Форумот не е никаков фактор кој каков е да го проценувам.
Во реалниот живот јас тргнувам од себе, не сум верник ни најмалку, а спасувам животи.
Со мене има и верници и неверници. Со тоа што верниците се повеќе склони на осудување на другите, а неверниците пак, полесно прифаќаат се и се пофлексибилни.
И зборувам за мала група од најмногу 50 луѓе.
Јас пак имам поинакво, спротивно искуство во реалниот живот. Изгледа различни верници и невернции познаваме. Затоа ти предложив тука да направиш експеримент, во заедничкиот свет
И форумот е реалност. Иако тука не си ги гледаме телата, сепак нашите зборови ја издаваат нашата внатрешност. Физичките тела се ирелевантни, бидејќи денес луѓето со телата ретко се повредуваат и мразат, а повеќе се повредуваат и мразат со зборовите.
Устата е вентил на нашето срце. Што го преполнува срцето, тоа зборува устата. Дрвото се познава по плодот. Не може некој тука да пишува со гнев и омраза, да ги навредува, исмева и понижува неистомислениците, да користи сарказам, пцовки, а во реалноста да е мила и нежна душа полна со љубов за секого
Најлесно е да ги сакаш истомислениците и оние што те подржуваат. Вистинското човекољубието се гледа во љубовта што ја покажуваме кон неистомислениците и оние што не се „на наша страна“.