуваш да не правиш.Ова делува себично или себенасочено бидејќи цело време зборуваш за себе (јас, ме, мене). Кога реков „повредување чувства, обесхрабрување, демотивирање, намалување на самодовербата“ не мислев на тебе (најмалку пак за себе), туку зборував општо за сите членови. Ако ти си цврста, виртуелно неповредлива, отпорна и индиферентна на навреди, пцовки, закани, сарказам, исмевање, понижување, гнев, омраза и сл. не значи и дека сите останати членови се. Тука доаѓаат и пишуваат и помали членови, членови кои се уште се градат како личности и некои од нив можат да бидат осетливи на овие работи и истите да имаат негативно влијание во нивната внатрешна изградба.
Сепак дури и тоа што си ти отпорна и индиферентна на овие работи, тоа не значи и дека оние во чии што коментари изобилуваат со гнев, омраза, навреди, пцовки, закани, сарказам, исмејување, понижување кон речиси сите неистомисленици отсликуваат една особина на човекомразие и покрај тоа што можеби биле учени на човекољубие. Значи јас не спомнувам во оваа категорија ниту атеисти, ниту теисти, ниту политеисти, ниту агностици, ниту пантеисти. Зборувам општо и оставам секој што доволно време ги следи дисксуиите на овој форум индивидуално да процени која категорија на луѓе ја отсликуваат најмногу особината на човекомразие, а кои на човекољубие.
Воопшто не зборевме за тоа кој колку и во што верува, туку за човекољубието и човекомразието што и те како може да се види преку коментарите. Ако срцето на некој човек (без разлика дали е атеист или теист) е полно со гнев, омраза, немир, завист, егоцентричност, тоа лесно ќе се одрази и на неговите коментари па и тие ќе бидат полни со гнев, омраза, немир, завист, егоцентричност, навреди, пцовки, закани, сарказам, исмејување, понижување.Не отсликува ама баш ништо, ти тука можеш да се маваш во гради колку веруваш, а надвор од тука во суштина ништо од тоа што зборуваш да не правиш.
Јас пишувам на форумов скоро 4 години и само 3-4 пати сум видел некој да биде баниран и тоа со лична пријава до модераторот или администраторот. (зборувам за подфорумот Религија).И меѓу другото, форумот е надгледуван од админи, па ако почнам јас да пцујам навредувам и омаловажувам, ќе ми бидат избришани тие коментари и ќе бидам банирана, знаеш?
Не е навреда се што ти мислиш дека е навреда.Воопшто не зборевме за тоа кој колку и во што верува, туку за човекољубието и човекомразието што и те како може да се види преку коментарите. Ако срцето на некој човек (без разлика дали е атеист или теист) е полно со гнев, омраза, немир, завист, егоцентричност, тоа лесно ќе се одрази и на неговите коментари па и тие ќе бидат полни со гнев, омраза, немир, завист, егоцентричност, навреди, пцовки, закани, сарказам, исмејување, понижување.
На почетокот можеби личноста ќе стави маска и ќе се обиде да ги прикрие овие работи, но после десетина коментари, штом ќе се соочи со неистомислени мислења, судир со неистомисленици, тензична атмосфера, маските летаат на страна и секој вади и фрла од она што го преполнува неговото срце.
Кога би навел примери од овој форум лесно би го аргументирал ова што го зборувам, но не е убаво да озборуваме и да земаме некој член за негативен пример, па затоа оставам секој кој сака индивидуално да си направи проценка.
Јас пишувам на форумов скоро 4 години и само 3-4 пати сум видел некој да биде баниран и тоа со лична пријава до модераторот или администраторот. (зборувам за подфорумот Религија).
Ако има активен и дежурен модератор, по 3-4 бана ќе треба да паѓаат на секој пола саат Еве замисли си дека си модератор и разгледај ја темата „еволуционизам vs. креационизам“. Таа тема има околу 4000 коментари, а јас те уверувам дека повеќе од 1000 коментари содржат навреди, пцовки, а повеќе од 1000 се офтопици. За колкави пари ти би бришела и банирала 3 работни смени на ден?
Библиски цитати користев во два случаи:Сега, што да заклучам за тебе и Мики што ја истролавте темава со библиски цитати? Хм?