Дежурна Ординација! #2

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.742
Поени од реакции
18.491
Обавезно на доктор

Дечки,ај помош!
На мајка ми ѝ застана крлеж на вратот.Не ѝ се закачи внатре.Снаа ми ѝ го тргна.
Ама,изгледа местото на вратот ѝ е малку црвено.
Дали да оди на доктор и во која болница?
Од Скопје сме.
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.269
Поени од реакции
2.025
Ако имаш миленичиња проверете некое да не има крлежи. Посебно ако имаш куче и доколку излегува надвор на тревна површина во дворот, а го чувате во домашни услови. Ако имате постојат големи шанси од нив да се пренесе.
Милениците редовно ги проверуваме,немаат.На едно место во дворот тревата е повисока,веројатно од таму ѝ рипнал.
Инаку,мајка ми отиде на доктор.Фала ви многу на сите.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.336
Поени од реакции
10.206
Милениците редовно ги проверуваме,немаат.На едно место во дворот тревата е повисока,веројатно од таму ѝ рипнал.
Инаку,мајка ми отиде на доктор.Фала ви многу на сите.
Обавести не како поминала и дали е се во ред:)
 

Ejebajgasad!!!

Фукара
Член од
4 септември 2017
Мислења
677
Поени од реакции
1.117
Милениците редовно ги проверуваме,немаат.На едно место во дворот тревата е повисока,веројатно од таму ѝ рипнал.
Инаку,мајка ми отиде на доктор.Фала ви многу на сите.

Само нека биде се во ред, нема потреба да ни се заблагодаруваш. :)
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.737
Поени од реакции
27.730
Не се појавува црвенило без причина.
Да де, имало незначаен контакт.
Инаку,мајка ми отиде на доктор.Фала ви многу на сите.
Ајде да видиме што ќе рече и ќе направи стручниот доктор.
Ќе и рече за 2 недели да провери крвна слика на која нема да има ништо.
За овие работи се оди и на инфективна, па со среќа таму.
Потрошено време за џабе.
 

Ejebajgasad!!!

Фукара
Член од
4 септември 2017
Мислења
677
Поени од реакции
1.117
Ајде да видиме што ќе рече и ќе направи стручниот доктор.
Ќе и рече за 2 недели да провери крвна слика на која нема да има ништо.
За овие работи се оди и на инфективна, па со среќа таму.
Потрошено време за џабе.
Добро бе пичка му мајчина за сите работи вака тераш инает? Те гледам и по темите за све контра идеш. А што ако ја каснал крлежот, па поради тоа подоцна има здравствени проблеми. Поубаво да отиде на доктор, отколку да мисли цело време.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.737
Поени од реакции
27.730
Добро бе пичка му мајчина за сите работи вака тераш инает?
Само за работите за кои што сум во право.
Те гледам и по темите за све контра идеш.
Кога нешто се коси со вистината, мора.
А што ако ја каснал крлежот, па поради тоа подоцна има здравствени проблеми. Поубаво да отиде на доктор, отколку да мисли цело време.
Нема да има никакви проблеми. Сега е ризично да се иде по доктори, не знам зошто тераш инает. Да не беше ситуацијава каква што е, и јас ќе речев да оди. Ама ќе повторам, за оваа работа по протокол се оди на инфективна.
 

Ejebajgasad!!!

Фукара
Член од
4 септември 2017
Мислења
677
Поени од реакции
1.117
Нема да има никакви проблеми. Сега е ризично да се иде по доктори, не знам зошто тераш инает. Да не беше ситуацијава каква што е, и јас ќе речев да оди. Ама ќе повторам, за оваа работа по протокол се оди на инфективна.
Па и ова е ризично колку што е ризично во медицинските установи поради вирусов, ама и ти не можеш да тврдиш дека нема да има проблеми . Зборувам од искуство затоа што имав случај со каснат од крлеж во семејството.
 
Член од
30 јануари 2014
Мислења
872
Поени од реакции
569
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.059
Се префрлувам во оваа тема, иако претходно (поради сомнежи) пишував во темата за коронавирусот.

Некаде во декември се вратив од шетање во Скандинавија. Стандардно си имам проблеми со синусите, па тамошниот силен ветар ме пресече. Ни две капи не помогнаа.
Кога се вратив при крај на годината, ме утепа болка кај синусиве. Некаде во јануари, почнав да имам сува кашлица и гребење во грлото. Навечер не можев да спијам од кашлање.
Проблемите со синусите ги решавав со мачкање со викс, што ми ја подобруваше состојабата. Ставав и во нос и носот ми се растекуваше.
Во меѓувреме имав промена на работно место, на позиција која бара задолжително работење на компјутер по 8 часа. Со оглед на тоа што работата ми стартува 2 часа порано од претходната, ми се смени цел биоритам.
Цел февруари го поминав како во омалаксаност, цело време ми се спиеше, очиве тешко се навикнуваа на буљање во компјутер толку долго време. Сепак, со легнување порано и спиење преку ден, имав некаков баланс.

Дотогаш, во животв немам пиено витамини и слично, ниту сум имал некоја потреба за додатоци за кревање на имунитет. Ниту кога сум бил болен, не сум пиел многу апчиња. Никогаш не пијам апчиња за глава, а и ретко ме болела, освен од синуси. Многу пешачам, физички сум релативно активен, играм фудбал, одам по планини, возам точак итн. Беше зимски период, што значи дека малку сум бил зарибан, но воглавно важам за некој што е спортски активен. Не внимавам на исхрана, но немам проблем со килограми.

Некаде во минатото, поради преголем замор, имав проблем со дишење и имав панични напади. Тоа се реши за месец дена, откако дефинитивно разграничивме дека проблемите се строго од замор и од паника. Од време на време се случувало да срипам од сон со забрзано чукање на срце, но брзо завршувала паниката. Освен бедоксин (и тоа ретко), никогаш не сум пиел апчиња за смирување.

И тогаш, доаѓа короната и целата фама.
Пишував и на друга тема дека ептен се расчитав за вирусот во периодот кога стануваше актуелен и ме погоди малку и на психа.
Точно пред месец дена кренав ниска температура, се разбудив со затнат нос и главоболка меѓу очите.
Првите три дена пиев парацетамол за симнување на температурата, но истата се движеше меѓу 37 и 37.3. Почна паниката, не можам да разграничам дали од психа или не, ама чувствував како да имам залепен шлајм на десната страна кај градите. Почнав да пијам витамин Ц, чаеви, витамин Д и еден сируп за имунитет со селен и цинк.
Константно се консултирав по телефон со матичната и со овие што се задолжени за тестирање и ми рекоа дека не сум кандидат за тестирање. Симптомите беа затнат нос, ниска температура, главоболки и омалаксаност.
Кога четвртиот ден измерив 37.5, се јавив во Жан Митрев за приватно тестирање. Напнав за резултати и уште вечерта излегтов негативен. Со оглед на тоа што недела дена немав излезено од дома, а во поголеми групи бев тек околу 6-7-8 март, кога не можев да потврдам дали сум бил во контакти со заболени, веројатно тестот беше веродостоен (односно, беше поминато доволно време од евентуално закачување на вирусот).
Наредниот ден излезе веста за младиоит дечко на кој му се распаднаа дробовите. Потоа дознав дека е најдобар другар на некои што ги познавам, кои ми кажаа дека не боледувал од ниедна болест и малку поткашлувал претходните денови. Ми влезе страв по малку, но веќе наредниот ден излегов да прошетам за прв пат.
Ме фати болка во кичмата, а нешто што за прв пат забележував беше кога ќе дувне ветер, буквално го чувствував струењето на воздухот низ телово.
Да се напиев вода, ја чувствав како ми минува низ организмов. Почна сугестивно да ме стегаат градиве.
Наредните денови температурата стоеше на истото ниво и повторно се јавија сомнежите. Никогаш не сум имал температура десетина дена, па макар што беше ниска и што докториве викаат дека некогаш и не се сметала за покачена, туку нормална (до 37.5).
Втората недела беше потешка психички. Се напнав, се усрав од случајот со младиот и буквално немав концетрација за ништо друго. Само на тоа мислев, мускуливе не свесно ми беа стегнати. Како последица на тоа почнаа болките во мускулите околу градниот кош, за уште поголем страв. Ме болеа зглобовите од потпирање на маса или прстите од држење на мобилен, до тоа дереџе бев.
Направив крвна слика и уринокултура. Крвта поцрна не можеше да биде :)
Од урината стоеше дека има бактерија и слуз, а се друго ми беше во граници на нормала. Сепак, резултатите од брисот од грло и нос, како и уринокултурата, беа негативни на бактерии. Од крвната слкика, бодеше очи само ниската седиментација - 1.
Период на паѓање во депресија, стануваш и гледаш во една точка, едвај се тераш да работиш од дома. Ќе отидам надвор, те фаќа студ. Почнаа да ме лазат морници во исто време од денот, да имам ладни бранови.
Два пати пиев дијазепам затоа што губев воздух сугестивно.
Имав проблем со нервите, ми трепереа рацете, секоја вибрација ја осеќав со засилен интензитет.
Почеток на трета недела, уште ја имав истата температура. Дознав дека и моја роднина во странство е етикетирана како позитивна на короната и симптомите ни се слични, со тоа што она има повеќе панични напади и се чувствува дека се гуши.
Третата недела веќе поинаку ми удира на психа. Очекувам дека во секој момент ќе ме стрефи срце или ќе откажат дробовите. Веќе не се разграничува дали болката е сугестива или вистинска.

Чисто да опишам што се случува. Стануваш најисцрпен на свет, енергија нула. Болка во главата, зашеметност, губиш рамнотежа, матен ти е видикот. Се осеќаш ко гомно, онака вегетираш само.
Почнав да кревам тегови по дома, да скокам на јаже, да се кревам на вратило за да се убедам дека нењмам проблем со бели дробови и уморување :D Почнаа и огромни болки во мускулите, печење. Почнав да се задишувам при пешачење по угорница, што дневно по 10000 пати ја минувам без проблем, без разлика дали со точак или пешки. Се изгубив, веќе не знаев што не ме боли, што пече, што е реално, а што сугестивно.
Направив ехо на градна коска, на срце и бубрези. Се беше добро.


Ми дадоа да пијам некои апчиња за смирување ЛУНЕРБА, а покрај витамин Ц, витамин Д, чаеви, шејкови, сируп за имунитет, почнав да пијам и магнезиум.

На крајот од третата недела, веќе се кренав психички, се убедив дека не е ништо. Дури и да сум имал некоја болест, веќе е минато и ова е последица на опаднат имунитет.
Веќе не мерам температура, но кога измерив произволно два дена, сабајле имав 36 со 8, а попладне 37. Веќе не мерам, но веројатно уште е тука некаде. Исто така, ако седев во некоја специфична позиција, кога вдишував, буквално осеќав како да ми струже кај желудникот.

Читав бајаги и се консултирав со многу луѓе, голем дел од овие работи ги предизвикува стравот и излезот од стресна ситуација.

Последнава недела стигнаа други болки. Бајаги вежбав викендов и можно е да сум сјебал нешто, ама болките беа и претходно.
За целиот период, ако спијам на страна, имав болка во градите. Неколку денови имав болки во желудник, а последниве денови имам огромни болки во кичмава.
Вкочанет врат, кој веројатно е последица на работа од дома и несоодветно наместен монитор. Болката прво беше кај бубрезите, па по цел рбет и опашката. Три дена имав голема главоболка, а сега само замаеност. На половина час, станувам и правам вежби, но не помага.
Не помага ни мачкање со викс, ни со блокмакс. При рандом шетање, почнува да ме боли кичмата во некој дел. Некогаш кај ребрата, некогаш во вратот.
Според ова што читав, може да е повреда со првиот пршлен на вратот. Проблем со атласот.

Резиме, месец дена температура околу 37 (парацетамол пиев само 3 дена).
Месец дена омалаксаност, нетипична за мене (објаснив погоре).
Месец дена носов ми е затнат. Јас дишам преку нос, но не целосно. АПСОЛУТНО НИШТО НЕ ИЗЛЕГУВА, освен крвави закоравени парчиња или лепливи мрсули, но само ако буричкаш подлабоко.
Пробав со два спреја (Аква марис и Мона Лиз) и ништо не се промени.
Главоболка меѓу очите, што алудира на проблем со синуси.
Болкии во кичмата и вратот, кои веројатно предизвикуваат замаеност.
Последниве денови имам потечна столица, дали можеби има некој контраефект од тоа што имам наведено дека пијам?
Во текот на цело ова време имам апетит, но ослабев 2-3 кила.
Во текот на периодов, осеќав како да имам заглавен шлајм, но веројатно тоа беше под сугестија, бидејќи ниту еднаш не искашлав нешто густо.
Во текот на целиот период, не можам да кажам дека сум имал кашлица.
Грлото ме болеше периодично, со тоа што болката беше кај гркланот. Ме стегале и жлездите понекогаш и минимална болка сум имал во увото, особено ако имав слушалки. Како кога ќе ми прснат ушите при летање со авион од промена на притисокот :D

Да додадам дека во февруари имав болно вадење на корен од заб. Ме болеше уште недела и кусур, ама ми ставаа лекче и некако се излечи по две-три недели. Дали би можело да настане некоја инфекција тогаш?
Дали резултатите од крвта и од брисот се доволен доказ дека немам некоја бактерија во овој дел од телото?

Со матичната веќе не мислам да се расправам, а не сакам да одам многу на испитувања во клиникиве.
Што би требало да снимам за кичмава и синусиве и каде би препорачале? Што да се направи за надминување на омлаксаноста? Можно ли е да доаѓа од некој проблем со намален вид, поради почеста работа на пц (пред 4 месеци бев на систематски, видот беше топ)?

Се почести се истражувањата дека кај помладите, короната оставала баш вакви последици врз нервен систем. Депресија и слично, каква што имав во втората недела. Ослабениот имунитет може да е резултат и на лошо лечење од некоја инфекција или пак организмот да е истоштен од борба со некој вирус или пак да е ослабен од стрес.

ЕДИТ: Измерив температура. Имам 36.2. Прв пат по месец дена одам под 36.8
Толку од муабетите дека 37 ми била нормална температура :D
Продолжение од последниот извештај :D

Кичмата ја излечив со спортување. Се вратив целосно на возење точак, пешачење, тегови и вратило по дома.
Раните кои ми се појавија позади забите, во устата, ги излечив со прополис и бетадине.

Таман се вратив во нормала, од нигде никаде, два дена по ред со голема болка во лево уво. Не можам да проценам од каде доаѓа, бидејќи не ме боли грло кога пијам ладно, ниту при јадење луто, но ме заболува некој дел позади осмицата на горна лева вилица. Болката се пренесува во вертикала, ме боли и тој дел од главата кај темето.
Лили ко болка од осмица. Осмиците ми се половично излезени, бидејќи нема многу место. Пред нрколку несеци вадев заб, ми беше расипан коренот и бев принуден да правам рендген. Му пипав на забарот да види дали нешто не е во ред со забите од таа страна, вика снимката си е добра.

Кога му кажав дека скоро 2 месеци носот ми е затнат со суви мрсули, имам спорадични болки кај очите, увото и слично, ми се изнавика зошто не сум пиел антибиотик, како можеле да не ми препишат досега.
Мерев температура, пак сум блиску до 37.

Познавате ли нешто приватно каде што можам да прегледам синуси, грло и уши?

Во спојлеров, материјалот кој скоро 2 месеци излегува од носот. Користам спреј, но ништо не помага за целодно одзатнување.
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.297
Поени од реакции
13.183
Во спојлеров, материјалот кој скоро 2 месеци излегува од носот. Користам спреј, но ништо не помага за целодно одзатнување.
мене хронично ми е затнат носот.Порано шибав и спиев/дишев на уста,али веќе 5 години сум зависен од спреј за нос.Сум пробал разни,али највеќе ми помагаат спрејовите на база на ксилометазолин.
Има у кај нас,такви само што се 0.05% ксило. и не ми помага воопште таков.А тука спрејовите со ксило. се 0.1% концентрација,и ми помага бомба!
Иначе за "материјалот" се виновни спрејовите за нос,кој ја сушат слузницата и ги масакрираат капиларите. 1000% и кај мене е иста прича!
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.030
Поени од реакции
1.149
Продолжение од последниот извештај :D

Кичмата ја излечив со спортување. Се вратив целосно на возење точак, пешачење, тегови и вратило по дома.
Раните кои ми се појавија позади забите, во устата, ги излечив со прополис и бетадине.






Што е тоа бетадине?

И колку пари чини?
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.737
Поени од реакции
27.730
@redfogv еден апдејт за мајка ти да дадеш?
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.566
Поени од реакции
5.610
Не сум целосно добар.
Од носот непрекинато вадам парчиња крв, затнат ми е горе меѓу очите. Ако лежам на грб, се зголемува притисокот во главата, кај очите.
Ова трае МЕСЕЦ дена. Значи не зборуваме за недела дена, туку МЕСЕЦ.
Не сум знаел дека психолошки може да предизвикаш болка во рбетот :D
За тие парчиња крв од носот - 99% не е ништо страшно. најверојатно се од спреј за нос/пукнат капилар. Јас сум цело време затнат и единствен спреј за нос што ми помага е Оперил за возрасни. Исто така кога сум затнат ако легнам правилно на грб и јас осеќам притисок кај очите. Затнатиот нос, константо затнатиот нос е доста заебана работа. (Не сум доктор, да не се сфатиме погрешно)

Иначе што кажа за забот, пробај види некаок провери ги забите. Многу проблеми може 1 расипан заб/корен да ти напраи.

Пробај да се опуштиш. 50% од работите што ги кажа и јас ги имам. Секој ден. Најверојатно не е ништо страшно. Со смирена глава, да се смири малце ситуацијава и ќе си отидеш детално се да си провериш... :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.059
Што е тоа бетадине?

И колку пари чини?

Вадев заб со расипан корен во февруари. Заебано вадење кое траеше час и пол.
Ми го дадоа ова за дезинфекција.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom