Децата да се воспитуваат во семејната не/вера?

  • да

    Гласови: 36 39,6%
  • не

    Гласови: 47 51,6%
  • не знам

    Гласови: 8 8,8%

  • Вкупно гласачи
    91

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Имаш одговор. Не го читаш. Зошто не ти се допаѓа.
Субејктот е субјективен оти нештата ги набљудува „од внатре„.
Објектот е објективен, оти не е субјект и оти е „надвор„ од субјектот.

Која е „споната„ меѓу субјектот и објектот, за да може субејктот да „поприми„ објективност?

Патем кажано, да моеше субјектот да биде обејктивен, како што беше трезвеноумието Адамово, денес науките ќе ни даваа конечни вистини!
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Субејктот е субјективен оти нештата ги набљудува „од внатре„.
Објектот е објектиен, оти не е субјект и оти е „надвор„ од субјектот.

Која е „споната„ меѓу субјектот и објектот, за да може субејктот да „поприми„ објективност?

Патем кажано, да моеше субјектот да биде обејктивен, како што беше трезвеноумието Адамово, денес науките ќе ни даваа конечни вистини!
Филозофски прашања, на подфорум филозофија. Врати се на темата
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.853
Арна си е темата а мојте постој се согласно темата.
Мики тебе очигледно нешто не ти е јасно. Објективна сум спрема сите религии, иста глупост ми е и христијанство и ислам и будизам и се по ред. НО ќе му дадам на моето дете ИНФОРМАЦИИ такви какви што се, а не какви јас мислам дека се.
Професорот кога предава за Чарлс Дарвин, можеби е најголем верник, но се служи со книгата по Биологија и го кажува тоа што го пишува во неа. Јас можам да не се согласам со Библијата, но на моето дете ќе му кажам што е и како е без да ги искривувам работите.
Субјективно ќе ме боли МОЕТО срце ако моето дете стане верник - а објективно нема да му стојам на патот да го направи тоа.
Ни сам не знаеш веќе што зборуваш.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мики тебе очигледно нешто не ти е јасно. .
Е ми, затоа и питувам....
--- надополнето: Jun 23, 2011 1:14 PM ---
Објективна сум спрема сите религии, иста глупост ми е и христијанство и ислам и будизам и се по ред.
Воа е чисто Марсков став, никако не е Твој.
--- надополнето: Jun 23, 2011 1:16 PM ---
Професорот кога предава за Чарлс Дарвин, можеби е најголем верник, но се служи со книгата по Биологија и го кажува тоа што го пишува во неа. .
Никеден верник не го прифаќа дарвизнизмот-биологијата да, ама давинистичко-еволуционистичкото толкување-не.
--- надополнето: Jun 23, 2011 1:17 PM ---
Јас можам да не се согласам со Библијата, но на моето дете ќе му кажам што е и како е без да ги искривувам работите.
.
А како ќе знаеш дека „..не ги искривуваш работите...„? Ќе бидеш „објективна„? :)
--- надополнето: Jun 23, 2011 1:18 PM ---
Субјективно ќе ме боли МОЕТО срце ако моето дете стане верник.
А бе Ти велам, ќе доеш до мојо заклучок....
--- надополнето: Jun 23, 2011 1:19 PM ---
- а објективно нема да му стојам на патот да го направи тоа.
.
А како ќе ја изведеш тази „објективност„, нема за стоиш пред Твоите деца, физички? :)
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Ако родителот по своите убедувања и својата вера не ги воспитува своите деца, тогаш неговите деца ќе ги воспитува некој друг.
Па, размислете сите кои планирате да имате деца, дали САМИ ЌЕ ГИ ВОСПИТУВАТЕ ВО ОНА ВО ШТО ВИЕ ВЕРУВАТЕ или пак ќе дозволите ДРУГИ ДА ВИ ГИ ВОСПИТУВААТ ВАШИТЕ ДЕЦА ВО ОНА ШТО ТИЕ ДРУГИ ВЕРУВААТ.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.853
Мики, брат.
Се ти е напишано.
Нема поента муабетов.
Ќе му дадам да ја прочита Библијата ако изрази желба, и да си живее според неа, ако има желба.
Повеќе од тоа - не може.

Не знам што не ти е јасно, искрено.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Мики, брат.
Се ти е напишано.
Нема поента муабетов.
Ќе му дадам да ја прочита Библијата ако изрази желба, и да си живее според неа, ако има желба.
Повеќе од тоа - не може.

Не знам што не ти е јасно, искрено.
Со тага во срцето мора да ти соопштам дека терминот self righteous bitch не се однесува само на опинионизирани женски како тебе. И понекој религиозен фанатик ги исполнува критериумите за таа титула...

Толку од ексклузивитетот...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Немој, те молам, вакви глупави аргументи.
Црквата треба да биде бесплатна.
Ама вие сте слепи и глупави, очигледно.
Кој е глупавиот кога за хумано давање крв, ако сака да паркира мора/ше да плати 40 денари, за посета на болен мораше да плати 100 денари, за ...дали мислиш дека си глупава што плаќаш за нешто што треба да е бесплатно? Башка венчавка (треба да) е еднаш во животот, а паркинзи и слични давачки се секојдневни. Башка црковна венчавка е необавезна, посебно ако не ти е стало до црквата.
Кога ќе имаш деца, дали ќе сметаш дека си глупава ако плаќаш за оштетен учебник кој и онака е со никаков квалитет, а истата услуга треба да е бесплатна пошто и школството и учебниците беа бесплатни? Да не ти набројувам милион примери за она што човечки и морално треба да е бесплатно, а не е. Зошто не одбиеш да платиш и за паркинг во центарот за час од 50 денари? Зашто се наплаќа?
Второ, дали и на која историја на балканот и за Македонија сосе трите делови, илирите, славјаните... ќе го учиш или ќе му дозволиш да учи твоето дете? Дали треба да се укине (да не се воспитуваат децата дома ни во школо) и историјата пошто е премногу преправана, негирана, контрадикторна? Едни велат сме славјани, други стари македонци, едни велат Самоил е бугарин, други евреин, едни велат се борел против Василиј македонцеот, други порекнуваат, едни го присвоија Александар Велики, други пробуваат да докажат дека се негови потомци, на Александар Македонски. За илирите, торбешите, Душан, турлитавата, мастиката и ајварот и слични полемики и контраставови треба многу повеќе пишување. По 50 години, малото словенче ќе го учат дека јаварот е нивни, мастиката грчето ќе знае дека е негова или мејби бугарска...Значи што конкретно ќе го учиш детето објективно во историјата или за одредени производи?
Tоа ми е поентата. Ама вернициве гледам ќе кажат - 100% настанавме од кал, и тоа цел свет настана за 6 дена. Атеистите ќе кажат - 100% сме мајмуни. Јас верувам во хомо сапиенсот, но во ништо не сум сигурна, и тоа и ќе си го научам детето - да биде објективно. Инаку, на дете не се кажува ,,не знам,, зошто во неговите очи ти знаеш се :)
.
Батали ја калта, ние сме настанати од диносаурусите во периодот пред Дрого да ја донесе плавокосата калиси да го води племето, а таа е ќерка на змејови :)

Како се дефинира објективноста?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.853
Кој е глупавиот кога за хумано давање крв, ако сака да паркира мора/ше да плати 40 денари, за посета на болен мораше да плати 100 денари, за ...дали мислиш дека си глупава што плаќаш за нешто што треба да е бесплатно? Башка венчавка (треба да) е еднаш во животот, а паркинзи и слични давачки се секојдневни. Башка црковна венчавка е необавезна, посебно ако не ти е стало до црквата.
Кога ќе имаш деца, дали ќе сметаш дека си глупава ако плаќаш за оштетен учебник кој и онака е со никаков квалитет, а истата услуга треба да е бесплатна пошто и школството и учебниците беа бесплатни? Да не ти набројувам милион примери за она што човечки и морално треба да е бесплатно, а не е. Зошто не одбиеш да платиш и за паркинг во центарот за час од 50 денари? Зашто се наплаќа?
Второ, дали и на која историја на балканот и за Македонија сосе трите делови, илирите, славјаните... ќе го учиш или ќе му дозволиш да учи твоето дете? Дали треба да се укине (да не се воспитуваат децата дома ни во школо) и историјата пошто е премногу преправана, негирана, контрадикторна? Едни велат сме славјани, други стари македонци, едни велат Самоил е бугарин, други евреин, едни велат се борел против Василиј македонцеот, други порекнуваат, едни го присвоија Александар Велики, други пробуваат да докажат дека се негови потомци, на Александар Македонски. За илирите, торбешите, Душан, турлитавата, мастиката и ајварот и слични полемики и контраставови треба многу повеќе пишување. По 50 години, малото словенче ќе го учат дека јаварот е нивни, мастиката грчето ќе знае дека е негова или мејби бугарска...Значи што конкретно ќе го учиш детето објективно во историјата или за одредени производи?
Батали ја калта, ние сме настанати од диносаурусите во периодот пред Дрого да ја донесе плавокосата калиси да го води племето, а таа е ќерка на змејови :)

Како се дефинира објективноста?
Objectivity - judgment based on observable phenomena and uninfluenced by emotions or personal prejudices

Мислам дека е сосема јасно. Барем мене ми е сосема јасно. Дека нема да му зборувам додека не праша. А прашањето, веројатно прво, ќе биде ,,Мама, зошто ние немаме јајца за Велигден?,, - ,,Дете мое, немаме јајца за Велигден затоа што мама не верува во христијанската вера, за која ти ќе учиш подоцна. Мама мисли дека настанавме од мајмуни, но не е сигурна... Библијата, книгата на христијаните, вели дека........... итн. се по ред,,

Мислам дека кажав дека детето е логично да ги преземе моите ставови, но јас нема да му забранувам да биде религиозно.
И доколку е заинтересирано ќе му обезбедам материјали за да учи за религиите.

Инаку, колку што јас знам, црквата е независна и духовно повисоко тело од било какво училиште, паркинг, болница? Црквата денес има тарифи! Јас не сум верник, ама не ми се јасни верниците, не ми се, и нема да ми бидат, зошто го оправдуваат тоа.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Инаку, колку што јас знам, црквата е независна и духовно повисоко тело од било какво училиште, паркинг, болница? Црквата денес има тарифи! Јас не сум верник, ама не ми се јасни верниците, не ми се, и нема да ми бидат, зошто го оправдуваат тоа.
Ти не мора да и платиш на црквата ако не веруваш...ти мора да му платиш 50 од час за паркингот. Зошто? Зошто во кругот на болницата? Зошто исто и пред Градска болница? Дали за тебе е нелогично да плаќаш на црква за настан кој се случува еднаш во живот, а е логично да плаќаш 100 денари за посета на болен? Нели е хумано, здравство...
Мене пак не ми е јасно што мислиш со ова повисоко и духовно, кога веќе спомена материјална страна на верувањето -плаќање давачки.

Objectivity - judgment based on observable phenomena and uninfluenced by emotions or personal prejudices
а на македонски? и дали навистина постои објективност или е до умот и личното искуство кое влијае врз умот? Ти си убедена во една историја и таа ќе му ја пренесеш на детето, но не мора да значи дека е вистинитата...како што за тебе верите не се објективност, за други таквото учење историја, потекло...не е објективност. Што правиме со различните ставови и објективности? Се лажеш доколку сметаш дека ти си објективна, а оние кои би го учеле детето во верата не се...постојат околу 6 ипол милијарди објективни погледи на светот во многу области. На пример мене ми е без везе што се ставаат толку споменици, некому е милина...кој е во право, каде е "објективноста" по тоа прашање? Тоа што секој се труди да го воспита детето на традиционалните вредности за кои тој смета дека се во ред и според кои се раководел, не значи дека греши или не е "објективен". Всашност објективност во прав смисол не постои.
А ако му дозволиш на дете да експериментира во духовниот свет па и материјалниот и притоа не сакаш да влијаеш дали тоа што го дознал, слушнал е во ред или не е...постојат големи шанси да се најде пред некоја икс секта или уште поголеми проблеми, проституција, дрога, ракија...има свашта, допрва ќе се соочуваш со тие опасности. Тогаш нема да си убедена дека ќе му дозволиш на дете самото "да талка по светот"

Прашање до тебе Пума...што доколку на врата тропнат јеховини сведоци, а детето отвори? Дали ќе му дозволиш да ги ислуша, да ги внесе внатре...?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ти не мора да и платиш на црквата ако не веруваш...ти мора да му платиш 50 од час за паркингот. Зошто? Зошто во кругот на болницата? Зошто исто и пред Градска болница? Дали за тебе е нелогично да плаќаш на црква за настан кој се случува еднаш во живот, а е логично да плаќаш 100 денари за посета на болен? Нели е хумано, здравство...
Нелогичноста кај христијанството е што тоа порачува дека материјалноста е погрешна, дека луѓето треба да се одкажат од материјалноста за да оделе во рајот, а за таа порака свештениците наплаќаат и имаат тарифи, и ги користат сите материјални благодети!? Тебе не ти е нелогично ова?
Паркинзите и болниците не проповедаат дека материјалноста е погрешна, па затоа и кога наплаќаат за нивните услуги не може да се обвинат за лицемерност и нелогичност.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.853
Ти не мора да и платиш на црквата ако не веруваш...ти мора да му платиш 50 од час за паркингот. Зошто? Зошто во кругот на болницата? Зошто исто и пред Градска болница? Дали за тебе е нелогично да плаќаш на црква за настан кој се случува еднаш во живот, а е логично да плаќаш 100 денари за посета на болен? Нели е хумано, здравство...
а на македонски? и дали навистина постои објективност или е до умот и личното искуство кое влијае врз умот? Ти си убедена во една историја и таа ќе му ја пренесеш на детето, но не мора да значи дека е вистинитата...како што за тебе верите не се објективност, за други таквото учење историја, потекло...не е објективност. Што правиме со различните ставови и објективности? Се лажеш доколку сметаш дека ти си објективна, а оние кои би го учеле детето во верата не се...постојат околу 6 ипол милијарди објективни погледи на светот во многу области. На пример мене ми е без везе што се ставаат толку споменици, некому е милина...кој е во право, каде е "објективноста" по тоа прашање? Тоа што секој се труди да го воспита детето на традиционалните вредности за кои тој смета дека се во ред и според кои се раководел, не значи дека греши или не е "објективен". Всашност објективност во прав смисол не постои.
А ако му дозволиш на дете да експериментира во духовниот свет па и материјалниот и притоа не сакаш да влијаеш дали тоа што го дознал, слушнал е во ред или не е...постојат големи шанси да се најде пред некоја икс секта или уште поголеми проблеми, проституција, дрога, ракија...има свашта, допрва ќе се соочуваш со тие опасности. Тогаш нема да си убедена дека ќе му дозволиш на дете самото "да талка по светот"
За првото Иписмус ти одговори, да не се повторуваме.
За второто, прочитај ми го првиот пост на темава.
Благодарам.
 
Ако се сместиме во црно-бел свет не значи дека постои само црно и бело. Има нијанси на сиво и тоа безброј. Апсолутно објективно, не може да постои, но помалку или повеќе субјективно постои. Религискиот пристап на воспитување, низ призмата на една религиска деноминација е крајно субјективна.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom