Декриминализација на марихуаната во Македонија

Дали е добар потег да се легализира рекреативното конзумирање на марихуаната?

  • Да.

    Гласови: 47 63,5%
  • Не.

    Гласови: 17 23,0%
  • Можеби.

    Гласови: 10 13,5%

  • Вкупно гласачи
    74

Ailurophile

Wednesday
Член од
21 септември 2016
Мислења
790
Поени од реакции
1.101
Демаркацијата помеѓу дрога и недрога, од перспективата на аматерското око, е поделба помеѓу криминализирани психоактивни супстанции и легални, ствар која е резултат на социолошки културолошки фактори, а не научни. У неврофармакологија, секоја психоактивна супстанција што делуе на ЦНС е „дрога" и нејзините фармакодинамички и фармакокинетички особини не се гледаат низ социолошка парадигма. На пример, модафинилот, познат легален нутропик, е и SDRi како амфетаминот, со некои елегантни разлики у механизмот на дејство. Се дава за нарколепсија у медицински сврхи и се користи ко нутропик. Амфетаминот у дози од 20 mg се дава за АДХД. Конзумацијата на амфетамин у одредени дози ќе има слично (не исто) дејство ко модафинилот, со релативно слична штетност. Стев нема да го класифицира у дрога модафинилот, побогу, Стев не ни знае што е. Ако некој зима модафинил, Стев нема да рече дека е џанак. Ако некој зима амфетамин у дози што делуваат ко модафинил, Стев ќе рече дека е наркоман на кој му смрдат нозете и краде од бабички.
Стев е 90% од државава. Таквата позиција која е резултат на неукост, некритично следење на популарниот наратив и племенско размишљање е проблемот. На тоа ниво се и тие што мислат дека со пушење грас ќе излечат аутизам, другата глупа страна на следење друг глуп наратив.
Koga pisuvam droga podrazbiram psihoaktivna supstanca iako najcesto kako sto kaza mnogumina smetaat deka e droga samo taa sto ne e legalna.

Isto mnogu mi smeta sto povekjeto smetaat deka treba da imaat cvrsto operedelen stav po nekoja tema a nemaat dopolnitelni poznavanja od istata (i ja neam dovolno poznavanja bar ne ko ti sto imas :D ali zatoa pred da se izjasnim sakam se informiram sto e mozno povekje za da ne se blamiram naprazno :icon_mrgr:) konkretno za temava ako vekje se diskutira i obrazlozuva ne moze da se bide ni 100 posto " za" ni "protiv" zatoa sto kako sto kaza individualno e, kaj nekoj vo odredeni dozi moze da ima pozitiven efekt dodeka pak kaj drug so losi genetski predispozicii moze od dve pafkanja paranoicen da stane a opsto zemeno sum "za" legaliziranje.
 
Стев

Word Bearer of the New World Chaos
Член од
19 декември 2019
Мислења
2.222
Поени од реакции
2.167
Eве едно прашање до траварите: Оперирање на возила?
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
964
Поени од реакции
2.212
Koga pisuvam droga podrazbiram psihoaktivna supstanca iako najcesto kako sto kaza mnogumina smetaat deka e droga samo taa sto ne e legalna.

Isto mnogu mi smeta sto povekjeto smetaat deka treba da imaat cvrsto operedelen stav po nekoja tema a nemaat dopolnitelni poznavanja od istata (i ja neam dovolno poznavanja bar ne ko ti sto imas :D ali zatoa pred da se izjasnim sakam se informiram sto e mozno povekje za da ne se blamiram naprazno :icon_mrgr:) konkretno za temava ako vekje se diskutira i obrazlozuva ne moze da se bide ni 100 posto " za" ni "protiv" zatoa sto kako sto kaza individualno e, kaj nekoj vo odredeni dozi moze da ima pozitiven efekt dodeka pak kaj drug so losi genetski predispozicii moze od dve pafkanja paranoicen da stane a opsto zemeno sum "za" legaliziranje.
Секако, бе, многумина ги потценуваат негативните ефекти на дрогите исто така. Смешно, многу дроги што важат за лабави и лесни, не се секогаш толку лабави и обратно, дроги што важат за заебани у популарниот наратив, не се толку заебани.

Луѓе што имаат повеќе канабиноидни рецептори на амигдалата, се посклони да им се деси параноја и анксиозност кога ќе се напушат. Марихуаната не е комплетно бенигна. Има и некои психолошки и здравствени ризици за некои луѓе што се долготрајни корисници. Комбинација од разно разни фактори е, ко што рече. Али, сума сумарум, плусови и минуси, и мојата позиција е дека е океј да се декриминализира. Според мене, треба и да се декриминализираат психоделици за медицинска употреба. Другото треба да си остане ко што е. И цигарите да се забранат со закон. :D
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
964
Поени од реакции
2.212
Ја лично мислам дека декриминализацијата би требало да важи за над 25 години. Не за 18+.
21. Тогаш мозокот е таман спремен за оштетуење! :D
25 е произволна граница (како и 21 год.) за некоја емотивна зрелост (многу сумњива граница), ама не е релевантна. Повеќето се зрели да носат едуцирани одлуки на 21 год. од аспект на возраст. Секако, повеќето не носат едуцирани одлуки цел живот, ама тоа нема везе со годините.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
11.634
Поени од реакции
17.275
А што ќе ви смени ако се легализира кога моментално е исто како да е легализирана, секој втор пафка.
Не е за пафкањето, за добивката е.Монопол.
Ако го замислиле по нивно, ќе дојдат времиња 20 евра за џоинт.
 
Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
32.819
Поени од реакции
48.654
Не е за пафкањето, за добивката е.Монопол.
Ако го замислиле по нивно, ќе дојдат времиња 20 евра за џоинт.
за монополот е, али тоа би било на друго ниво
не верувам дека ќе дојдат такви времиња, баш обратно ќе биде
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
3.569
Поени од реакции
7.171
Не е за пафкањето, за добивката е.Монопол.
Ако го замислиле по нивно, ќе дојдат времиња 20 евра за џоинт.
А сега со тревата во Скопје и Македонија раководат 3-4, кои потоа им шиткаат трева на некои помали од нив, а овие на уште помали.
Пак цената ја диктираат неколкумина, вака ако ништо друго, квалитето ќе е неспорен.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
4.397
Поени од реакции
3.711
Што се мене тиче треба целосна легализација и декриминализација од причина што иако е казниво производство и продажба на истата секако кој сака да се дрогира се дрогира, па според мене подобро е да ако ми се пуши да си насадам во двор едно стебло отколку да купувам со сомнителен квалитет... додека сега што се дешава, бидејќи имам работа со џанаци ги фаќаат со џоинт два и ги малтретираат по полиции, обвинителства, судови, кои што повеќе ги упропасти самата постапка на којаа се изложени на срам и презир од околината отколку казната што влијае врз нив, бидејќи истите си продолжуваат да пушат.

Еден од случаите: го фатиле дечко на журка со ганџа и постапка пред обвинителство во скопје одиме и му велам после сослушување имаш време едно каафе да пиеме со колешка една и тој ми вели прашај ја дали има ризла, викам имааш ли у тебе на што ми одговара: па да бе, аа пред тоа му организирам поканите за во обвинителство и суд да доаѓа во пошта тој да ги зема да не стизаат кај него дома.

Друг случај девојче ги фатиле цело друштво како дуваат во авто и пак постапка пред обвинителство и ми вели само дома ништо да не стигне а се што треба да кажам ке кажам пред обвинителство...

Поентата ми е и дваицата и ден денеска пушат секој ден, казната врз нив нема никакво влијаание бидејќи се навлечени и тоа е тоа.

Инаку муабетите демек е лековита, а не штети по мене се дебилни, погоре наведените случаи што ги раскажав едниот е како успорен снимак, другото девојче во секојдневна параноја.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
11.634
Поени од реакции
17.275
за монополот е, али тоа би било на друго ниво
не верувам дека ќе дојдат такви времиња, баш обратно ќе биде
Можда, ама да се надоврзам и со вториот цитат.Не знам дали ќе е поквалитетно ако е и цената помала :cautious:
Зависи и како ќе се променат условите на побарувачка и колку ќе се алчни главоњите.

А сега со тревата во Скопје и Македонија раководат 3-4, кои потоа им шиткаат трева на некои помали од нив, а овие на уште помали.
Пак цената ја диктираат неколкумина, вака ако ништо друго, квалитето ќе е неспорен.
 
Член од
12 април 2020
Мислења
148
Поени од реакции
311
А вака да ве прашам пошо има тука поупатени од мене викате во некои работи.
за ГБЛ и ГХБ ми е прашањето.
Колку се популарни? Колку се користат меѓу младите?
Какво е вашето мислење за таа дрога? Дали е штетна?
Автоматски споено мислење:

Прашањето ми е сериозно. Искрено мислам дека сепак Македонија е надвор од мода. Она што е популарно низ европа не е веќе марихуаната, ГХБ е. ако мисли некој пари од туристи да прави тешко тоа со мара.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
5.115
Поени од реакции
7.538

Не сум сретнал до сеа такво нешто, ти треба доста искусен наркоман за ваква работа кај нас.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
1.777
Поени од реакции
2.710
Произволна него како. Мислиш дека сум ја прочитал во медикал монтли?
Јас така мислам, како што нагласив.
Мозокот кај мажи престанувал со развој баш на 25 години, кај жени на 22, па тие би требало да бидат реални "полнолетства" кога се работи за психоактивни супстанци ваљда.

Инаку неам став по темава пошто не ми праи ќеиф трава, не знам зошто. По принцип не гледам зошто растение би било забрането. Самиот концепт на забрана ми е туѓ. На куп места си расте див коноп и неам видено владини службеници со flammenwerfer да го уништуваат, треба некој да ги обавести :D
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
229
Поени од реакции
112
Да се објасниме малку
Џанак не е терм за уживател на марихуана.
Џанак е терм за особа која користи хероин.
Марихуаната не е Хероин.
edit:
Од марихуана не се станува зависен , тие што пушат марихуана немаат причина да разбиваат автомобили и да крадат за да купат марихуана, напушени во кола многу ретко возат брзо скоро никогаш. И забите им се чисти а дилерите ако им биле испопаѓани тоа значи дека влечеле хероин на фолија.
Уште еднаш
Марихуаната не е Хероин.
 
Последно уредено:
На врв Bottom