Кој е глупавиот кога за хумано давање крв, ако сака да паркира мора/ше да плати 40 денари, за посета на болен мораше да плати 100 денари, за ...дали мислиш дека си глупава што плаќаш за нешто што треба да е бесплатно? Башка венчавка (треба да) е еднаш во животот, а паркинзи и слични давачки се секојдневни. Башка црковна венчавка е необавезна, посебно ако не ти е стало до црквата.
Кога ќе имаш деца, дали ќе сметаш дека си глупава ако плаќаш за оштетен учебник кој и онака е со никаков квалитет, а истата услуга треба да е бесплатна пошто и школството и учебниците беа бесплатни? Да не ти набројувам милион примери за она што човечки и морално треба да е бесплатно, а не е. Зошто не одбиеш да платиш и за паркинг во центарот за час од 50 денари? Зашто се наплаќа?
Второ, дали и на која историја на балканот и за Македонија сосе трите делови, илирите, славјаните... ќе го учиш или ќе му дозволиш да учи твоето дете? Дали треба да се укине (да не се воспитуваат децата дома ни во школо) и историјата пошто е премногу преправана, негирана, контрадикторна? Едни велат сме славјани, други стари македонци, едни велат Самоил е бугарин, други евреин, едни велат се борел против Василиј македонцеот, други порекнуваат, едни го присвоија Александар Велики, други пробуваат да докажат дека се негови потомци, на Александар Македонски. За илирите, торбешите, Душан, турлитавата, мастиката и ајварот и слични полемики и контраставови треба многу повеќе пишување. По 50 години, малото словенче ќе го учат дека јаварот е нивни, мастиката грчето ќе знае дека е негова или мејби бугарска...Значи што конкретно ќе го учиш детето објективно во историјата или за одредени производи?
Батали ја калта, ние сме настанати од диносаурусите во периодот пред Дрого да ја донесе плавокосата калиси да го води племето, а таа е ќерка на змејови
Како се дефинира објективноста?