Хелекс од 1 мг,која е максималната доза што може да се земе наеднаш? Имам проблем со несоница,а треба да возам 20 саати,нема шанси да да заспијам пред да тргнам на пат ваљда од нервоза.Дополнителен проблем ми е што а влезам у кола и почнам да возам од ми се склопат очи моментално па ми треба нешто добро да се наспијам претходно.Совет некаков? Пробав со Флузепам што се баш за спиење,ме зашемети али не заспав ич
... јас ти ја разбирам несоницата иста сум и јас, тоа не е патолошки, па ти сега ќе ја третираш со лекови или со било што, едноставно тоа си ТИ и твоето тело така реагира, ако земаш нешто дози повеќе од било што ќе бидеш мамурен како после силно пијанство и тоа повеќе ќе штети од тоа ако не си наспан.
...најчесто тие луѓе кои размислуваат (па макар и спротивно од вољата потсвесно) како ќе биде по патот, дали ќе биде све во ред, што ако се случи тоа - воа, мозокот работи турбо и затоа не може да се „опушти“ и да заспие, сите други препораки од седативи (препорачани бензодиазепини хелекс) хипнотици, само ќе те направи млитав, оти ги опушта мускулите, ќе го „смири“ мозокот, ама тоа не значи и дека ќе заспиеш, односно и да заспиеш ќе биде мачење со соништа и ќе се разбудиш полошо отколку да не си спиел.
...телото има резерви и способност да издржи (посебно кај тебе што си млад) да не спие, онака вонредна ситуација го препознава телото и мозокот не сака да спие, мој совет- е па не спиј, седи мижи онака ако треба цела ноќ и тоа е тоа, верувај сабајле иако не си спиел цела ноќ ќе испиеш едно кафе ќе бидеш многу посвеж за возење, отколку со „сила“ да спиеш со разни лекови или хербални супстанции, единствено што е најважно да пресметаш паузи во возењето не повеќе од 200 км без одмор, одмор не се прави според време на возење, туку според километража и ќе бидеш ОК.
...ваква состојба на скриена напнатост со несоница е посебна карактеристична за нефлегматични луѓе, тие што се поживи, хиперактивни како да кажам и тоа во секакви поважни ситуации (испити, судски рочишта, полагање за возачка, дејт со некоја, интервју за работа), а посебно пред патување, било да е сопствена вожња или со автобус, брод, авион без разлика, чувството е исто и несоницата пред пат е присутна!
П.С.
...лековите се за лечење на болест, а не за моментални појавени ситуации што нема врска со болест туку со карактер на човекот!
и обратно има луѓе кои реагираат со исклучување на мозокот од реалноста и желба за спиење во специфични ситуации кога треба да се будни, па што сака нека испие кофа кафе, очите ќе му се затворат, телото наредува „да се спие“!