...а кој тоа кажа дека имате проблем со „вода во колено“? па сите ние имаме мала количина на течност (вода, обично се состои од бели крвни зрнца, хемикалии што тие ги ослободуваат, црвени крвни зрнца и природни лубриканти) во коленото, мора нешто нели да го подмачка за да ја врши функцијата на движење без да се трие.
...е сега поради Х причини (треба да ги наведете) да речеме повреда на коленото, природната реакција на телото е да произведува течности за да го заштити, понекогаш, едноставно има премногу течност (вода) и тоа треба да се санира, односно зависи од возраста, постара особа дали има здравствени проблеми (остеоартритис, ревматоиден артритис) или прекумерна тежина или скинат лигамент 'рскавица (менискус), гихт, циста, па дури и некоја бактериска инфекција.
Прегледај го приврзокот 399346 Прегледај го приврзокот 399347
...некогаш знаат веднаш да направат аспирација (со шприц да ја извлечат вишокот на течноста), но тоа треба прецизно да се одреди, да не би се направила поголема штета, па да се извлече повеќе од колку треба или пак воопшто нема дополнително вишок на течност, туку има да речеме некој тумор!
...така да со еден збор прво треба да се објасни ситуацијата со коленото т.е. да се најде причината за промена на коленото (не мора да има вишок на течност), а со тоа се одреди третманот, не знам зошто би сите доктори „нагаѓаат“ едноставно треба да се пристапи на лечење на тоа колено и да потребно е време да се санира, затоа што секое стоење на нозе и движење го оптоварува коленото во самото лечење!