Дежурна Ординација! #2

Член од
13 април 2021
Мислења
3.136
Поени од реакции
10.492
Ова не ми се десило, се будам некни у понеделник болка во грб ама само од десна страна и само кај плешката. Ај викам да не сум ја подлегнал раката некако и не обрнав внимание. Следен ден болка на исто место ама сега и рамото и од надлактицата до рамото дури и при движење ме болеше по малку. Ај викам не сум се движел освен до работа и дома, да се качам до Водно неколку пати, се враќам истата болка ни појака ни послаба ама сега почнаа и показалецот и средниот прст да ми трпнат. Само на десната рака.

Едно време помислив десната рака ми беше скршена пред едно 20 години помеѓу дланката и лактот, па си викав на времето да не е, ама фати со другата рака баш во тој дел не ме боли. Едно време помислив еден заб ко да ми потекува на левата страна, пак си викам ми нема логика и не е тоа сигурно.

Почнав да гуглам симптоми, негде имаше прашања со слики кај точно те боли ги одговараш сите ваков синдром онаков синдром таа артерија онаа, па до најлоши проблеми со бели дробови. Ај викам да не пијам апчиња онака кашлам не е да сум болен па од тоа да е, сеа моментално не ме боли рамо него бицепс, а ова со трпнењево на прстиве е веќе 6ти ден. Никаква повреда немам тоа знам ама ако продолжи ова уште некој ден да идам на доктор
Почни да пиеш б витамини и магнезиум. И побарај си ртг на цервикален сегмент на рбет.
 
Член од
26 октомври 2016
Мислења
1.912
Поени од реакции
1.379
Некој да имал или познава кој имал проблем со вода во колено ? Цела МК ја свртивме по доктори сите си нагаѓаат.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
3.696
Поени од реакции
5.738
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.637
Поени од реакции
34.831
Некој да имал или познава кој имал проблем со вода во колено ? Цела МК ја свртивме по доктори сите си нагаѓаат.
...а кој тоа кажа дека имате проблем со „вода во колено“? па сите ние имаме мала количина на течност (вода, обично се состои од бели крвни зрнца, хемикалии што тие ги ослободуваат, црвени крвни зрнца и природни лубриканти) во коленото, мора нешто нели да го подмачка за да ја врши функцијата на движење без да се трие.
...е сега поради Х причини (треба да ги наведете) да речеме повреда на коленото, природната реакција на телото е да произведува течности за да го заштити, понекогаш, едноставно има премногу течност (вода) и тоа треба да се санира, односно зависи од возраста, постара особа дали има здравствени проблеми (остеоартритис, ревматоиден артритис) или прекумерна тежина или скинат лигамент 'рскавица (менискус), гихт, циста, па дури и некоја бактериска инфекција.

20140815_113202.jpg imagesуоп.jpg

...некогаш знаат веднаш да направат аспирација (со шприц да ја извлечат вишокот на течноста), но тоа треба прецизно да се одреди, да не би се направила поголема штета, па да се извлече повеќе од колку треба или пак воопшто нема дополнително вишок на течност, туку има да речеме некој тумор!

...така да со еден збор прво треба да се објасни ситуацијата со коленото т.е. да се најде причината за промена на коленото (не мора да има вишок на течност), а со тоа се одреди третманот, не знам зошто би сите доктори „нагаѓаат“ едноставно треба да се пристапи на лечење на тоа колено и да потребно е време да се санира, затоа што секое стоење на нозе и движење го оптоварува коленото во самото лечење!
 
Член од
10 март 2022
Мислења
149
Поени од реакции
185

Прегледај го приврзокот 399346 Прегледај го приврзокот 399347

И јас мислев дека имам вода, али после на мри се виде дека имам развиено фиброзни ткива постоперативно на местата на засеците. Лек за фиброза?
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.308
Поени од реакции
7.298

За фиброзата можеш во манастирот Острог да отидеш сега за божиќ.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.637
Поени од реакции
34.831
И јас мислев дека имам вода, али после на мри се виде дека имам развиено фиброзни ткива постоперативно на местата на засеците. Лек за фиброза?
...фиброза е вообичаен наод на магнетна резонанца (МРИ) по закрепнување од акутни повреди, како предиспонирачки фактор за повторна повреда (најчесто после спортски повреди), но нема докази од клиничките студии дека навистина може да биде ризик од повторна повреда, физиотерапија има улога во минимизирање на фибротични промени, но по тешка траума или дегенерација, заздравувањето на мускулите е нецелосно, што често резултира со фиброзно ткиво со намален функционален капацитет, затоа ти предложија за посета на Острог манастир кои за некои посетители чуда прави.
... подолгата имобилизација од спортска повреда има негативни ефекти, атрофија на здрави мускули, прекумерно таложење на сврзното ткиво во мускулното ткиво и доцнење во враќањето на повредената мускулна сила.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.308
Поени од реакции
7.298
...а кој тоа кажа дека имате проблем со „вода во колено“? па сите ние имаме мала количина на течност (вода, обично се состои од бели крвни зрнца, хемикалии што тие ги ослободуваат, црвени крвни зрнца и природни лубриканти) во коленото, мора нешто нели да го подмачка за да ја врши функцијата на движење без да се трие.
...е сега поради Х причини (треба да ги наведете) да речеме повреда на коленото, природната реакција на телото е да произведува течности за да го заштити, понекогаш, едноставно има премногу течност (вода) и тоа треба да се санира, односно зависи од возраста, постара особа дали има здравствени проблеми (остеоартритис, ревматоиден артритис) или прекумерна тежина или скинат лигамент 'рскавица (менискус), гихт, циста, па дури и некоја бактериска инфекција.

Прегледај го приврзокот 399346 Прегледај го приврзокот 399347

...некогаш знаат веднаш да направат аспирација (со шприц да ја извлечат вишокот на течноста), но тоа треба прецизно да се одреди, да не би се направила поголема штета, па да се извлече повеќе од колку треба или пак воопшто нема дополнително вишок на течност, туку има да речеме некој тумор!

...така да со еден збор прво треба да се објасни ситуацијата со коленото т.е. да се најде причината за промена на коленото (не мора да има вишок на течност), а со тоа се одреди третманот, не знам зошто би сите доктори „нагаѓаат“ едноставно треба да се пристапи на лечење на тоа колено и да потребно е време да се санира, затоа што секое стоење на нозе и движење го оптоварува коленото во самото лечење!
Каде ги најде сликиве од пункција на колено од некаде во четвртиот свет. Хигиената и стерилноста на пункцијава се почисти дури и во Етиопија од ова. Се надевам не се од МК.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.762
Поени од реакции
9.559
Каде ги најде сликиве од пункција на колено од некаде во четвртиот свет. Хигиената и стерилноста на пункцијава се почисти дури и во Етиопија од ова. Се надевам не се од МК.
Што им фали на сликите....оригинал наши мк услови.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.308
Поени од реакции
7.298
Што им фали на сликите....оригинал наши мк услови.
Нестерилни ракавици, немање на стерилна покривка со мал отвор колку да се изврши пункцијата, локализацијата со ултразвук е направена без стерилен гел и без притоа да се има водење на иглата под ултразвуков преглед со што ја зголемува опасноста за повредување на околно ткиво, се гледа и втор шприц каде што манипулаторот го сменил шприцот од иглата со тие нестерилни ракавици и го "заебал на страна". Друго се гледа обична игла која секако ќе повреди околно ткиво со врвот како што се дренира течноста. Иначе течноста е поприлично матна што говори дека течноста е полна со бактерии кои дошле во таа стерилна средина токму поради предходно нестручно изведена интервенција. Со еден збор, дно дна!
 
Член од
29 ноември 2014
Мислења
990
Поени од реакции
3.954
Ти стварно не си океј.
Какво време дојде да не можеш да побараш слика од кур на интернет, одма линч и направивте на Биџи. До тука ли догуравме? Пропаднавме начисто. И како нација, и како луѓе.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom