Да претпоставиме дека ова не е медиумска патка од З.З и дека најавата е сериозна, нешто што мене ми е многу малку веројатно, ама еве. Исто така, да претпоставиме дека власта, која има многу тенко мнозинство ќе успее да избокса промени у закон, бидејќи тоа ќе значи дека една цела криминогена структура вгнездена и во мкд и во алб блок ќе остане без хонорарче, а.к.а мито.
Ако горенаведеното нема да биде фрка, процесов не е “ајде да ја легализираме” да си праиме екскурзии на мозок. Не му се ова корнишоните, оваа проблематика е далеку посериозна, бара време и мноооооооогу инвестирано време и едукација на кадар.
Спомнување Амстердам, два пати бев во размер од 2 години, посетив многу кофишопови... Значи во 2019та, во ист кофишоп имаше скроз различни стрејнови секоја година ја менуваат понудата на трева. Ние, со така нели преубава кујна, по 5 години ни требаат едно мени да смениме, не па за трева
Дадени кофишопови дури си имаат и “специјалитет на куќата”. Што сакам да кажам? Луѓето кои би дошле "само за трева" веќе не се палат на White Widow или некој basic Haze што кај нас би се шиткал. Позади тие кофишопови има експерти, луѓе со еден тон искуство во одгледување. Значи за да можеме у иста реченица со било кој град од Холандија да се стаиме, кадарот кој работи мора да има ехехееееее едукации и едукации да помине во поглед на одгледувањето. Мора и можеби Институт да се формира на Земјоделски факултет каде што луѓе активно ќе истражуваат и ќе доаѓаат до нови откритија и иновации.
Второ, самите угостители. Они едвај достигнуваат некој нормален хигиенски левел во праење кафе/јадење, не па да се додаде и канабис у приказната. Тие угостители треба да се едуцираат од 0, бидејќи ова е скроз различна сфера. Пример еве, ако Get Caffe во скопје би продавале канабис, ќе мора да си има посебен влез, надвор од ресторанот каде што ќе може да се купува... нема тоа у рамки на самиот ресторан да се праи. Трето, ќе мора обезбедување да има, за лични карти и тако даље.
Ќе мора човек/готвач за edibles да се ангажира, ќе мора строги процедури и континуирано образование околу истото.
Друга приказна е околу добавувачите на самото гане, т.е производителите. Ќе биде тоа монопол? Ќе биде тоа отворено за сите? Ќе можат самите угостители да си инвестираат во тоа и сами да си произведуваат? Или ќе биде еден за сите, што под дифолт би значело дека секој кафич/објект ќе ја има истата понуда?
Да потенцирам, нема сврха некој да се стегне за 300 евра, од лупам Британија заради легалитет на трева и правење масакар, кога за дупло повеќе може да исчила во Холандија, или Прага, места каде што има квалитет, нема стереотипи никакви и тон други придобивки. На него не му значат тие 300/400 евра плус што ќе ги даде во Холанџиска, пошто тоа е 1/15 од платата. Може еднаш ќе се заебе, ама нареден пат ќе си истера во NL, за тоа не се сомневам ни момент. Таму е готовинскиот мед, од западна европа, не од комшилукот (иако и од нив можеме многу да ќариме, нема дилеми). Ама очигледно поентата е да се стимулираат еднодневни екскурзии на Грци, Срби, Бугари кои ќе дојдат, ќе јадат пијат и аус назад со 10 грама во кола. Така нема никаква поента да има.
Понатаму, што праиме со тоа што ја сакам да си садам дома на пример? Ќе ми биде дозволено? Како тоа ќе се исконтролира на пример?
Што праиме со фактот што едно брдо Срби/Бугари/Грци ќе бидат испофаќани на нивни граници, ако и само ако квалитетот на гането ќе биде бомба? Ќе ни дозволат комшиите така да си легализираме а они да треба да ангажираат х10 од своите капацитети да не се изнесуваат килажи од кај нас накај нивен пазар?
Поентата ми е дека не е ова туку така... и затоа мислам дека е само измет од Муртинецот за да се дефокусира јавноста.
Ова не е и не може да биде лукративна бизнис можност на еден човек, туку мора да биде државна стратегија и мора да има консензус за истото. Што ако утре дојде ВМРО и го кутне законот... нешто што е многу можно.
И да, мислам дека овде на форумов, многу се потценува муабетот "секој втор пуши". Мислам по дифолт тука има една по-либерална маса која што била изложена на ова. Ја и понатаму тврдам и сметам дека 75% од нацијата се контра ова, се полни со стереотипи, ја изедначуваат тревата со хероин, и се едноставно орки по ова прашање, нормално додека налеваат вино без престан. Особено во малите средини меѓу постарото население. Не сме дојдени до таму, иако има огромна либерализација по ова прашање во споредба од пред само 5 години. Но уште сме си радикални и конзервативни, да не кажам орки.
Муабетот е, ако веќе се презема ваков чекор со ЦЕЛ да се напраи кеш, истото ќе мора да се прави многу ама многу детално, испланирано, координирано. Не му е ова бизнис со корнишони на муртнискиот. Потребни се години и години, декади во едукација, инвестиции и напредок за да ова се оствари и да биде исплатливо. Имајќи во предвид какви ни се на нас "претприемачите", сакаат кеш без денар вложен и го сакаат ОДМА, ќе имаме иронична ситуација каде што ќе имаме легално гане, а тоа ќе се продава на шалтер. Нема ни угостителство ни ништо. Шанси нема некој да дозволи пушење трева у кафич. Пошто ќе видат дека тоа не е заебанција и долгорочна инвестиција, и гарантирам дека сите ќе се откажат многу брзо.
И после ќе дојдеме до ситуација да "кофишоповите" кои така маестрално треба да го дигнат нашето угостителство, ќе се сведат на дувла налик коцкарници и пропаднати алкохоличарски збирштини од комунизмот каде што има шпиртовача 1 чаша за 30 денари. Кој турист би сакал да биде на такво место?
Какви приказни се ова, пола од кафичиве немаат никаква вентилација, ние гане ќе легализираме. Смешки.
За да привлекуваш туристи, рака под рака со легализацијата идат и уметност, евенти, концерти, природа, дигитализација и такви ствари. Ние сме толку штури на ова поле, страшно нешто. Македонија како дестинација на артисти е "успат ајде ќе се појавиме во Скопје" после настапи во Софија, Грчка, Белград или што год да е. Мора на тоа поле исто многу да се работи.
Џабе што ја имаме Матка кога да се стигне до таму е процедура у пичку матер, Козјак исто, Охрид да не зборам. Никаква инфраструктура. Автобуси 0, дигитализација во минус отидена.
Дури и да се легализира кај нас, во идеална ситуација 2-3 години макс ќе живне економијата, дур некои од нашиве комшии не легализира и го направи тоа како што треба, со сите салтанати, инвестиции и тако даље и не заебат скроз.
Ако се ова би се правело (иако скроз се сомневам), да се "ослободи" населението од безвезални претреси, да се заштедат ресурси на полиција и тн, ондак скроз се согласувам дека треба да се случи, час поскоро, во било каква форма.
И да, најдоброто гане EVER што сум го пробал овде во МК, а пушам доста време (некад активно, некад неактивно) и сум сменил милијарда контакти, било на ниво на бејзик во Холандија, што е за 8-10 евра грам. Тоа што е 20+ евра грам таму е мисловна именка за овде, и ќе биде уште долго време.