Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Докторки знам дека добронамерно пишувате меѓутоа припазувајте малку во расфрлање на дијагнозите т.е. не размислувајте толку гласно. Вие цело време се препирате една со друга и на крај пациентот збунет. Добро е да има различни мислења не викам не, меѓутоа советите треба да бидат на пониско ниво искажани. Дебати на ниво на митохондрии обичниот човек не го интересира а вие за да се докажете кој повеќе знае често подзабегувате од главната цел.
Значи добронамерен совет ништо повеќе
Во право си. Тука без соодветна анамнеза фрчат дијагнози, лабораториски анализи најдени на google без јасна цел.

Анамнезата и клиничкиот преглед ја прават 80% од дијагнозата. Лабораторијата се користи најчесто за потврдување на работната дијагноза. Тука се пука на "слепо" и се надеваат дека ќе погодат нешто.
 
... советите треба да бидат на пониско ниво искажани.
... на колку ниско ниво?... ,,да фати дечко,,, ,,да фати лопата,, , ,,или да удира боксерска вреќа,,.?
Во право си. Тука без соодветна анамнеза фрчат дијагнози, лабораториски анализи најдени на google без јасна цел.Анамнезата и клиничкиот преглед ја прават 80% од дијагнозата. Лабораторијата се користи најчесто за потврдување на работната дијагноза. Тука се пука на "слепо" и се надеваат дека ќе погодат нешто.
... нема да коментирам, доволно да те потсетам во твој стил,, не гледај јас што правам, слушај јас што кажувам,,... и не ми е од гугл,
Не е тоа причина за појава на висок крвен притисок, болката во гради што си ја добил тогаш била најверојатно поради плеуритис причинет од банална вирусна инфекција.
Се пијат пола час пред јадење. А еластаза у столица испита?
Честитки чедо, веќе наликува ова на блага форма на пакреатитис.
Да си земеш упат за на гастро, добро си знаеш.
И без ракија еј :)
 
Последно уредено:
... на колку ниско ниво?... ,,да фати дечко,,, ,,да фати лопата,, , ,,или да удира боксерска вреќа,,.?

... нема да коментирам, доволно да те потсетам во твој стил,, не гледај јас што правам, слушај јас што кажувам,,... и не ми е од гугл,
:pos: кога ќе работиш со пациенти и ќе го чуеш нивното искуство тогаш да коментираш
 
Ај ако сака некој нека преведе што значи ова.При крај сум со ковид изолацијата.Вчера правев РТГ али матичната ми е болна и не е на работа али според дијагнозата ми кажа дека е бронхитис?

20201225_144631.jpg
 
Ми препишала Панцеф да пијам затоа прашувам пред да почнам?
Акутниот бронхитис обично е вирусен. Ама штом ти препишал лекар пиј. Може се сомнева др на бактериска инфекција.

Ти не пиеше сумамед?
 
Немам пиено ништо лекарства од кога фатив ковид.Само витамини.Али пред 10 дена сува кашлица фати да ме мачи и осеќав во гради нешто и затоа закажав РТГ.
 
Немам пиено ништо лекарства од кога фатив ковид.Само витамини.Али пред 10 дена сува кашлица фати да ме мачи пред едно 10 дена и осеќав во гради нешто и затоа закажав РТГ.
А, извини. Мислев дека кажуваше дека си пиел сумамед, па си викам зошто толку агресивна терапија.

Штом ти препишале панцеф, ќе си испиеш. Сепак тој доктор те следел од почеток.
 
Фала ти за брзите одговори.Го ценам ова :)
 
Ај ако сака некој нека преведе што значи ова.При крај сум со ковид изолацијата.Вчера правев РТГ али матичната ми е болна и не е на работа али според дијагнозата ми кажа дека е бронхитис?
Прегледај го приврзокот 278375
20201225_144631.jpg

...самиот опишан наод е даден со самата дијагноза Ј20.9 што преставува акутен „неодреден, неспецифичен“ брохитис,
ice_screenshot_20201225-164846.jpeg
Акутен бронхитис, неодреден (неспецифичен) е воспаление на бронхијалните туби кои се одговорни за внесениот воздух во белите дробови и ако навремено не се лечи може да премине во хроничен бронхитис,

...често луѓето кои се професионално или едноставно постојано дишат „загадена“ органска прашина која содржи алергени кои ете може да предизвика нарушување на имунолошкиот систем или т.н. надворешен алергиски алвеолитис, што зависно од изложеноста може да биде акутно со симптоми како кашлање, стегање на градите, главоболка, грозница и омалаксаност, при што симптомите се повлекуваат после еден ден доколку не се изложува телото на тој алерген што го предивика овој акутен алергиски алвеолитис, кај овој пациент може да има наод на РТГ, а може да нема наод, додека во хронична фаза пациентите почнуваат со подмолна кашлица, недостаток на воздух, замор со РТГ наод,

...ова во контекс дека РТГ наодите како и самата дијагноза на акутен бронхитис и тоа неодреден/неспецифичен, не може да се каже дали воспалението е од вирусно потекло па да се поврзе со коронавирусот или пак е последица од секундарна бактериска инфекција, ете може да биде сосема трета причина - надворешен фактор како алерген од органска прашина,смог, чад, нема сигурни дијагностички знаци или лабораториски тестови, така што дијагнозата на акутен бронхитис е во суштина клиничка, најважниот услов за да се исклучи е акутна пневмонија,
...затоа не е доволно само РТГ тест, туку не е на одмет и лабораториски анализи - ККС, клиничка слика, да работите станат појасни, затоа што ако овој неодреден акутен бронхитис е од вирусно или алергиско потекло, пиењето на антибиотик само ќе одмогне, а посебно денес кога сите појавени проблеми со белодробието го препишуваме на актуелниот коронавирус,
 
Последно уредено:
Прегледај го приврзокот 278396

...самиот опишан наод е даден со самата дијагноза Ј20.9 што преставува акутен „неодреден, неспецифичен“ брохитис,
Прегледај го приврзокот 278398
Акутен бронхитис, неодреден (неспецифичен) е воспаление на бронхијалните туби кои се одговорни за внесениот воздух во белите дробови и ако навремено не се лечи може да премине во хроничен бронхитис,

...често луѓето кои се професионално или едноставно постојано дишат „загадена“ органска прашина која содржи алергени кои ете може да предизвика нарушување на имунолошкиот систем или т.н. надворешен алергиски алвеолитис, што зависно од изложеноста може да биде акутно со симптоми како кашлање, стегање на градите, главоболка, грозница и омалаксаност, при што симптомите се повлекуваат после еден ден доколку не се изложува телото на тој алерген што го предивика овој акутен алергиски алвеолитис, кај овој пациент може да има наод на РТГ, а може да нема наод, додека во хронична фаза пациентите почнуваат со подмолна кашлица, недостаток на воздух, замор со РТГ наод,

...ова во контекс дека РТГ наодите како и самата дијагноза на акутен бронхитис и тоа неодреден/неспецифичен, не може да се каже дали воспалението е од вирусно потекло па да се поврзе со коронавирусот или пак е последица од секундарна бактериска инфекција, ете може да биде сосема трета причина - надворешен фактор како алерген од органска прашина,смог, чад, нема сигурни дијагностички знаци или лабораториски тестови, така што дијагнозата на акутен бронхитис е во суштина клиничка, најважниот услов за да се исклучи е акутна пневмонија,
...затоа не е доволно само РТГ тест, туку не е на одмет и лабораториски анализи - ККС, клиничка слика, да работите станат појасни, затоа што ако овој неодреден акутен бронхитис е од вирусно или алергиско потекло, пиењето на антибиотик само ќе одмогне, а посебно денес кога сите појавени проблеми со белодробието го препишуваме на актуелниот коронавирус,
Што значи B34.2
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom